Не дека имаше некоја легимитет или дигнитет некогаш Руската надворешна политика ама сега веќе и тоа малку што го имаше го изгуби. Во своето лицемерие Русите не се ништо продобри од Американците. Де факто а сега богами и де јуре.
Стави се во оваа позиција? Безбедњак си и се грижиш за својата и безбедноста на оние кои ти се блиски. Во одреден простор кој ти е многу битен за твојата безбедност постои можност да влезе непријателска сила и да го блокира. Штом тој влегол таму, ти веќе не можеш да влезеш. Ако откако тој е таму и влезеш ти тогаш
ти си предизвикувач на судир. А ако влезеш ти прв, сега нека му се мисли противникот. Ти си бил луд, ама него го ставаш позиција
да треба да биде тотално луд затоа што тој ќе треба да започне со дејствија кои значат војна.
Ако Путин и Русија
веднаш не влезеа во Крим. Новата прозападна и антируски настроена власт можеше и
секако ќе испратеше трупи во источните проруски региони. Со мали сили ќе ги држеа аеродромите и сите стратешки влезови што ќе оневозможеше влез на руска воена сила. Сосема законски ќе имаа зголемено воено присуство и ќе започнеа со топло-ладно репресалии и масивна медиумска обработка врз проруското население. Репресалиите ќе се смируваа и пак ќе се појавуваа и така со години. А Русија ќе гледаше, и ништо не ќе можеше да стори.
Како ќе испаднеше Русија и како ќе испаднеше Путин. Ќе испаднеа како тотални будали во за нив безбедносно најбитната држава кои дозволиле да им дојдат антируски сили до самата граница. А западот ќе им се смееше и ќе се правеше на удрен со мутави изјави.
Кажи ми зарем такво нешто ќе си дозволи една голема сила со еден куп на стратези кои само со тоа се занимаваат и имаат однапред изготвени планови за секаква можна ситуација. Настаните во Киев со протестите излегоа како што излегоа. Никој со сигурност не знаел која варијанта од можните ќе се оствари. Се оствари онаа за која веќе имало предвидено мерка за заштита.
Ти што би направил да си во позицијата на Путин и Русија?
Сега Путин и Русија се силните, а САД и Обама се слабаците кои можат само да лаат од страна. Затоа што (за да не бидат само лајачи) било што поконкретно што би превзеле ќе значи влегување во општа светска политичка криза со несогледливи последици. Украина им е битна, ама сепак тоа е илјадници милји од нивната граница и воопшто директно не ги загрозува. Да не влезеа русите во Крим, позициите ќе беа спротивни. Само што русите ќе беа во многу полоша позиција затоа што ќе беа блокирани до самата своја граница.
Сега на испит е американската лудачка стратегија. Дали да изиграме нешто лудачко како што и досега изигрувавме (спржена земја - Виетнам, користење касетни бомби кое пред се носи цивилни жртви, користење на осиромашен ураниум за вечно уништување на територијата и тоа не само на непријателот, бомбардирање дури и на своите сојузници и неговата територија - Косово, користење на се и сешто што е недозволено - Фалуџа, непотребно бомбардирање на кинеската амбасада ...) за никој повеќе да не ни се спротивставува. Ако не изиграат лудачки, ќе падне стратегијата која ја користеа и реално применуваа на светската покерска сцена.
Но независно од се дали Русија имаше друг излез!? Можеби претходно во Украина со Јанукович, ама кој очекувал дека вака ќе излезе.
Ти да си безбедњакот што би направил да си во позицијата на Путин?