Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    757
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Чеченци во донбас: Го спасуваат Православието во името на Алах

http://infomax.mk/wp/?p=20875
На армијата на Доњецката Народна Република и се приклучија 300 доброволци од чеченија, муслимани од кои поголемиот дел се екс-специјалци, а речиси сите веќе учествувале во воени активности.
Погледнете го прилогот на руската телевизија РусВесна за чеченските муслимани кои во името на Алах се борат за одбрана на православието!

Ова е за пофалба! Да ставиш асли муслиман во таков колосек бранејќи го Православието да се бори за Господ. Иако пишува добороволци не верувам дека не се платени, во секој случај редок и извонреден успех.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499

Абе претходниот коментар требаше да има поинаков ефект, не знам зошто не делуе на тебе :eek:

Дечкото барајќи религиозна врска со читателите на форумов се обидува да воспостави против аргумент, поминувајќи го религиозниот момент кога Украински националисти се бореа на страна на џихадистите во Кавказот против Русите пред едно 15-20 години.

Некои членови овде се потенцијални сценаристи за Сиенен.
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.523
Поени од реакции
1.927
Интересно како истите тие џихадисти меѓу кои Кадировци дур се бореа против Русите се оквалификувани како џихадисти и терористи, а после кога ја сменија страната(за пари нормално) се величаат како антифашисти и заштитници на руско население во Украина.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Интересно како истите тие џихадисти меѓу кои Кадировци дур се бореа против Русите се оквалификувани како џихадисти и терористи, а после кога ја сменија страната(за пари нормално) се величаат како антифашисти и заштитници на руско население во Украина.
И така во недоглед со “интересни“ заклучоци кои се многу далеку од реалноста. :)
Сфативме веќе која е поентата на муабетов кој се обидувате да го истерате, но кога веќе сте почнале да раскажувате кој каков бил или кажете ја целата приказната и премолчете ја целата.
Дел од чеченските џихадисти војува и сега на украинска страна, а другиот дел на руска.

Ова е нивната дамнешна поделба од војната во Чеченија.

А военото сојузништво меѓу нацистите и исламистите почнало уште во Втора Светска Војна, симптоматично но исто така при походот против Русија.
Тогаш рамо до рамо со Украинските нацисти од УНА-УНСО , се бореа и босански муслимани од 13-та СС дивизија “Ханџар“, албанските муслимани од 21-та СС дивизија “Скендербег“ и хрватско-херцеговачките муслимани од 23-та дивизија “Кама“. Финото друштво пак се собрало.

Четиво за лека ноќ:
Friendly fascism: the new face of power in America

Од америчката кујна:

Лидер "Аль-Каиды" призвал мусульман Украины к джихаду против России
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.546
Поени од реакции
18.584
Можеш да ни дадеш линкови до информации дека чеченци во моментов се борат на украинска страна?
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.523
Поени од реакции
1.927
И така во недоглед со “интересни“ заклучоци кои се многу далеку од реалноста. :)
Сфативме веќе која е поентата на муабетов кој се обидувате да го истерате, но кога веќе сте почнале да раскажувате кој каков бил или кажете ја целата приказната и премолчете ја целата.
Дел од чеченските џихадисти војува и сега на украинска страна, а другиот дел на руска.

Ова е нивната дамнешна поделба од војната во Чеченија.

А военото сојузништво меѓу нацистите и исламистите почнало уште во Втора Светска Војна, симптоматично но исто така при походот против Русија.
Тогаш рамо до рамо со Украинските нацисти од УНА-УНСО , се бореа и босански муслимани од 13-та СС дивизија “Ханџар“, албанските муслимани од 21-та СС дивизија “Скендербег“ и хрватско-херцеговачките муслимани од 23-та дивизија “Кама“. Финото друштво пак се собрало.

Четиво за лека ноќ:
Friendly fascism: the new face of power in America

Од америчката кујна:
Лидер "Аль-Каиды" призвал мусульман Украины к джихаду против России
Пропагандата за фашизам не ти пали поготово сега после изборите кога се виде кој колку гласови има освоено во парламентот. На Крим немаше ни ф од фашизам, па Русија изврши аншлус.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.558
Поени од реакции
14.566
Многу просто се гледа која е крајната цел во целата ситуација настана во Украиана.
Едната страна макторпно работеше на преговори и проблемите да се решат на маса.
Другата страна дури и кога е време на мир, настојува кон нови санкции и изгласува резолуции за достава на оружје.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
И така во недоглед со “интересни“ заклучоци кои се многу далеку од реалноста. :)
Сфативме веќе која е поентата на муабетов кој се обидувате да го истерате, но кога веќе сте почнале да раскажувате кој каков бил или кажете ја целата приказната и премолчете ја целата.
Дел од чеченските џихадисти војува и сега на украинска страна, а другиот дел на руска.

Ова е нивната дамнешна поделба од војната во Чеченија.

А военото сојузништво меѓу нацистите и исламистите почнало уште во Втора Светска Војна, симптоматично но исто така при походот против Русија.
Тогаш рамо до рамо со Украинските нацисти од УНА-УНСО , се бореа и босански муслимани од 13-та СС дивизија “Ханџар“, албанските муслимани од 21-та СС дивизија “Скендербег“ и хрватско-херцеговачките муслимани од 23-та дивизија “Кама“. Финото друштво пак се собрало.

Четиво за лека ноќ:
Friendly fascism: the new face of power in America

Од америчката кујна:
Лидер "Аль-Каиды" призвал мусульман Украины к джихаду против России
И сепак е интересно, како Русија е толкав симбол за антифашизмот денес, а добива поддршка од скоро сите крајно десничарски и неофашистички партии во Европа и српски неонацисти се борат на нејзина страна. Јобик (Унгарија), Атака (Бугарија), Златна Зора (Грција), НПД (Германија), Ле Пен (Франција)... Членови на овие партии беа набљудувачи на референдумите во Донецк и Крим. Сигурен сум дека поддршката е взаемна.

Исто во историскиот осврт за тоа кој со кого се борел во минатото, заборави да истакнеш дека и русите се бореле заедно со нацистите кога им одговарало. Едно време дури пријателски и здружно ја окупирале Полска.

Заборави и да спомнеш дека руски доброволци се бореле рамо до рамо со српските четници во времето кога Македонија била распарчена на 3 дела.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Пропагандата за фашизам не ти пали поготово сега после изборите кога се виде кој колку гласови има освоено во парламентот. На Крим немаше ни ф од фашизам, па Русија изврши аншлус.
Не постои начин да се прикрие фашистичката позадина на превратот во Украина, без разлика кој ќе биде на власт.

А легитимитетот на фашистите во Украина не им го дадов јас, туку американските државници на нивните митинзи. Не е пропаганда истакнувањето на голата вистина, нешто за кое сведочат слики и видеа.

Згора на тоа веќе неколку пати го постирав декласицифираниот документ на ЦИА после 2 С.В. за искористувањето на нацистичките организации во Украина.

“Како што за угледниот американски весник изјавил Ерик Лихтблау, авторот на книгата „Нацисти во соседството: Како Америка стана безбедно засолниште за луѓето на Хитлер“, американските разузнавачки агенции во поранешните нацисти и нивните разузнавачки информации гледале „значителен антисоветски капитал“ и затоа во педесеттите години од минатиот век активно ги регрутирале.

Тие веруваа дека вредноста на разузнавачките податоци на поранешните нацисти за Русите ги надминуваат сите ‘морални дилеми’ поврзани со нивното служење во Третиот рајх“, истакнува авторот. “
http://www.mkd.mk/svet/vesti/cia-shtitela-1000-nacisti-po-1945

http://www.nytimes.com/2014/10/27/us/in-cold-war-us-spy-agencies-used-1000-nazis.html?_r=0

The Origins of CIA's relationship with Ukrainian Nationalists
http://www.foia.cia.gov/sites/default/files/document_conversions/1705143/STUDIES IN INTELLIGENCE NAZI - RELATED ARTICLES_0015.pdf

Ова е официјален декласификуван ЦИА документ кој ги опишува тајните операции на ЦИА после втората светска војна во советските републики за создавање на ултра-националистички движења за отпор на “советската окупација“, директно соработувајќи со нацистичките колаборанти.

Знам дека не ви е лесно да проголтате што индиректно се ставате на страна на декларирани фашисти, но тоа е ваш проблем и јас немам намера да отстапам да го потенцирам секогаш кога ќе видам некакво квази-демократско просеравање.[DOUBLEPOST=1418603565][/DOUBLEPOST]
И сепак е интересно, како Русија е толкав симбол за антифашизмот денес, а добива поддршка од скоро сите крајно десничарски и неофашистички партии во Европа и српски неонацисти се борат на нејзина страна. Јобик (Унгарија), Атака (Бугарија), Златна Зора (Грција), НПД (Германија), Ле Пен (Франција)... Членови на овие партии беа набљудувачи на референдумите во Донецк и Крим. Сигурен сум дека поддршката е взаемна.

Исто во историскиот осврт за тоа кој со кого се борел во минатото, заборави да истакнеш дека и русите се бореле заедно со нацистите кога им одговарало. Едно време дури пријателски и здружно ја окупирале Полска.

Заборави и да спомнеш дека руски доброволци се бореле рамо до рамо со српските четници во времето кога Македонија била распарчена на 3 дела.
Тоа што била Русија(СССР) во минатото не значи дека е рефлексија на сегашноста, како што Германија денес не истата од времето на Хитлер.

Такви спинови со шпекулативно гледање на кафе и толкување на нечии туѓи интереси, преку дополнително вмешување погрешни поистоветувања меѓу десни партии со нацисти, нема да го елиминира погоре приложеното од мене и од редица западни автори.

НАТО операцијата под псевдонимот “Гладио“ е сеуште најдобар показател за валканата пропаганда на западот.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Тоа што била Русија(СССР) во минатото не значи дека е рефлексија на сегашноста, како што Германија денес не истата од времето на Хитлер.

Такви спинови со шпекулативно гледање на кафе и толкување на нечии туѓи интереси, преку дополнително вмешување погрешни поистоветувања меѓу десни партии со нацисти, нема да го елиминира погоре приложеното од мене и од редица западни автори.

НАТО операцијата под псевдонимот “Гладио“ е сеуште најдобар показател за валканата пропаганда на западот.
Ама чекај сега, кога треба да се потенцираат добрите работи на СССР, на пример дека се бореле против нацизмот, тогаш СССР е Русија т.е тоа е руска заслуга, иако 1.5 милиони Украинци загинале во борба, ама кој ги ебе нив, русите ја ослободија Европа и се симбол за антифашизам. А кога ќе се истакнат лошите страни (империјализам, масовни депортации, Холодомор) тогаш СССР не е Русија т.е јас не сум од овде, бев в подрум. Одлучете се еднаш, е или не е?

Ова е типична руска дволична игра. Ги присвоија најдобрите заслуги и бенефиции од СССР, сите олимписки и светски медали, згради на амбасади, воени победи, а кога ќе им се спомне дека цела источна Европа ги мрази поради советскиот империјализам, милионите убиени и затворени во Сибир, е тогаш не бевме ние, тоа беше СССР.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom