Русија веќе го проби дното во 90-тите така да преглупо е да се каже дека ова било последен крик на умирачка империја. Баш напротив, победата во Сирија и војнава во Украина се доказ дека Русија се враќа како фактор во светот. Далеку од СССР ама сепак топ 3.
Шутраци како Меркел и Оланд јавно се фалат како ја превеслале Русија со Минските договори, значи воопшто не ги сметале за еднаков противник. Во стил на "кој ѓаол си ти да имаш црвени линии пијандуро стара". Дури и кога влегоа воено во Украина западот одби преговори мислејќи дека ќе ја скршат тотално Русија.
Меѓутоа Русија го издржи економскиот удар, ги удри темелите на новиот свет, и е на праг да ја добие војната.
На Америка никој не смееше да и писне пред 24.02.2022, убедливо број 1 сила. Повеќе од очигледно е дека тоа не е повеќе така. Мала работа ли е да се изгуби овој статус?
ЕУ па да не зборам, комплетно се небитни во светот, никој не ги ферма два посто, им остана да се силат само на северни бановини.
Зборам за политичко влијание во светот, иначе нормално дека просечниот граѓанин на ЕУ и САД е побогат и така ќе остане, но не значи дека другите нема да продолжат да ги стигаат.
Кина најголем победник сега за сега.