Се согласувам со тебе злосторници са кон човештвото и двајцата, дури се зачудив на одговорот вообичаено во Македонија се слават комунистите како херој.
Украинците беа измамени како во втората светска војна дека ќе успеат да се одмаздат на Русија а тоа нема да се случи и Путин излезе глуп дека игра нивната игра и си ги цапа рацете, да беше почнал економската војна во самиот почеток сега Сад ке беа губитника.
Едно е да ги величиш партизаните, кои се бореле против фашизмот - а и не биле баш сите партизани комунисти, а друго е да ги величиш комунистите кои владееле со Југославија од 1945 до 1990 година.
Бандера бил уапсен од нацистите по окупацијата.
Се залагал за независна и чиста Украина, бил противник и на фашистите и на советите. Е сега тоа што се залагал за чиста Ураина го прави нацист во одредена мера, но дефинитивно не бил соработник на фашистичка Германија.
Не бил соработник на Нацистичка Германија бидејќи нацистите не го сакале за соработник, но пред да биде уапсен, не му претставувало никаков проблем да прогласи независна украинска држава после нападот на Нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941, а неговите борци ги пречекувале нацистите како пријатели и ослободители - се до апсењето на Бандера, се разбира.
И не заборавај дека нацистите го ослободиле Бандера во 1944 година и го сместиле во Берлин, со надеж дека ќе може да им биде од корист доколку успее да организира отпор против комунистичките власти во Советскиот Сојуз, што би им помогнало на нацистите во поткопување на советската одбрана во Втората Светска Војна.
Во отприлика истиот овој временски период, нацистите му дале амин и на Иван Михаилов за да формира македонска држава која би била дел од воената коалиција на Оската.
И исто како што нацистите задоцниле едно 3 години во Македонија за да прифатат формирање на независна македонска држава на чело со Михаилов, така задоцниле 3 години и во Украина за да прифатат формирање на независна украинска држава на чело со Бандера.
Соработниците и соучесниците на нацистите остануваат соработници и соучесници на нацистите и како такви се воени злосторници, без разлика колку ги оправдуваш или не ги оправдуваш нивните постапки.