Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.721
- Поени од реакции
- 33.960
Како што велат, споредуваш баби и жаби.Мислев на членовиве на темава, ти , јамајка, дарко што имате некоја пристрасност кон Русија (мислам ти и и сам ми потврди) и хејтред кон Западот, не мислев за Русија и нивните акции.
За Кина можеби би изреагирала така, незнаеме има време ќе видиме, од историски контекст и до денеска гледаме дека војната Кинезите ја водат многу различно од Западот и од Русите. Како што му кажав на Дарко поназад, BRI, инвестиции во Африка, купување на долговите во 2008, клучни пристаништа во Европа и Индиски Океан, Кинески капитал во Европа и САД, политичко влијание преку финансиска помош на покревките држави од ЕУ во време на еврокризата, AIIB како алтернатива на Светска Банка/ММФ , имаш американски и западни корпорации што огромен дел од акциите им се купени од кинески корпорации (пр: Epic Games, Supercell од Tencent). И сето ова економско и политичко влијание без ниту една војна, па КГБ и ЦИА може да им подзавидат. Дури и западњаците сфатија малце касно колку е сатот, дека со ќотег не се гради сфера на влијание па имаш PGII од G7 како против тежа на BRI.
Кина е 10 чекори понапред и од Русија и од САД, и реков сето ова без ниту една војна, па ако ме прашуваш лично кој не би сакал да живее во свет каде што кинескиот начин на добивање влијание е стандард, наместо империјалистичките војни и пучеви од САД и СССР историски сега Русија?
И да не падне Русија, Кина секако е следна за демократизација, чинам фокусот на надворешната политика на САД е Кина, нивниот сериозен противник и потенцијален кандидат за да им ја земе круната.
Затоа реков, стави ги работите во контекст. Kина да е на ваков начин загрозена, и Кина нема да има избор „суптилно“ да игра. Никој е суптилен кога ќе му впериш (метафоричен) пиштол во глава. Освен тоа Русија не располага со толку фиат како Кина, различен концепт на држави и развој се двете држави, па нормално дека и различни методи имаат.
Не пристрасност. Навивање.Мислев на членовиве на темава, ти , јамајка, дарко што имате некоја пристрасност кон Русија (мислам ти и и сам ми потврди) и хејтред кон Западот, не мислев за Русија и нивните акции.
Има разлика, голема. Јас навивам за Русија но тоа не значи дека не можам објективно да дискутирам што е лошо а што добро кај нив.
Што се тиче омразата кон западот, мене не ми е јасно како може да бидеш свесен Македонец а да не ја чуствуваш таа омраза. Акцентот е на свесен (пред да почнат обвинувањата од некои).
Хипотетична ситуација: Замисли во Монголија преку државен удар да постават марионетска власт... Не Монголија, ете Казакстан да го демократизираат (а пробаа пред скоро време) и тоа тамошните Ујгури да дојдат на власт (како сунитите во Ирак што како малцинство владееа). Казакстан да стане непријателска држава за Кина, која ќе ги помага милионите Ујгури во Кина да се отцепуваат (долгогодишен влажен сон на Америте). Па Казакстан да се закани дека ќе користи нуклеарно оружје против Кина, дека САД ќе прават воени и ракетни бази таму. Итн, итн. Ај да не претерувам.