Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    748
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
За друго гласаа за исклучување ако ме добро служи памтење совет за човекови права или шо ти знам. И така немаат никакво значење тие совети кога во прашање се поголемите земји. Инаку ние треба да сме идиоти да се радуваме дека ќе пропаѓа германската економија. 50% од извозот ни е во Германија.

Колку само се отидени од реалноста ЕУ доволно говори оваа вест. Откако им протераа дипломати на Русите и овие вратија со иста мера изјавуваат дека ова ќе ги влошело ситуацијата и било неоправдано протерувањето. :pos:
И поголем дел од странскиот капитал е германски.Арно ама ја тераме онаа македонската ако треба и трева ќе пасиме само да му пукне козата на комшијата.Абе љугево не се ни свесни каков стап ќе јадиме ако лудилово во Украина не престане за брзо време.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.462
Поени од реакции
7.828
Вакви цени на храната немало од 1990 година. Знаеш што се случи тогаш?

Падна двополарниот свет или мулти поларниот ако се земат во предвид Неврзаните.

Она што не го разбирате е дека, уште утре да победи Русија, со појавувањето на мултиполарен свет храната ќе рипни во цена и ќе има инфлација.

Впрочем не е чичко тенекe кумплугот што го пиша она пред некој ден, туку некој кумплуг главен аналитичар на Credit Suisse Bank.

Додуша знам дека ти не почитуваш вакви извори на информации, ти сакаш нешто што е дебело во теорија на заговори или барем на граница :D
Па членовите што те читаат во корона темата, имаат впечаток дека и ти дебело си навлечен на теории на заговор, па не знам со кој образ ти најде да пишуваш за други и теории на заговор, ама нека ти биде. Изворите на информации кои јас ги споделувам, уште пред 4-5 години најавија дека ќе има инфлација и тоа доста висока, ова сега е смешно, во однос на тоа што не очекува од 2024. Како е можно тие аналитичари ова да го прогнозираат, а конфликтот меѓу Русија и Украина дури во 2022 започна?

Те прашав еднаш, па ај пак. Каде се твоите познати економски аналитичари да кажат, да објаснат, зашто централните банки не ги искористат сите механизми што ги имаат за да се намали инфлацијата? До сега имало многу воени конфликти, а ниту еден од нив не допринел да има ваква инфлација, која е сега разликата?
Викаш Русија ако победи ќе има инфлација, дали тоа значи ако изгуби, т.е. се повлече, ќе нема или?

Значи Русија е виновна за инфлацијата и недостатокот на храна, иако уште од почетокот на ковид фарсата и најавата за глобалниот ресет, се ова си беше официјално најавено, ама чичко Кумплунг К не му чуе, повторно си лапа пропаганда :(

Мислев дека после ковид освестувањето, ќе си повнимателен во однос на информациите кои ти ги сервираат мејнстрим медиумите, арно ама си тераш по старо.

И пак не одговори:
@teneke според твојата математика, колку е добивката на ЕУ од целава ситуација ... мора да е добра добивка, иначе која е поентата да се радуваш што Русите имаат загуби :toe:
Штом само пишуваш за загубите на Русите, значи ние и ЕУ немаме гајле, па ме интересира која е твојата математика, т.е. на аналитичарите кои ги пратиш?
Овие јас што ги пратам, што дебело се занимаваат со теории на заговор (небитно што по некое време се излегува по нивно), велат негативните каматни стапки од 2014 и постојаните државни задолжувања се самоубиствени потези и дека ЕУ е во мат позиција. ЕЦБ зашто не дигне каматните стапки, зашто ги молат ФЕД ни тие да не дигаат, зашто им се спремни дигиталните државни валути, со намера да укинат хартиените пари?
Зашто Америчките банки одбиваат да купат било каква обврзница/долг од било која европска банка итн итн.
Твојата математика сигурно е повесела, па би сакал на кратко да ја кажеш, за да не се паничам и да не купувам долари. Јас ти помогнав со короната, па биди фер, возврати и ти со добро, кажи врз основа на што си толку оптимистичен за ЕУ :D.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
569
Минск 1 и 2 не се почитувани, на кои Русија и Путин редовно потсетуваа и инсистираа.

Патем кажано, нуклеарките во Украина не беа украински, туку советски, сопственост од СССР па бидејќи Русија се самоименува за правен наследник на СССР, нуклеарките беа вратени во РФ.

Патем кажано, Украина доброволно се откажа од нуклеарките, тоа Кучма самиот го призна, тврдејќи дека Украина, иако голема и (условно) богата, не е способна да глуми јака воена сила со “тапа„ економија, со која (економија) би одржувала нуклеарно оружје. Зад договорот и гаранциите од Будимпешта не стои само РФ, туку и САД и дел од европските големи сили.
Кој тоа не ги почитувал договорите?
Украина ли?
А што е со Русија која никогаш и не ги повлече своите воени формации замаскирани во пара воени формации и опремата и оружјето од сепаратистичките региони иако и тоа беше дел од договорот?

Користиш руска реторика која никогаш и немала обзир кон овие договори туку смислено и целно работеше кон ова што се случува денес:
Народот на Украина јасно и гласно застанува против марионетската и лажлива власт на Јанукович која спротивно од заложбите со кои победи и беше избрана на власт, целосно се сврте кон Русија во моментот кога требаше да потпише договор со ЕУ.
Русија во тој момент ја активира својата машинерија за дестабилизација на Украина при што праќа агенти и воени формации како и логистика на истокот и организира сепаратистичко движење. Праќа воени формации и го окупира Крим, чиста агресија и окупација на територија на суверена земја. Притоа се согласува на преговори и договори во Минск а воопшто и не размислуваше да нејзината окупаторска војска ја повлече од Крим со што јасно покажа до знаење колку и е дојдено до некакви договори. Се до оваа тотална инвазија Русија никогаш и не ги повлече своите пара воени структури и опрема од сепаратистичките региони а самиот Путин пред инвазијата го прогласи Минск 2 за неважечки(демек некогаш за него бил важечки).

Всушност сите овие настани беа претекст за ова што се случува денес а главна причина не беа никакви договори кои ни самата Русија не ги почитуваше туку желбата на народот на Украина да се интегрира во западниот свет, пред се ЕУ и НАТО. Од таму поаѓа и агресијата и злото на Путин кој решил со сила да го смени теркот по кој украинскиот народ решил да оди. Треба да си глуп или наивен да веруваш дека договорите се причина.

Диктаторот Путин всушност со оваа инвазија направи контраефект на она што го посакуваше па се поизвесно е оти уште една соседна земја ќе се приклучи на НАТО, Финска!
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.462
Поени од реакции
7.828
Како не ви е јасно дека европјаниве се единствените шо покушаа да го спречат конфликтов.
Не само што НЕ пробаа да го спречат, туку со години ги поддржуваа Украинците во нивните глупости, а сега праќаат оружје, пари и платеници, самоубиствени санкции итн итн. Врз основа на што заклучи дека пробале да спречат, врз основа на кои постапки, а не само празни зборови?
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
И поголем дел од странскиот капитал е германски.Арно ама ја тераме онаа македонската ако треба и трева ќе пасиме само да му пукне козата на комшијата.Абе љугево не се ни свесни каков стап ќе јадиме ако лудилово во Украина не престане за брзо време.
Нема да престане за брзо време. Западот не повикува на прекин или некаков договор. Па и овде овие бугарите, чкипе етник и северниве што дркаат на видеа од уништена руска опрема се радуваат на продолжување на војната за да гледаат видеа од уништена руска опрема и по некоја егзекуција на заробеници.
А меѓувреме источно од Дњепар се повеќе и повеќе станува руска територија и секоја недела цените во маркетите се поголеми.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.952
Истата приказна е и во Донбас на линијата на фронтот каде што имаат околу 60 илјади искусни и обучени војници. Таму ситуацијата е уште покомплицирана зашто Украинците со години градат утврдувања, ровови и бункери. Затоа таму од исток напредуваат многу споро и затоа за Русите толку екстремно е битно што пробија од кај градот Изиум и им се закануваат од позади на тие единици.
Да. Тоа е многу битно, затоа што кај Изум има појас од брда и шуми, кој е природна одбрамбена позиција. После тоа е писта, без многу препреки - тенковски поволен терен.
Они го пробија тој појас.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.499
Поени од реакции
13.780
И поголем дел од странскиот капитал е германски.Арно ама ја тераме онаа македонската ако треба и трева ќе пасиме само да му пукне козата на комшијата.Абе љугево не се ни свесни каков стап ќе јадиме ако лудилово во Украина не престане за брзо време.
Ако беа малце свесни немаше да ја ебат државава :D
 
Член од
8 април 2022
Мислења
184
Поени од реакции
269
Всушност сите овие настани беа претекст за ова што се случува денес а главна причина не беа никакви договори кои ни самата Русија не ги почитуваше туку желбата на народот на Украина да се интегрира во западниот свет, пред се ЕУ и НАТО. Од таму поаѓа и агресијата и злото на Путин кој решил со сила да го смени теркот по кој украинскиот народ решил да оди. Треба да си глуп или наивен да веруваш дека договорите се причина.
\
Диктаторот Путин всушност со оваа инвазија направи контраефект на она што го посакуваше па се поизвесно е оти уште една соседна земја ќе се приклучи на НАТО, Финска!
Не се договорите причина, туку изговор. Еден член правеше споредба со моменталниве случувања ако се одвиваат во близина на САД. Ист одговор ќе имаше, крвав напад. Не е путин зло или како и да го викате, едноставно, интересот на една моќна земја се запазува. Макар и тоа да значи уништување на сосед.
А Финска нека влегува во НАТО, поинтересно че ни биде на темава.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.253
Поени од реакции
5.507
Плус, Русија како правен наследник на СССР го отплати во целост долгот кој припаѓаше на Украина.
Да, Русија, како правен наследник, „наследи„ некаде 107-108 милијарди долари долг од СССР, а тој долг не го плаќаа другите републики/држави кои произлегоа од распадот на СССР.

Нормално, Руите се пак лошите човеци, небитно што (не)посредно им помогнале на сите свои соседи...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.952
Не се договорите причина, туку изговор. Еден член правеше споредба со моменталниве случувања ако се одвиваат во близина на САД. Ист одговор ќе имаше, крвав напад. Не е путин зло или како и да го викате, едноставно, интересот на една моќна земја се запазува. Макар и тоа да значи уништување на сосед.
А Финска нека влегува во НАТО, поинтересно че ни биде на темава.
Ова што Русија го прави, суштински, е предизвикување на многу несреќи за народот во Украина и јас не можам така лабаво да сум на нивна страна.
Но, хуманата перспектива никогаш не била одлучувачка за стратешките одлуки на големите сили, кои до сега, неброено пати, го направиле истово кое сега Русија го прави. Така да, реакцијата на Западот е сосема несоодветна. Кина, Индија и останатите земји имаат пореалистичен став околу војнава.
Тоа е највеќе, затоа што Западот смета дека вакви работи само они смеат да ги прават, но не и друг. Зошто?

Првенствено, затоа што им се може, а им се може затоа што се силни. Тука е проблемот. Русија не ја третираат како супер-сила. Не мислат дека Русија (или Кина) има право да го прави, тоа што Западот го прави.
Не еден западен аналитичар, со време наназад, ова го посочува како битна ставка, која несомнено, во иднина, ќе доведе до војна. Што и се случи, за жал.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
569
Не се договорите причина, туку изговор. Еден член правеше споредба со моменталниве случувања ако се одвиваат во близина на САД. Ист одговор ќе имаше, крвав напад. Не е путин зло или како и да го викате, едноставно, интересот на една моќна земја се запазува. Макар и тоа да значи уништување на сосед.
А Финска нека влегува во НАТО, поинтересно че ни биде на темава.
Разликата е во тоа што едната навистина е суперсила и тоа на секое поле, воено, културно, научно итн. а другата само се замислува дека е. Имањето нуклеарки само по себе не значи дека автоматски си суперсила. Во тој контекст можеме дури и Пакистан да го вброеме како суперсила.
Русија не може да се заканува на цел свет ниту пак може против целиот свет. Бидејќи така се повеќе наликува на С.Кореја а не на некаква модерна земја која посакува почит од другите.

Ќе го цитирам големиот Гоце Делчев, 'Јас светот го разбирам како културно поле за натпревар помеѓу народите'.

Ако Русија навистина сака да стане суперсила и да ја промени денешната ситуација таа прво треба да започне од самата себе. Доколку Русија извезува култура, техника(не само воена) и иновации и доколку го подобри осетно стандардот на нејзининото население можеби ќе почне да привлекува се повеќе држави кон нејзината орбита на влијание и навистина ќе го добие респектот и почитта која ја бара. Таква Русија би правила сојузи кои ќе му конкурираат на НАТО и ЕУ а држави како Украина ќе размислат два пати која страна би ја одбрале. Доколку Русија навистина сака да биде модерна земја тогаш треба да поработи на корупцијата која владее во сите сфери на нејзиното општество а најмногу во власта. Доколку Русија навистина сака да биде модерна земја тогаш треба вистински да се преобрати во демократска држава а не нашминкана и замаскирана демократија зад чија маска се крие еден гнил систем наследен од комунизмот и СССР бидејќи да вредеше тој систем сега СССР ќе владееше со светот а не САД а ликови како Путин немаше вечно да владеат.

Е тогаш и само тогаш Русија исто така би можела да ја мати водата и во дворот на САД и постепено да ја ослабнува неговата моќ. Ваква Русија денес никој не ја сака а може да биде погубна по светот и човештвото.
 
TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.291

Колку појма намаш, ама стварно појма немаш....секогаш во историјата силата диктирала политика. Русите беа глупи и наивни што 90та поверуваа у холивудските филмови.
Западот не е ништо друго освен тие филмови, у задње време фб, инстаграм твитер и остала пропаганда. Врска западот нема со реалноста, и конечно се најде некој што ќе го искористи моментот и ќе ги врати тие каубојци назад таму кај што припаѓаат.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
830
Поени од реакции
842
Разликата е во тоа што едната навистина е суперсила и тоа на секое поле, воено, културно, научно итн. а другата само се замислува дека е. Имањето нуклеарки само по себе не значи дека автоматски си суперсила.
Те плаќаат ли од калето бар да шириш пропаганда или слабо
Левел Саше политико си ми...
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Ако Русија навистина сака да стане суперсила и да ја промени денешната ситуација таа прво треба да започне од самата себе. Доколку Русија извезува култура, техника(не само воена) и иновации и доколку го подобри осетно стандардот на нејзининото население можеби ќе почне да привлекува се повеќе држави кон нејзината орбита на влијание и навистина ќе го добие респектот и почитта која ја бара.
Зарем Русија нема своја долга многувековна историја и култура... Разно-разни композитори, писатели, научници од разни сфери физика, хемија, биологија, медицина и.т.н. и.т.н. Кој на Русија и ги креирал оние модерни борбени системи, авиони, хеликоптери, подморници, бродови, вселенски бродови, сателити, ракети... да не се Австралиските Абориџини тоа или можда Ескимите од Арктикот или па некои Амазонски племиња... Е сега ако мислиш на Холивуд-култура океј да точно ниту Советскиот Сојуз, ниту па Русија никогаш не продуцирале и извезувале таква култура ширум светот, тука Русија неможе да се мери и натпреварува со САД и другите земји од западот што и да се согласувам е голем минус но доколку гледаме од денешната модерна западњачка перспектива на живеење !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom