Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    688
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.344
Поени од реакции
6.907
Не верувам дека ЕУ и САД ќе воведат санкции после ова. Најверојатно ќе чекаат некој конфликт од поголем размер, а за такво нешто ќе биде клучно каква ќе биде реакцијата на Украина. Моменталниве територии каде нема контрола Украина, а влегла руска војска, не верувам да бидат доволни за воена реакција. Сега најверојатно ќе преговараат, па ако не мрднат од мртва точка, Русија ќе сака да ги заземе во целост двата региони. Ипак мислам дека целта на Русија не е да ги припои овие два региони кон себе, туку да ја натера Украина да го прифати тоа што они го сакаат, минимум неутрална Украина со автономни региони, како гарант за тоа, во склоп на Украина.
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
902
Поени од реакции
3.556
Каде е НАТО да ја одбрани Украина?
Каде е США да ја одбрани украина?
Кај се санциите по кои на Русија и остануват само корења за јадење?

:icon_lol:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.496
Поени од реакции
36.454
Ова е од вчера. Монтирање на мобилна воена болница во склоп на постоечката болница во Шебекино (10 километри од украинска граница на север во близина на Харков).

 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не гледам дека некој се збуни, освен русофобите, кои бараат рчки :) Те видеото имало погрешен датум, те саатот на Шојгу покажувал погрешно, те комунизам,нацизам реторика.

Не го гледај тоа, тоа се глупости од типот на хемиското оружје на Садам, етничкото чистење на Косово или несоодветната сила на Македонските безбедносни сили... Гледај го резултатот, конечно лаењето на западот е само лаење, а карванот си врви.... Priceless..
Брко збунет ли е? Како ли он се осеќа по ова што го кажа Путин за Украина, оти ако Ленин ја креирал Украина, за Белорусија важи истото 200%.

Добро, он ваљда верува во истото, сигурно крајната цел не му е независна Белорусија, он е само прокси за да унијата која наскоро ќе се случи помине глатко и без отпор, негова амбиција е да биде губернатор на Минската губернија.
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Ние сме криви, дури се закануваше Славјанка со војска ни на памет не му доаѓаше на Путн да признава републики. Ја искаравме, се повлече и одма куршлус.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.846
Поени од реакции
26.439
Брко збунет ли е? Како ли он се осеќа по ова што го кажа Путин за Украина, оти ако Ленин ја креирал Украина, за Белорусија важи истото 200%.

Добро, он ваљда верува во истото, сигурно крајната цел не му е независна Белорусија, он е само прокси за да унијата која наскоро ќе се случи помине глатко и без отпор, негова амбиција е да биде губернатор на Минската губернија.
На Брко западот му спремаше бесилка, така да што и да мисли со Путин е барем здрав и жив. Туку и ти ли ќе му се приклучиш на Бујар Османи во осудите.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
На Брко западот му спремаше бесилка, така да што и да мисли со Путин е барем здрав и жив. Туку и ти ли ќе му се приклучиш на Бујар Османи во осудите.
Бујар е мачкина кашлица, Славјанка е ударна тупаница.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Туку и ти ли ќе му се приклучиш на Бујар Османи во осудите.
Не сум јас министер да осудувам.

Нека ги признае де, голема работа, ги признаа и Осетија и Абхазија, па не гледам дека нешто на меѓународен план се смети за тие две територии. Како што тие одамна беа изгубени за Грузија, исто и овие одамна и се изгубени на Украниа, со признание или без.

После преседанот за Косово тоа е, сам си е крив западот, јас уште 2009 кажав дека нешето признавање на Косово е лош потег, имајќи предвид дека исто такво Косово може да се создаде и на наш терен. Но ниту тогаш, а ниту сега ние сами одлучуваме за нашата меѓународна политика.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.268
Поени од реакции
22.024
На Брко западот му спремаше бесилка, така да што и да мисли со Путин е барем здрав и жив. Туку и ти ли ќе му се приклучиш на Бујар Османи во осудите.
Zatoa jas si prasav za Erdo, da ne ima nekoj promeni vo cuvstvata kaj nasite forumdjii. Naednas od los da ne se transformira vo super junak ili taka nesto, samo ete nekoj pogresno go sfatil prasanjeto.
Toa pomesanite cuvstva zaebana rabota se :sneaky:
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.344
Поени од реакции
6.907
Не сум јас министер да осудувам.

Нека ги признае де, голема работа, ги признаа и Осетија и Абхазија, па не гледам дека нешто на меѓународен план се смети за тие две територии. Како што тие одамна беа изгубени за Грузија, исто и овие одамна и се изгубени на Украниа, со признание или без.

После преседанот за Косово тоа е, сам си е крив западот, јас уште 2009 кажав дека нешето признавање на Косово е лош потег, имајќи предвид дека исто такво Косово може да се создаде и на наш терен. Но ниту тогаш, а ниту сега ние сами одлучуваме за нашата меѓународна политика.
Ние не одлучуваме дома што ќе правиме, не па да не остават меѓународна политика да тераме. И подобро, замисли Славјанка, Бујар, Груби, Самка, Зоки, овој новиов премиер и слични фаци да треба меѓународна политика да водат. За 10 минути би имале инвазија од дриги светови, универзуми.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.846
Поени од реакции
26.439
Бујар е мачкина кашлица, Славјанка е ударна тупаница.
Повеќе ми личи на ударна кугла.

Не сум јас министер да осудувам.

Нека ги признае де, голема работа, ги признаа и Осетија и Абхазија, па не гледам дека нешто на меѓународен план се смети за тие две територии. Како што тие одамна беа изгубени за Грузија, исто и овие одамна и се изгубени на Украниа, со признание или без.

После преседанот за Косово тоа е, сам си е крив западот, јас уште 2009 кажав дека нешето признавање на Косово е лош потег, имајќи предвид дека исто такво Косово може да се создаде и на наш терен. Но ниту тогаш, а ниту сега ние сами одлучуваме за нашата меѓународна политика.
Нашето признавање или непризнавање на Косово во ништо нема да го смени тоа што би се случило, доколку тоа се случи од позиција на сила. И пред Косово немаше таков преседан, па сепак се случи. И за уцената за промена на името на Македонија немаше преседан и беше директно против основната повелба на Обединетите нации, па сепак се случи.

Дечко, кај што има сила нема правдина. Витештвото постоело само во приказните.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom