Затоа што во твојата наивност, не разбираш дека Украина ништо не одлучува. Не во последниве 8-9 години. Не на макро план, можеби понешто на микро, каде колку луѓе да им загинат и слично. Што се тиче било што од покрупните одлуки, тоа е надвор од нивни дофат после државниот удар наречен Мајдан 2014та.
Секако да. Сум потенцирал и потенциам дека Зеленски е наместен од Америка за да се извршуваат нивните цели. Западот си одлучува, си гинат невини луѓе за нивните интереси, и еве имаме и разлутена Русија за која што се вадат секакви најлоши зборови. Па секако дека ќе го споредуваат Путин со Хитлер, секако дека ќе викаат дека Путин е "ратни злочинац", и секако, јас не бегам од тој факт дека Путин и Русија сега се тоа што се. Но истовремено мораме и да погледнеме и од сосема друга точка каде што можеме да увидиме дека западот имаше и те како голем уддел во провокацијата на Русија. Не дека Русија претходно, уште пред 2014 - та не си испланира и направи тоа што го направи во Кримеа, или пак еве немора да е Украина нека биде Грузија.
Мора Украинскиот народ да се избори, да дојдат политичари во Украина кои што ќе работат за луѓето а не за интересот на светските сили. Но знам, знам дека така никогаш не функционирал светот, и дека не функционира така. Но еве, барем во Италија гледам сега нешто позитивно. Денес Италија, утре некоја друга држава, задутре некоја сосем трета држава. Ни требаат повеќе луѓе кои што ќе ја кренат главата горе, кои што ќе одат против глобализмот на Америка, Русија, Англија, други европски држави(Особено на Америка).
Жално е што имаме војна измеѓу два (барем за мене) славјански и братски народа. Се надевам дека еден ден ќе запре ова. Незнам веќе како да им објаснам на Русофилите дека едноставно не поддржувам без разлика дали Америка или Русија, или било кој друг... лидери кои што прават војни за нивни цели, војни каде што невини луѓе умираат. Човека неможе да си искаже поддршка за Украина, без да биде нападнат и наречен "фашиста" или други зборови како поддржувач на Америка.
Сепак се надевам дека исходот од војнава нема да заврши со нуклеарки. Со самото тоа не само што ќе си наштети и Русија и Украина туку ќе пати цела Европа. Знаеме какви последици имаше од еден чернобил во 1986, и најмалце што ни фали е или Запорожје да биде уништена централата или една нукеарка да се фрли, и да отиде цела Европа во катастрофа...