Поранешниот британски премиер, и актуелен советник на кој и да е што ќе плати повеќе, предупредува дека доаѓа крајот на ерата на глобална политичка и економска доминација на Западот.
„Како ли во Британија дојдовме до точка во која Најџел Фараж и Џереми Корбин, на краток но важен период, ни ги формираа нашите политики?
Или како Америка се доведе до тоа да биде место во кое вакцинирањето стана симбол на политичка припадност?
Лудилото во нашата политика мора да престане. Не можеме веќе да си го дозволиме луксузот да потпаѓаме под фантазиите. Треба да ги вратиме разумот и стратегијата на нивните места.
И тоа треба итно да го направиме,“ порачал
Тони Блер за време на предавањето во лондонски Дичли парк.