Во Украина имаме сосема друга ситуација и двете страни имаат солидно ПВО, еден куп МАНПАДи, за големите дронови може да се каже дека е најден лекот, сериозна армија нема да има никаков проблем, Бајрактари којзнае дали и има сега во Украина, проценките се дека имаат изгубено повеќе од 70 па до 100 (300 и кусур се произведени).
Проблемот останува кај малите дронови, тие летаат многу ниско и чинат премалку, што без проблем можеш да губиш и илјадници дневно, без да имаш некаква финансиска загуба,
ете иранските чинеле 20000 долари/евра, еден Стингер дупло, а на пример АјронДом што некој го споменуваа како можно решение има ракети од милион, прати му 50 камикази и нека проба да преживее.
Во иднина сигурно ќе се најде адекватно решение за дроновите, знаете за првпат кога ги измислиле тенковите ПСВ биле нешто страшно (иако не биле ефикасни тогаш).
Можеби ласерското вооружување е решението, дроновите летаат ниско/блиску, нема да има некоја атмосферска пречка како што има сега на тестовите за ракети/авиони кој летаат на голема висина и се направени од материјали кој издржуваат повеќе топлина.