Политиката е прагматична работа и исто така во политиката нема воопшто правдина.
Доколку Украина треба да се откаже од делови од својата државна територија каде што живее население кое се чувствува и декларира како руско и сака да биде во состав на Русија , останатиот дел кој ќе остане , ќе добие силна подршка од западот , можеби не во тие размери како што Западна Германија ја доби од страна на УСА после Втората Светка Војна, но сепак таа помош ќе биде енорма и на економски и на воен план како нова рамнотежа и нова „фронт“ линија на Западот кон Русија , што е голема победа на Западот.
Но сето тоа покренува прашање исто така и околу територијалниот интегретитет на Р. Македонија, особено знаејќи дека најверојатно 99 % од Албанците се проамиракански и про-нато орентирани и се сигурен сојузник на УСА и НАТО доколку дојде до воени конфликти од поголеми светски размери , што не е случај кој важи и за нас Македонците, а што е исто така видливо овде на форумот ... ... Жално е да се гледаат и читаат сиротите мои сограѓани со какви отворени и громогласни симпатии навиваат за руската политика , а истовремено не се свесни дека на Русија нема око да и трепне за Македонците во западна Македонија, најверојатно и за целокупна Македонија и судбината на Македонците. А јас доколку би бил политичар на Сооединетите Американски Држави ќе гледам да растурам било каква творевина или групација каде што населението не е наклонето кон мене. Според мене НАЈНОРМАЛНО. Па тоа и Ацето го правел

)) , тој дури и тешки масакри спроведувал...
Некој егеец по потекло тука се плачеше за судбината на Македонците од Егејска Македонија, па затоа бил на страна на Русија , но никако не ја сватил суровата вистина од минатото и опасноста од иднината и погрешно „навивање“ , самоопределување, водење на пропаганда, политика ...
Во политиката и воопшто во животот има една страшна и вистината поговорка, ако не можеш да ги победиш , придружи им се, инаку ќе те снема и нема да постоиш. Не постојат правдини.
Што се однесува до реалната слика и барањето правдина, кој бил прав, кој бил крив ... зарем не ви е срам на некој од вас да тврди дека Русија била во право , одозгоре да употребувате термини како Новорусија??? , затоа што вистината е колку таа е во право, толку и Украинците се во право , толку и УСА е во право, или пак колку УСА не е во право, толку и Русија не е во право. Секоја држава води политика во опсег на своите можности.
Спред мене има една друга вистина , а тоа е која страна дава на сопствените ѓраѓани подобар живот и воопшто достоен човечки стандард. Мене да ме прашаат доколку би избирал во чив политички систем би сакал да живеам и да бидам граѓанин, дали на рускиот или американскиот, јас ќе го изберам американскиот. Затоа што човечкиот живот е многу подостоен во тој систем. А истото ќе ви го потврдат милионите руски емигранти во УСА. Впрочем интернетот е полн со тоа, види на јутуб, пс. ако не може некој да најде , можам да му помогнам.
И затоа
СЛАВА УКРАИНИ