На кратко кажано, тоа што го тврдеше дека за една држава да е членка на НАТО, мора да купува американско оружје, не е точно.
Aбе Спароу, пак го дрвиш со тривијалности. Прееска убаво ме парафразираше Сер Берик Дондарион, ама изгледа и тоа не беше доволно елеоквентно кажано за да ти укажеме на суштината на работите.
Нека ме извинат модераторите што накратко ќе го спуштам нивото на култура во дискусијава. Но, морам така за да биде поразбирлив муабетов.
Глеј сеа вака, замисли го НАТО како силеџиска банда (што уствари и Е).
Е сега кога ќе тргнеме од таа хипотеза (или факт, зависи од перспективата) треба да се запрашаш што се бара од секој што сака да биде член на таа банда.
Членовите во една банда се или јаки и добри тепачи (Франција, Германија, Британија), или се некои кои обезбедуваат неква логистика, без ралика дали тоа се геостратешки локации за бази како Полска (ракетен штит кон Русија) или Турција (Босфорот е нивна територија и е единствен влез во Црното Море, плус се единствени кои би можеле да ја наместат Сирија за директна војна со членка на НАТО) или идната членка Украина (коридорот за гасот од Русија кон Европа, +огромни површини од најполдните житници во светот)... На крај доаѓаат слабаците, тие што не ги бива ни за тепање, ниту се важни геостратешки.
Таквите слабаци сепак ги примаат во НАТО, од истата причина од која во минатото (кога се војувало со ладно оружје) позади војските се влечеле армии од занаетчии и проститутки.
Поентата на која сакам да ти укажам, а која ти не сакаш да ја видиш (не е ваљда дека не можеш)... е дека се што Македонија може да даде на НАТО е жива сила, животите на нашите војници.
Но тоа за бандата силеџии не е доволно. Затоа Македонија ќе мора да даде уште нешто. Дали тоа ќе бидат договори за купување на оружје, без разлика што сме мала земја (кога би имале пари како Катар), или тоа ќе бидат договори за давање дозвола на компании како Монсанто да почнат да работат тука, или тоа ќе биде зголемен број наши војници кои ќе служат како топовско месо во нивните НАТО војни... сеедно, нешто ќе мора да има.
Така да, исто како и тие што во минатото се влечкале зад средновековните армии, или како девојките што денес се влечкаат со разните банди од модерни разбојници... така и од нас секако ќе бараат да се проституираме
(морално или физички, сеедно: тој е терминот, без разлика што станува збор за метафора).
Оодвреме навреме ќе треба да ги спуштиме гаќите, да ја свиткаме кичмата и со двете раце убаво да го рашириме местото каде што ретко грее сонце.
Употребата на средства за подмачкување е опционална, и право на дискрециона одлука на примачот. Тие занесувањата „многу сме јаки, и ние сме во НАТО„, тоа уствари ви се лубрикантите.