jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.498
- Поени од реакции
- 27.317
Авдиевка, Маринка, Бахмут и конечно Угледар. Според мене овие беа најутврдените градови до сега, што им застанаа на патот на Русите. Гледаме Торецк падна многу бргу иако не е баш мал град, скоро колку Бахмут е. За кратко време Русија од Авдивка, дојде до Покровск, што е 40 километри. Од Доњецк останува уште Покровск, Константиновка, Славјанск и Крематорск. Следно ќе биде Запорожје, па после Керсон. Како иде времето офанзивата ќе биде сe поголема и побрза. Мислам дека нема да застанат тука Русите. Чим одат накај Купијанск, ќе одат и на Каркив. А не ми се верува и дека Каркив ќе им биде последна дестинација.
Прашање на време е кога Украина ќе колабрира целосно, пошто се помалку и помалку помош добива. Договорен состанок за Украина во Рамштајн, Американците го избегнаа. Сега ќе ја видиме на дело Украинската пожртвуваност и воља за војна со Русија. Се на се, ова се покажа доста скапа војна за САД и НАТО. И се виде дека НАТО не е способен за долготрајна конвенционална војна со достоен противник, пошто реално ова беше војна помеѓу НАТО и Русија, сега одкако НАТО ја напушти Украина, војнава продолжува да биде помеѓу Украина и Русија. Во ваква една ситуација, насанкани во непотребна крвава братоубиствена војна, оставени на цедило, незнам баш дали Русија доби непријател или западот, ќе покаже време. Но јас сеуште стојам на ставот дека во следната војна (многу веројатно Молдавија), Украинците рамо до рамо со Чеченците ќе бидат најборбените во Руските редови.