Освојувањето на Херсон би било голем, би рекол, стратешки удар за Русите и прва оперативна победа на Украина. Таа победа би го валоризирала западниот влог (кој, како се приближува зимата станува нелагодно голем), особено пред домашната јавност. Јавноста е битен фактор, особено во западните демократски држави, на кои е не им е така лесно да го минимизираат тој фактор, како што е случај во диктаторските Русија и Кина.
Уште во
јуни ми стана јасно каде иде ова, веднаш по првите поголеми проблеми со енергетски испораки.
Протестите како оние во Холандија, Чешка, Германија, деновиве, претпоставувам, ќе се интензивираат до крајот на годината.
Ако до тогаш го земат Херсон, тоа би било посакувана амортизација на оваквите тенденции, штетни за прескапите влогови.
Да се разбереме, Западот влегувал во војни, повеќе пати, во текот на периодот после Втора Светска. Но, никогаш тоа немало влијание, на пример, некој во Лодон или Берлин, да мора да штеди на туширање или греење, или да му се ебе економија...