После војните на просторите од бивша ЈУ во 90те години на минатиот век, како и после конфликтот во Р. Македонија (2001) лично сметав дека конечно Европскиот континент во целост ќе заплови во мирни води и повеќе никогаш во новиов век нема да се случат нови крвопролевања, рушевини, бомбардирање, иселување... барем не на Европско тло. Украинскиот конфликт ни го докажа и покажа сосема спротивното дека луѓето денеска не се ништо поцивилизирани и подобри и похумани од минатото и дека развојот на технологијата, електрониката, науката, медицината е сосема нешто друго, но човекот како битие умствено сеуште се наоѓа заглавен во средниот век, како и во антиката.