- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.786
- Поени од реакции
- 36.797
Привремено примирје и оди многу повеќе во корист на Русија од повеќе причини. Прво, ќе може без притисок да спроведат суштински реформи и реорганизацијата во војската, да оценат кај погрешиле и што да се смени. И ќе имаат непрекинато време да го спроведат тоа. Второ, ќе имаат прилика да работат на прилагодување на производствениот процес на оружја и да ги зголемат производствените капацитети а со тоа и да акумулираат повеќе оружје. Трето, дипломатијата ќе го искористи смирувањето на примирјето да поработи на подобрување на ситуацијата да отвори нови канали на соработка, да подобри односи и слично. Потенцијално ќе успеат да отворат back doors кои ќе ги бајпасираат санкциите. И четврто можеби и најбитно, со примирје војната во Украина кај западните медиуми се сели од насловната страница, на страна број 3 или 4. А со тоа опаѓа и поддршката од тамошните граѓани и политичкиот естаблишмент кој ќе си брка други приоритети. Тоа потенцијално значи дека поддршката во пари и оружје може значително да се намали, а тоа за Украина ќе биде фатално.Воопшто не се сложувам, ова моментално им одговара на Русите, Украина да продолжи да праѓа да гинат војници и да губат возила додека они ги гаѓаат со се што имаат. Со примирје ќе се регрупира и Украина и западните поддржувачи, РФ не смеат да дозволат Украинците и НАТО да фатат здив, доколку не напредуваат тогаш нека не ги оставаат на мир, нека ги гаѓаат така додека нешто не се смени.
Во однос на завршеток на војната, зошто има временско ограничување, да не делат награди ако заврши до сепрември? Империска Германија во ПСВ не загуби метар територија во Европа па пак си седнаа во вовчето да потпишат договор.
Исто и ова, интересно како Украина и пријатели поставуваа услови за почеток на преговори за примирје, број 1 - Русија мора да ја напушти цела територија на Украина и под број 2 - Путин мора да си замине од власт. Сега изгледа не им пречат овие ситници.
Автоматски споено мислење:
Јас имам впечаток дека на запад никој освен неколку маргинални гласови не збори за потенцијален мир. Цел камарила политичари околу Бајден само збори за што се треба да и се прати на Украина за да се бори. Никој ни да гукне за мир во клучните западни земји. Знаат дека преголема е добивката за тоа што го плаќаат.Мислам дека и 5 години на Русите не им се долгорочно планирање. Не знам зошто се инсистира особено по западни медиуми дека војната мора да заврши за брзо.
Последно уредено: