Не сум експерт за геополитика ама едно знам, не дај боже да се најдеш на средина на мерење сила или во зона на интерес. Меѓу нив нема куршум да прелета а тебе има така да те испржат и на крај ќе си седнат ќе си се договорат а ти ќе си чадиш како пиле од ражен извадено.
Тоа во последниве 50 години е константа.
Али Украина сама се подметнува да биде терен каде САД и Русија ќе си ги мерат. Така добро им го смести САД уште пред 10-тина години, кога легално избран претседател, им го сменија со тако звана револуција, затоа што бил про руски и корумпиран. Таа козата америчка им шеташе таму низ протестантите, им делеше сендвичи и вода, а во околните згради им смести грузијци кои после некој ден пукаа и ги убиваа тие исти протестанти, а за тоа ја окривија полицијата. Си ја постигнаа тогаш целта, ја поделија Украина, два блиски, братски народи ги донесоа на нож. Нормално е русите во таква ситуација да се чувствуваат загрозени, де факто и беа. Е сега кога сите вруваа дека Зеленски ќе биде човекот кој ќе ја смири ситуацијата, конечно и укранинците и русите во Укранина ќе почнат да мислат на не некое сега помирување, али бар на нормализирање на односите, овој испадна тројански коњ на САД и Британија. Јасно терајќи ја Украина кон НАТО, кое и покрај договорот за не ширење кон исток, дојдоа до руска граница, и покрај договорот од Минск, они константно го кршат, со амин од запад. Не дека Русија и Путин се цвеќе за мирисање. И они си гледаат интерес нивни, само што нивниот интерес не е да ја обиколат Британија и САД со нивно оружје, да ги искористат државите на пример Мексико, Канада, Ирска, Франција, Германија, околу како топовско месо и жив штит.
Ситуацијата во Украина може лесно да се смири и стабилизира. Укранина да си се прогласи за воено неутрална, може да си се насочи кон ЕУ и да се приклучи. Проблемот е што на некој таму преку цел океан таква ситуација не му одговара, туку му одговара Русија да се држи на раб на конфликт, а кога ќе затреба и еакалација, а која држава е подобра од 40 милионска Украина за такво нешто. Затоа и во наредните години ќе им бираат политичари кои ќе ги држат во тензија и на раб на конфликт, а далеку од каков било европски просперитет и ЕУ, пошто пола Украина ќе им се одсели.
Тек допрва ќе им стигаат сметките на украинците за наплата од Запад, а последиците од таквите сметки може да се видат многу добро во многу држави на секаде низ светов.
Не ми е целта да ја бранам Русија, милам дека и они да ја достигнат моќта на САД ќе бидат исти ама во ситуацијава Украина е поголемиот кривец. Не можеш при големо руско малцинство, пола народ ти зборува на руски, делиш граница и заедничка историја, ти са се ставиш на страна на САД, а против Русија и да очекуваш дека русинот тоа ќе го прифати и ќе си преќути. Тоа ти е ко Босна при евентуален конфликт (не мора да е воен) помеѓу Србија или Хрватска и некоја азиска, јужно америчка земја, да се стави на страна на другиве.