Во ред, со оглед на тоа дека историјата не може повеќе да се поврати и измени, како ли ти ја замислуваш користа на Македонија од САД?
Наведи конкректно кои нивни чекори ти даваат сигурност дека овојпат тие се нашите сојузници?
Независна Македонија. Доволна награда за мене.
Од распадот на Југославија до денес, независноста на Македонија е заштитена од САД. Со нашите соседи, што мислиш ќе се случи ако утре американците речат - го напуштаме Балканот, што сакате правете? За колку време мислиш ќе се здружат нашите orthodox brothers против нас?
1990 г. Македонија, Албанија и Бугарија се ставени во американска сфера на влијание.
1992 г. преговори меѓу Митцотакис и Милошевиќ за заедничка граница. Во еден друг пост изјави дека Грците биле плашливи во тој период. Во право си, на Грците им течеа лиги за Македонија, но се предомислија,
дали поради некој надворешен притисок или друга причина, не знам.
Но, Милошевиќ беше, благо речено, понепредвидлив.
1993 г. Клинтон ги распоредува првите американски војници на бившојугословенско тло, во Македонија, на границата со Србија.
Со еден збор му ја затвора границата на Милошевиќ. 300 војници, но доволно беа. СССР беше распаднат, Американците беа без конкуренција во светот. Србите ќе направеа голема грешка, ако почнеа да убиваат американски војници.
1999 г. сојузник на САД (Албанците) и сојузник на Русија (Србите) се "караат". Доаѓа САД, си ги заштитува сојузниците, ја бомбандира Србија. Албанците и одземаат територија на Србија.
2001 г. сојузник на САД (Албанците) и друг сојузник на САД (Македонците) се "караат". Доаѓа САД, ги седнува на маса, ги договара. Избегната е поширока и крвава војна. Македонија не губи територија, си останува независна. Грците, во меѓувреме, тураа масло во огнот.