Кои сфери на влијание кога НАТО е на 100 километра од Санкт Петерсбург. Влијанието во Европа завршува со Минск и Србија од немајкаде што мора да соработува со Русија и при договор за Косово ќе си фати патот.
Проста е работата, тука у соседнава зграда имам комшија што со сите комшии е на нож и е скаран. Сите знаеме кај е проблемот, оти не може со секој да си скаран и ти цело веме да си во право.
Русија направи војна во Грузија и отцепи територија, направи инвазија во Украина и анектира територија, моментално држи окупирана територија со војска во Молдавија. Има непријателски комшиски односи со: Финска, Шведска, Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Украина и Грузија. Да не ги броиме останатите од европа. Азерите не ги сакаат ама мораат да играат политика, Казакстанците не ги сакаат ама мора да играат политика, Ерменците ги оставија на цедило.
Сеа што се убедуваме тука, цел комшилук е лош ама ти си добриот? Со право сакаат да се зачленат во други сојузи зашо Русија има track record на комшиско насилство.