Добро после мала пауза со глупости на темава, да продолжиме со некој интересни информации и контраинформации, за мултиполарниот свет кој што се создава пред нашите очи.
Очигледно тој што седи со скрстени раце ќе го јади здраво ...
----------------------------------------------------------------------------------
ЕУ планира (
https://www.bloomberg.com/news/articles/2022-05-02/eu-plans-to-court-africa-to-help-replace-russian-gas-imports) да го замени рускиот гас со африкански гас.
Нигерија, Сенегал, Ангола и други земји „нудат неискористен потенцијал во ЛНГ“.
ЕУ исто така планира да:
- Потпиши меморандум за разбирање со Египет и Израел за зголемување на испораките на ЛНГ во Европа до лето.
- Двојно да ги зголеми испораките од Азербејџан до 20 милијарди кубни метри гас годишно.
- Склучи договор со САД за набавка на дополнителни 15 милијарди кубни метри ЛНГ во 2022 година и околу 50 милијарди кубни метри годишно до 2030 година.
- Италија ги зголемува испораките на гас за 40%, преку двата гасовода во медитеранот што водат од Северна Африка
---------------------------------------------------------------------------------------
Русија има намера да инвестира во гасовод од Африка до Европа во должина од 5,660 км
Ова го изјави (
https://www.reuters.com/world/africa/nigeria-oil-minister-says-russia-interested-gas-pipeline-morocco-2022-05-03/) од шефот на нигерискиот министер за енергија Тимпир Силва :
„Руски претставници ја посетија мојата канцеларија минатата недела. Тие се многу желни да инвестираат во овој проект и има многу други луѓе кои исто така сакаат да инвестираат во проектот“.
--------------------------------------------------------------------------------------
Сбербанк ќе биде исклучен од SWIFT
Претседателот на Европската комисија го потврди (
https://www.reuters.com/business/finance/eu-remove-sberbank-two-other-russian-banks-swift-2022-05-04/) исклучувањето на Сбербанк од системот SWIFT:
„Ќе ја исклучиме Сбербанк од SWIFT, најголемата руска банка, како и од две други банки. Така ги погодувме банките кои се критични за рускиот финансиски систем“.
--------------------------------------------------------------------------------------
@Бачето абе ова програмериве секаде ги бараат, гледај што нудат русиве
Тешко дека овчари ќе станат ...
Русија започна (
http://government.ru/news/45334/) програма за повластена хипотека за ИТ специјалисти
Стапка до 5% годишно за купување на станови. Максималниот износ на заемот во милионски региони е 18 милиони рубли, во други - 9 милиони.
До 2024 година, властите планираат да издадат околу 50.000 такви заеми во вкупна вредност од 240 милијарди рубли.
----------------------------------------------------------------------------------
За тие што си мислите дека Русија ќари од скапата нафта
Руската нафта Урал се продава со попуст од 33%.
На крајот на април нејзината цена беше 70,52 долари за барел, а просечната цена на фјучерсите за Брент беше околу 105 долари.
Попустот расте - пред еден месец попустот на руската нафта беше на ниво од 25%.