Да се надеваме дека нема, ама никој не не прашува нас, или Украинците (народот) или кој било.
Фундаментално ништо нема да смени оружјето. Русија евентуално ќе победи. Единствената цел е да ја направат војната скапа за Русија.
Јас неможам да им ја разберам целта на САД против Русија.
Можеа и те како да ја инкомпорираат во Западниот свет.
Русија, Белорусија, Украина, Грузија па и Азербеџан и Ерменија се повеќе блиски до западот него до Азија.
Широка Европа, како партнер на САД.
Ама не тоа каубојското и испрдоците од студената војна, фосилите кои ј цицаат САД се активираа.
Ете скапа ја направија војната за Русија, ама скап го направија животот за сите во западната хемисфера.
Што добија за возврат? Русија ќе го модернизира уште повеќе нуклеарниот потенцијал. Со тоа што веројатно и други земји ќе го следат.
Ќе почнат пак со нуклеарни тестови.
Мене све ова ми е нелогично за една земја, која е број еден во светот. Ваква слепа политика да води. Се надеваа дека после санкциите Русија ќе доживее нови 90ти.
Ама ја промашија сосема. Тоа говори дека немаат никаков реален преглед за економијата на Русија, ниту пак реална проценка на социо-економските прилики во земјата. Веројатно се должи на неспособни поединци кои им се во тоа тинктенковите и другите служби а одговорни за проектирање и менаџирање на политиките.
Друго било во време на студената војна кога кадрите биле и те како потковани, сега све инстаграм и онлифанс профил на кадри. Резултат разорна политика како на Блискиот Исток така и во Азија/Европа.
Штета што Ј.Кореа и Јапонија се под окупација на САД. Без нив ќе се сликаа и во Азија.
Едино што добија е прекин на енергенсите од Русија во Еу и економската размена меѓу нив во поглед на техника.
Енергенсите секако ќе продолжат преку трети страни, и техника исто во Русија преку трети страни.
Ај отидов оффтопик.
Следува изборна сезона од фебруари во САД. Не дека ќе им се измени политиката после тоа. Ама ќе ја турат на пауза малце, што веќе им е јасно на Украинците.