Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    744
Член од
9 јуни 2009
Мислења
194
Поени од реакции
78
Какви се тие цивили што отвараат оган од снајпери и рпг и сл.?:tapp: За гранатирање во Чеченија цели стамбени блокови беа срамнети со земја, ова ништо не е во споредба со Чеченија.
Нацисти ли беа граничарите што загинаа пред некоја недела од сепаратистите или војниците што како партал ги исфрлаа од воените бази во Крим.?
Колку што знам, на Крим загинаа двајца - еден украински војник и еден од сепаратистите.

А колку цивили изгинаа на улиците на Одеса и Мариупол? Нели имаше и тогаш примирја и разни лаги од киевската хунта? Еден куп видеа има за тоа.
Туку, ај. Гледам оти си четврти по ред кому не му оди да биде адвокат на ѓаволот.[DOUBLEPOST=1403712326][/DOUBLEPOST]25-06-2014, Нова Македонија

Македонска кројка за Украина




















Младиот политиколог Благојче Атанасовски неодамна истражуваше на темата „Односот на големите сили кон Македонија во 19 век“ и дојде до многу интересни сознанија. Според него, тоа што се случувало со Македонија во 1870-тите на повеќе начини е пресликано во денешните случувања во Украина





Eкспертска анализа

Кога една држава или територија ја има судбината да биде во тампон-зоната меѓу интересите на две или на повеќе големи сили, вечно се одржува во статус кво, во кое не натежнува ниту кон едната ниту кон другата страна. Од тие земји никој не се откажува, но истовремено ретко некој се решава целосно да ги земе во својата сфера на влијание, бидејќи тоа носи ризик од нарушување на постигнатиот баланс и од голем конфликт.

Ова е заклучокот на младиот политиколог Благојче Атанасовски, кој магистрира на темата „Односот на големите сили кон Македонија во 19 век“. Според него, тоа што се случувало со Македонија во 1870-тите на повеќе начини е пресликано во денешните случувања во Украина. Тоа се места што сите ги сакале, но никој не ги сакал по секоја цена. Секое нарушување на нивното статус кво, секој обид да се привлечат само кон една страна, неминовно произведувал судири меѓу двете сили.

ИСТОРИСКОТО МАКЕДОНСКО ПРАШАЊЕ

Познато е дека седумдесеттите години од 19 век биле многу бурно време на Балканот, познато како источна криза. Три востанија ја распламтиле кризата, во Босна во 1876 година, во Бугарија во 1878 година и Разловечкото во 1878 година. Целта им била слична, да се сврти вниманието на големите сили врз прашањето за поробените народи под Отоманската Империја.

Но, како што вели Атанасовски, нивното внимание се привлекувало само преку нивниот државен интерес. Тој потсетува дека во 1876 година се одржала Рајштатската спогодба меѓу рускиот император Александар Втори и австроунгарскиот министер за надворешни работи Андраши, двете империи што најмногу се судирале околу Балканот. Договорот меѓу нив бил едноставен, да се поделат сферите на влијание. Бугарија да биде под влијание на Русија, а Македонија да добие автономија и да биде во тесна царинска унија со Австро-Унгарија. Но Руската Империја проценила дека тоа не е доволно избалансирано, па затоа во 1877 година тргнала во војна со слабата Отоманска Империја и ја создала Санстефанска Бугарија, огромна држава за балканските услови, со над 200.000 квадратни километри, која одела до Охрид и до Корча, до Ниш и до Пирот, како и до Егејско Море. Со тоа целосно се нарушил балансот, па големите сили од Западот го свикале Берлинскиот конгрес, за да го ревидираат Санстефанскиот договор, бидејќи со него, додава Атанасовски, се реализирале само руските хегемонистички интереси. Руската Империја, вели тој, знаела дека е премоќна за Отоманската, но дека не може да им се спротивстави на западните сили и затоа прифатила да се ревидира договорот.
Конгресот се одржувал од 13 јуни до 13 јули, значи во овој период пред 136 години, а го водел германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. Одлуките од него се познати. Била признаена независноста на Србија и на Црна Гора, Босна ѝ припаднала на Австро-Унгарија, Бугарија се поделила на две кнежевства (автономна Бугарија и Источна Румелија). По нешто за Западот и за Истокот, за да се врати рамнотежата. Но од Македонија ниту некој сакал да се откаже, ниту го прифаќал ризикот да ја преземе целосно. Затоа било одлучено да се продолжи нејзиното статус кво и да ѝ се врати на Отоманската Империја. Типична судбина на држава во тампон-зоната меѓу интересите на големите, коментира Атанасовски.
- Поради централната стратегиска положба на Балканскиот Полуостров, Македонија ги преклопувала интересите на двете најзаинтересирани големи сили за решавање на источното прашање. Таа претставувала судир на нивните интереси. Поради тоа останала како нерешено национално прашање - вели тој.

ДЕНЕШНОТО УКРАИНСКО ПРАШАЊЕ

Време е за враќање во иднината, во 21 век, кога под поимот источна или источноевропска криза се подразбираат случувањата во Украина. А тука, како што објаснува Атанасовски, може да се види дека 19 век и неговите политики воопшто не завршиле, само се смениле методите со кои тие се спроведуваат.
- По падот на комунизмот се воспостави нова рамнотежа на силите во тој дел од светот. Полска како голема земја се сврте кон Западот, веќе е членка и на ЕУ и на НАТО, по аналогија на припојувањето на Босна кон Австро-Унгарија. Белорусија на Лукашенко никој не ја чепка и таа останува независна, но во многу тесна врска со Москва, што значи ја има улогата на Бугарија од 1870-тите. А во средината, како што тогаш се нашла Македонија, сега е Украина и затоа таа држава функционираше во статус кво околу 20 години, малку играше со Западот, а малку со Истокот - елаборира Атанасовски.

Но балансот повторно беше нарушен, додава тој. Во 19 век иницијалната каписла можеби била Руската Империја, но сега тоа беше Западот, односно Европската Унија, со нејзиното инсистирање Украина да има проевропска ориентација, да го потпише договорот за стабилизација и асоцијација, кој ќе значеше почеток на патот на земјата кон полноправно членство во ЕУ и нејзино целосно оттргнување од Русија. Затоа, очекувана била и руската интервенција со отворената поддршка на проруските делови од украинското општество и особено со анексијата на Крим.
- Во такви услови не може да се најде решение со кое ќе бидат задоволни двете страни. Нема „вин-вин“ или ситуација со два победника, многу поверојатно е да има компромис со два губитника и враќање на старото статус кво - истакнува Атанасовски.

Неговиот заклучок е дека секогаш односот на големите сили кон помалите држави е ист. Тие, вели, се водат исклучиво од своите себични државни интереси, занемарувајќи ги и меѓународното право и правата на засегнатите страни, нивните национални интереси и нивниот статус. Малите страни се само колатерална штета во судирот на интересите на големите.
- Секако, историскиот контекст во 19 век бил различен. Менливоста на границите била многу полесна, влијанието се ширело преку директно освојување територии, а сега методите се многу пософистицирани. Исто така, се играло на отворена сцена. Денес ги имаме Обединетите нации, систем на меѓународно право, многу универзални декларации, но зад таа кулиса повторно се играат игрите од пред 130 или 140 години - истакна тој.


Во Украина се борат украинските граѓани, а преку нив Истокот и Западот

Сферите на интерес на големите сили

кон запад во средина кон исток
19 век Босна Македонија Бугарија
21 век Полска Украина Белорусија

Мапа на Европа по Берлинскиот конгрес во 1878

Автор: Гоце Трпковски / goce.t@novamakedonija.com.mk
 
Последно уредено:

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
1.894
Колку што знам, на Крим загинаа двајца - еден украински војник и еден од сепаратистите.

А колку цивили изгинаа на улиците на Одеса и Мариупол? Нели имаше и тогаш примирја и разни лаги од киевската хунта? Еден куп видеа има за тоа.
Туку, ај. Гледам оти си четврти по ред кому не му оди да биде адвокат на ѓаволот.[DOUBLEPOST=1403712326][/DOUBLEPOST]25-06-2014, Нова Македонија
Убава колумна за креаторот на Сан Стефанска Бугарија на штета на Македонија. Истиот што сега граба делови од Украина.
 
Член од
12 април 2014
Мислења
108
Поени од реакции
45
а оние двајца сироти скандинавски грагани што беа избркани од работа што громогласно и со отворени симпатии навиваа за Русија,да провери некој дали имаат малку македонска крв.ти ли бе ке не воспитуваш како да се однесуваме на форумов.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Crimean Tatar Leader Says Russian ‘Occupiers Won’t Be There Long’

Павел Губарев: Украинскаја армија готовит блицкриг

не е само Норвежанецот Нистад избркан од работа него и доцент Јохан Бекман на универзитатот во Хелсинки доктор за политички науки и председател на антифашистичиот комитет на Финска е избркан од работа.причина имал спротивставени ставови со западната политика во Украина а се дрзнал и да каже дека руските деца во балтичките земји требало да си учат на руски.интересно ако споредиме со малцинските права на балканов...има многу за зборење.Замислете што ке беше Путин да избрка некој лајач.
Путин не ги брка лајачите. Ги убива со полониум.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.076
Поени од реакции
12.628
Треба да го разбереме Путин, нема дронови како Обама.

А и плус, нема невини жртви околу убиените со полониум, додека околу тие убиени со дронови има бајаги невини жртви чија што несреќа била тоа што биле на погрешно место во погрешно време.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Треба да го разбереме Путин, нема дронови како Обама.

А и плус, нема невини жртви околу убиените со полониум, додека околу тие убиени со дронови има бајаги невини жртви чија што несреќа била тоа што биле на погрешно место во погрешно време.
Чеченија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.076
Поени од реакции
12.628
Што сега, ќе си играме расипан телефон ?

Во ред, ти велиш Чеченија, јас велам Ирак.

Дај помири се веќе еднаш со фактот дека и едната и другата страна во овој конфликт си ги имаат извалкано рацете со невина крв и престани да бидеш пристрасен потенцирајќи ги злосторствата на само една од двете страни во овој конфликт.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Има жешки вести повторно, Русија предала докази на Интерпол за меѓународна потерница за Коломојскиј, а во меѓувреме Коломојскиј се откажа од гувернерската позиција и ја напушти Украина!
Од кај ти е веста дека Коломојски се откажал од позицијата гувернер на Днепропетровска Област и ја напуштил Украина?
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.107
Поени од реакции
13.434
Ирак,Виетнам,Авганистан,Југославија(војните во Босна,Хрватска,Македонија,Косово,Македонија), Либија, Сирија.
Можеме до недоглед да продолжиме за геноцидите кои се дело на демократија УСА, твое е дали ќе сакаш да бидеш разумен или да продолжиш да ја глумиш госпоѓа Псаки на форумов.

Пуса :icon_lol:
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Што сега, ќе си играме расипан телефон ?

Во ред, ти велиш Чеченија, јас велам Ирак.

Дај помири се веќе еднаш со фактот дека и едната и другата страна во овој конфликт си ги имаат извалкано рацете со невина крв и престани да бидеш пристрасен потенцирајќи ги злосторствата на само едната страна.
Тоа ми беше поентата. Пошо дечкото погоре праша што ќе се случело ако Путин избркал некој од на работа, ко Путин да е Дева Марија и нема никој досега избркано од работа, гонето, прислушкувано, убиено...
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.107
Поени од реакции
13.434
Убава колумна за креаторот на Сан Стефанска Бугарија на штета на Македонија. Истиот што сега граба делови од Украина.
Арно размислуваењ, арно ќе беше да тогашна Македонија е еквивалент на сегашна Украина.
Т.е во тогашна Македонија да имало про руси или руси како што има сега и имало во Украина.[DOUBLEPOST=1403732493][/DOUBLEPOST]
Тоа ми беше поентата. Пошо дечкото погоре праша што ќе се случело ако Путин избркал некој од на работа, ко Путин да е Дева Марија и нема никој досега избркано од работа, гонето, прислушкувано, убиено...
Јбг Путин и Русија со демократија немаат никаква поврзаност нели? Барем си признаваат. А западов користи исти методи, но негуваат демократија нели?[DOUBLEPOST=1403733198][/DOUBLEPOST]
Примирје во Крематорск.[DOUBLEPOST=1403733539][/DOUBLEPOST]
Од кај ти е веста дека Коломојски се откажал од позицијата гувернер на Днепропетровска Област и ја напуштил Украина?
Ruski istražitelji predali Interpolu rezultate istrage protiv Avakova i Kolomoiskog koji bi uskoro trebali biti na međunarodnoj tjeralici - Oligarh Kolomoiski napustio mjesto guverenera i otišao iz Ukrajine
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Од кај ти е веста дека Коломојски се откажал од позицијата гувернер на Днепропетровска Област и ја напуштил Украина?
Сите извори ти ги дадов на тацна.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.906
Во ред, ти велиш Чеченија, јас велам Ирак.

Дај помири се веќе еднаш со фактот дека и едната и другата страна во овој конфликт си ги имаат извалкано рацете со невина крв и престани да бидеш пристрасен потенцирајќи ги злосторствата на само една од двете страни во овој конфликт.
Воопшто не е фер да ги споредуваш Чеченија со Ирак.
За фер споредба, во Тексас (или Невада посвежо) треба да бидат помогнати и поттикнати сепаратистите да започнат цивилна војна со федералната влада на САД. Во такво сценарио споредбата со Чеченија би била фер и на место.

И не знам што се замарате со озбилни реплики на тролањата од господин НВО (ок, освен за сеир). Него нема да го „убедиш„ ни дека сонцето изгрева на исток, одма ќе ти „докаже„ дека тоа се само непотврдени гласини.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.076
Поени од реакции
12.628
Воопшто не е фер да ги споредуваш Чеченија со Ирак.
За фер споредба, во Тексас (или Невада посвежо) треба да бидат помогнати и поттикнати сепаратистите да започнат цивилна војна со федералната влада на САД. Во такво сценарио споредбата со Чеченија би била фер и на место.

И не знам што се замарате со озбилни реплики на тролањата од господин НВО (ок, освен за сеир). Него нема да го „убедиш„ ни дека сонцето изгрева на исток, одма ќе ти „докаже„ дека тоа се само непотврдени гласини.
Знам, но има моменти кога ми доаѓа преку глава од пристрасноста на некои луѓе на форумов.

Инаку, се што спомна е чиста вистина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom