На Русија и треба Европа пошто знае дека од Кинез нема полош стопан и/или бизнис партнер. Така во нормални услови во 10 од 10 случаеви Русија секога повеќе ќе ја избере Европа за економски партнер него ли Кина.
Американците у најважниот моментум ги оставија украинците на цедило со неиспраќање ништо пола година, а магацините им седат фул со оружје спремно за отпис. Зашто е тоа така си знае сенилниот Бајден и тие околу него.
Генерално Украина ја изгуби војнава лани кога имаа неуспешна контраофанзива проследена со 6 месечен бојкот од западот за достава на оружје. Сеа ќе се подјебаваат за некоја нива уште некое време и ќе ги седнат да потпишат договор, а у замена ќе се дигне пак железна завеса. Кој ќе ќари од тоа појма немам.
Едина непозната е Трамп што ќе направи зимава. Он ќе мора одма да пресече, или ќе потпишат одма договор по диктат на Русија, или ќе иде all in. Статус кво тешко дека ќе тера.
Уште на почетокот на војнава реков дека Русија би била иста ко Америка, да ја има нејзината економска моќ. Во ваква ситуација, максимумот што можат да го бараат е некој мултиполарен свет, што е секако подобро од моменталнава ситуација, каде еден (САД) мисли дека може и има право на секоја точка на планетава да прави што сака, да убива, да менува влади, да краде, под изговор дека носи демократија. Од друга страна кинезот ако дојде во сегашната позиција на САД, мислам дека ќе бидат бар 100 пати полоши.
Тоа што амерот ја оставил Украина на цедило во најбитниот момент, не треба никого да го чуди. Тоа е веќе видена приказна.
Украина војнава ја има изгубено уште од сам старт. Не постои опција во која Украина може да каже дека излегла како победник. Почни од тоа дена имаат трајно иселени околу 10 милиони. Преку 300-400 илјади (бар по некои бројки кои се вртат) погинати, пута два од тоа повредени. Уништена земја, која секако ќе мора да ги враќа долговите на западот, кои сега ги добиваат како помош. Никад у историја западот не давал на вересија, не поклонувал. Како ќе ги враќаат сите тие милијарди? Претпоставувам ќе им земат и земјиште и реки, и природни богатства. Се што ќе можат да го претворат во бизнис, да го уновчат, ќе им го земат, ќе им го приватизираат. Не е искчучена опција некои други земји ко Полска да добијат на поклон одреден дел од територијата.
Онаа контраофанзива е најглупото нешто што можеше Украина, под дикртат на западот да го направи. Не ме јеби, ја најавуваа со видеа, ја рекламираа, мислиш за филм се работи. Усвари беше и филм, кој требаше да им се продаде на европјаните и америте, да се оправдаат парите кои од нивните џепови одеа за Украина. Изгореа илјадници луѓе и опрема за филм за перење мозок. Иначе имаше некаде официјални бројки од милијардиве што идат за помош за Украина, на крај некаде од тие милијарди, само третина завршува во Украина, а после и оружјето голем дел оди на црн пазар.
Трамп ако победи, претпоставувам дека ќе ги притисне да потпишат што и да им се понуди и тоа е тоа.
Иначе гледам последниве страни се води расправа како САД (западот) не си го трошеле конвенцијаното оружје, давале старо на Украина, а Русија си го торшела. Што е реално, така. Е сега, ваков муабет е у сам старт глуп, ај да речам погрешен. Прво, не верувам дека би дошло некогаш до директна војна меѓу САД и Русија. Ама, да речеме дека и би дошло, пошто се поненормални се политичариве, тоа конвенцијално оружје нема да има никаква улога. Ако дојде до таков судар, скраја било, ќе се летаат нуклеарки од двете страни. Тоа и би било крајот на светов каков го знаеме. Така да колку тенкови, пушки, авиони, борбени возила ќе има САД или Русија, нема да игра некоја улога.