Ерата на технологијата е почната бајаги одамна и тогаш почиња доминацијата на западниот свет. Пред тоа во светот владееле Алтајците. А околу талентите, влечењето на талентите е еднократна придобивка, многу е поважно да имаш инструмент кој ги создава тие таленти, отколку механизам за да истите ги повлекуваш. Напротив, привлекувањето на таленти на запад придонесува за развој на технилошките методи на држава од кај што се влечат тие таленти. Иран ти е неприкосновен пример за тоа. Моментално број еден образование во техничките науки ти е Русија, западот наместо да го развива тој сегмент, се повеќе и повеќе го политизира и со самото тоа го девалвира... пример на девалвирано образование кое оди по терк на западот го имаш кај нас. Тука има многу да се каже, но не е тука темата. На кратко, ако се слагаме дека најважниот ресурс што една држава може да го има е образованието, тогаш можеме лесно да ја претпоставиме патеката по која ќе се движи Русија. Без да навлегуваме во ситните навивачки приказни кој ги победува и кој ги губи битките, генерално нема опција каде што Русија ќе излезе како губитник во војнава, поготово не, ако гледаш на долги стази. За Русија војнава е со исто значење како и втора светска војна. Војна во која треба да го обезбеди својот опстанок и го трасира патот за понатамошен напредок. И тоа ќе се постигне па макар дале уште 10 милиони жртви и се уништи цела Украина. За оваа војна Русија се спрема 20 години, некои структури можеби и 30, просто не е вероватно војнава да изгледа како што си ја претставуваш, Руска пародија. Тоа е нешто што го проектира западот, да го замре слободарскиот дух.