Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    747
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
87% излезеност на цел Крим. 93 позитивно се изјаснија за присоединување кон Русија. 7 % против.

Во тек е изградбата на јужен тек, едно цефче ке отиде за Крим.
A procitav deka 54% bile samo rusi vo Krim.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.246
Поени од реакции
13.750
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Не дека имаше некоја легимитет или дигнитет некогаш Руската надворешна политика ама сега веќе и тоа малку што го имаше го изгуби. Во своето лицемерие Русите не се ништо продобри од Американците. Де факто а сега богами и де јуре.
Стави се во оваа позиција? Безбедњак си и се грижиш за својата и безбедноста на оние кои ти се блиски. Во одреден простор кој ти е многу битен за твојата безбедност постои можност да влезе непријателска сила и да го блокира. Штом тој влегол таму, ти веќе не можеш да влезеш. Ако откако тој е таму и влезеш ти тогаш ти си предизвикувач на судир. А ако влезеш ти прв, сега нека му се мисли противникот. Ти си бил луд, ама него го ставаш позиција да треба да биде тотално луд затоа што тој ќе треба да започне со дејствија кои значат војна.
Ако Путин и Русија веднаш не влезеа во Крим. Новата прозападна и антируски настроена власт можеше и секако ќе испратеше трупи во источните проруски региони. Со мали сили ќе ги држеа аеродромите и сите стратешки влезови што ќе оневозможеше влез на руска воена сила. Сосема законски ќе имаа зголемено воено присуство и ќе започнеа со топло-ладно репресалии и масивна медиумска обработка врз проруското население. Репресалиите ќе се смируваа и пак ќе се појавуваа и така со години. А Русија ќе гледаше, и ништо не ќе можеше да стори. Како ќе испаднеше Русија и како ќе испаднеше Путин. Ќе испаднеа како тотални будали во за нив безбедносно најбитната држава кои дозволиле да им дојдат антируски сили до самата граница. А западот ќе им се смееше и ќе се правеше на удрен со мутави изјави.
Кажи ми зарем такво нешто ќе си дозволи една голема сила со еден куп на стратези кои само со тоа се занимаваат и имаат однапред изготвени планови за секаква можна ситуација. Настаните во Киев со протестите излегоа како што излегоа. Никој со сигурност не знаел која варијанта од можните ќе се оствари. Се оствари онаа за која веќе имало предвидено мерка за заштита.
Ти што би направил да си во позицијата на Путин и Русија?
Сега Путин и Русија се силните, а САД и Обама се слабаците кои можат само да лаат од страна. Затоа што (за да не бидат само лајачи) било што поконкретно што би превзеле ќе значи влегување во општа светска политичка криза со несогледливи последици. Украина им е битна, ама сепак тоа е илјадници милји од нивната граница и воопшто директно не ги загрозува. Да не влезеа русите во Крим, позициите ќе беа спротивни. Само што русите ќе беа во многу полоша позиција затоа што ќе беа блокирани до самата своја граница. Сега на испит е американската лудачка стратегија. Дали да изиграме нешто лудачко како што и досега изигрувавме (спржена земја - Виетнам, користење касетни бомби кое пред се носи цивилни жртви, користење на осиромашен ураниум за вечно уништување на територијата и тоа не само на непријателот, бомбардирање дури и на своите сојузници и неговата територија - Косово, користење на се и сешто што е недозволено - Фалуџа, непотребно бомбардирање на кинеската амбасада ...) за никој повеќе да не ни се спротивставува. Ако не изиграат лудачки, ќе падне стратегијата која ја користеа и реално применуваа на светската покерска сцена.
Но независно од се дали Русија имаше друг излез!? Можеби претходно во Украина со Јанукович, ама кој очекувал дека вака ќе излезе.
Ти да си безбедњакот што би направил да си во позицијата на Путин?
 
Последно уредено:

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Стави се во оваа позиција? Безбедњак си и се грижиш за својата и безбедноста на оние кои ти се блиски. Во одреден простор кој ти е многу битен за твојата безбедност постои можност да влезе непријателска сила и да го блокира. Штом тој влегол таму, ти веќе не можеш да влезеш. Ако откако тој е таму и влезеш ти тогаш ти си предизвикувач на судир. А ако влезеш ти прв, сега нека му се мисли противникот. Ти си бил луд, ама него го ставаш позиција да треба да биде тотално луд затоа што тој ќе треба да започне со дејствија кои значат војна.
Ако Путин и Русија не влезеа во Крим. Новата прозападна и антируски настроена власт можеше и секако ќе испратеше трупи во источните проруски региони. Со мали сили ќе ги држеа аеродромите и сите стратешки влезови што ќе оневозможеше влез на руска воена сила. Сосема законски ќе имаа зголемено воено присуство и ќе започнеа со топло-ладно репресалии и масивна медиумска обработка врз проруското население. Репресалиите ќе се смируваа и пак ќе се појавуваа и така со години. А Русија ќе гледаше, и ништо не ќе можеше да стори. Како ќе испаднеше Русија и како ќе испаднеше Путин. Ќе испаднеа како тотални будали во можеби за нив стратешки најбитната држава кои дозволиле да им дојдат антируски сили до самата граница. А западот ќе им се смееше и ќе се правеше на удрен со мутави изјави.
Кажи ми зарем такво нешто ќе си дозволи една голема сила со еден куп на стратези кои само со тоа се занимаваат и имаат однапред изготвени планови за секаква можна ситуација. Настаните во Киев со протестите излегоа како што излегоа. Никој со сигурност не знаел која варијанта од можните ќе се оствари. Се оствари онаа за која веќе имало предвидено мерка за заштита.
Ти што би направил да си во позицијата на Путин и Русија?
Сега Путин и Русија се силните, а САД и Обама се слабаците кои можат само да лаат од страна. Затоа што (за да не бидат само лајачи) било што поконкретно што би превзеле ќе значи влегување во општа светска политичка криза со несогледливи последици. Украина им е битна, ама сепак тоа е илјадници милји од нивната граница и воопшто директно не ги загрозува. Да не влезеа русите во Крим, позициите ќе беа спротивни. Само што русите ќе беа во многу полоша позиција затоа што ќе беа блокирани до самата своја граница. Сега на испит е американската лудачка стратегија. Дали да изиграме нешто лудачко како што и досега изигрувавме (спржена земја - Виетнам, користење на осиромашен ураниум за вечно уништување на територијата и тоа не само на непријателот, бомбардирање дури и на своите сојузници и неговата територија - Косово, користење на се и сешто што е недозволено - Фалуџа, непотребно бомбардирање на кинеската амбасада ...) за никој повеќе да не ни се спротивставува. Ако не изиграат лудачки, ќе падне стратегијата која ја користеа и реално применуваа на светската покерска сцена.
Но независно од се дали Русија имаше друг излез!? Можеби претходно во Украина со Јанукович, ама кој очекувал дека вака ќе излезе.
Ти да си безбедњакот што би направил да си во позицијата на Путин?
Ако би бил Путин...
1. Не би се кандидирал за 100 мандати и менувал уставнот како што ми одговара
2. Не би се понашал како самопрогласен цар
3. Не би се мешал во Украински внатрешни работи
4. САД и ЕУ би ми биле најблиски пријатели
5. Најверојатно ќе бидам во некаков сојуз со погорните и целиот погорен муабет би ми звучел како некој ефтин роман од студента војна.
А да би легазирал геј бракови и марихуана :D
Далеку сум јас од Путин светлосни години.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ако би бил Путин...
1. Не би се кандидирал за 100 мандати и менувал уставнот како што ми одговара
2. Не би се понашал како самопрогласен цар
3. Не би се мешал во Украински внатрешни работи
4. САД и ЕУ би ми биле најблиски пријатели
5. Најверојатно ќе бидам во некаков сојуз со погорните и целиот погорен муабет би ми звучел како некој ефтин роман од студента војна.
А да би легазирал геј бракови и марихуана :D
Далеку сум јас од Путин светлосни години.
Ете Борис Ељцињ тоа го направи и како излезе. Ресурсите оделе во странство, а народот трпел од глад, криминалот цвета. Според тебе добро би било тоа за обичните луѓе.
 
Последно уредено:

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ете Борис Ељцињ тоа го направи и како излезе. Ресурсите одеа во странство, народот трпеше од глад, а криминалот цвета. Според тебе добро би било тоа за обичните луѓе.
Ај толку да не ме кара Братот дека одиме оффтопик.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Затоа што повеќето Македонци како Стефус се добронамерни и истовремено веруваат дека сите се или треба да се ко нив, она христијанското - “не прави го она што не сакаш да ти го прават тебе“.. и така секогаш оставаме да ни прават групен бондажен секс.

Мислам дека оценката на Сардаукар е прилично зрела и 100% точна. Понекогаш треба да се жртвува и доброто име за подобро битие.

Како и да земеме, Американците можеби изгледаат послаби после ова, но реално тие се многу искомплексирани и повредената репутација очекувам да ја повратат со некоја скрајна лудост, како што рече Сардаукар.
Земено објективно, тие не претрпеа никакви загуби, а ова е само една епизода од тоа што следува во наредниве години.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
И Дојче веле извести за 93%
http://www.dw.de/
Но јас не мислам дека Крим ќе се соедини со Русија. Кој има интерес тоа де се случи? - Никој ....Ова е мое мислење. Веројатно ќе остане не дефиниран статус како што се случи во Грузија.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.400
Поени од реакции
18.556
Ако би бил Путин...
1. Не би се кандидирал за 100 мандати и менувал уставнот како што ми одговара
2. Не би се понашал како самопрогласен цар
3. Не би се мешал во Украински внатрешни работи
4. САД и ЕУ би ми биле најблиски пријатели
5. Најверојатно ќе бидам во некаков сојуз со погорните и целиот погорен муабет би ми звучел како некој ефтин роман од студента војна.
А да би легазирал геј бракови и марихуана :D
Далеку сум јас од Путин светлосни години.
зарем озбилно мислиш дека целата стратегија на Русија се базира на еден човек:)?
Не постои можност за сојуз со Сад и Еу,земја као Русија не може да има подредена улога како што имаат сите сојузници на Сад.Дури и коа имале свој човек на чело,пак работеле на тоа да ја ослабнат што повеќе.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.246
Поени од реакции
13.750
Ако би бил Путин...
1. Не би се кандидирал за 100 мандати и менувал уставнот како што ми одговара
2. Не би се понашал како самопрогласен цар
3. Не би се мешал во Украински внатрешни работи
4. САД и ЕУ би ми биле најблиски пријатели
5. Најверојатно ќе бидам во некаков сојуз со погорните и целиот погорен муабет би ми звучел како некој ефтин роман од студента војна.
А да би легазирал геј бракови и марихуана :D
Далеку сум јас од Путин светлосни години.
Позади Путин стои повеќе од еден човек. Исто како позади Обама што стојат 200 агенции и 400 корпорации.(бош бројка удирив)

Ако некој е виновен за директно мешање во Украинските работи тоа се Американците. Мекејн и компанија се убија од подржување на Десниот сектор. Претпоставувам преку фондовите за демократија беа фрлани големи пари во нивна подготовка.А со тоа беа и платени снајперите кои испоубија и нивни соборци и припадници на Беркут.

Доколку НАТО не би постоел.
Доколку не беше прекршен договорот за влез на Балтичките земји во НАТО.
Во 1994 започна првата Чеченска војна, Америка индиректно финансиер и обучувач на чечените заедно со С.Арабија и Катар. Истото се случуваше во 2рата Чечнска војна.

Гледам сите ама буквално сите ја заборавија Грузија 2008. Грузиската војска беше вооружувана според нато стандарди од амерички инструктори. Блитзкригот што го направи Сакашвили уби миротворници.Дали му се судеше? Не.
Го гледаме како се шета и тропа анти руска пропаганда.

Russian peacekeeping battalion played a major role in the defense of Tskhinvali during the Georgian onslaught. Ten peacekeepers from the Russian JPKF force were killed during the Georgian attacks on the base of Russian JPKF peacekeepers in Tskhinvali.[10] Though vastly outnumbered, 250 Russian peacekeepers present in the cantonment repelled five Georgian attacks, destroyed six tanks, and four armored vehicles of the Georgian army. The peacekeepers were offering resistance for three days, until, on August 10, with Russian army units coming over from Northern Ossetia, Georgian army had to retreat from Tskhinvali. The Georgian army failed to take the cantonment of the Russian peacekeeping battalion.[11]



Ете Борис Ељцињ тоа го направи и како излезе. Ресурсите одеа во странство, народот трпеше од глад, а криминалот цвета. Според тебе добро би било тоа за обичните луѓе.
Се создадоа олигарси кои беа со големи раце прифатени од западот. Ако западот беше толку добар, ќе ги санкционираше и ќе им го одземеше капиталот, а не да ги штити за проневери направени на руско тло.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И Дојче веле извести за 93%
http://www.dw.de/
Но јас не мислам дека Крим ќе се соедини со Русија. Кој има интерес тоа де се случи? - Никој ....Ова е мое мислење. Веројатно ќе остане не дефиниран статус како што се случи во Грузија.
Таа опција, најверојатно брзоплето ја туркаат самите Американци со одбивањето да прифатат одредена автономија на Крим како засебна држава, што би оставило простор за негово враќање кон Украина. Меѓутоа, во ситуација кога не го признаваат правото на референдум и отцепување на Русија не и останува друго решение отколку да го инкорпорира Крим како дел од својата суверена територија, со што ќе ја неутрализираат потребата за некакво надворешно признавање. Никој не би одел толку далеку да го квестионира рускиот суверенитет, а ако постојат такви, Русија ќе има уште поголем легимитет да реагира адекватно.

Знаејќи ги валканите Американци предвидувам дека ќе следуваат редица на терористички напади низ Русија, посебно во долните региони и понатамошно трупање на воена сила на нивната граница.
Сходно на ова, не останува друга опција од директен судир кој би ги исфрлил од игра едните или другите. Се разбира доколку никој не отстапи од своите замислени цели.

Прочитав дека се најавува нова студена војна, доколку досега специјалниот третман на Русија не беше така нарекуван тогаш ништо нема драстично да се смени освен што ќе се кристализираат многу појасно анти-руските дејствија на Западот, под изговор дека кризата во Украина ги предизвикала.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
http://www.dw.de/колку-германија-ќе-ја-чинат-санкции-против-русија/a-17500223?maca=maz-rss-maz-eco_timemk-4723-xml-mrss
Русија, како што се вели, е економски многу позависна од Европската унија отколку обратно. Рускиот извоз на енергија сочинува повеќе од половината од руските државни приходи и околу една четвртина од брутодомашниот производ. Повеќе од 80 проценти се извезува на Запад. Доколку ЕУ го прекинае увозот на земен гас од Русија, тоа би му задало значителен удар на рускиот државен буџет. Приходи во износ од 100 милиони долари дневно би биле прекинати одеднаш. Германија, пак, врз основа на тоа што поседува резерви со гас за половина година однапред, би имала доволно време да побара алтернативи.[DOUBLEPOST=1395008220][/DOUBLEPOST]Од Санкции Русија губи многу повеќе од НАТО. Ова може да направи поделба во НАТО зошто најголемата цена ќе ја платаа Германците и Централна и Источна Европа. САД би биле најголеми „добитници“ од ова сценарио.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Затоа што повеќето Македонци како Стефус се добронамерни и истовремено веруваат дека сите се или треба да се ко нив, она христијанското - “не прави го она што не сакаш да ти го прават тебе“.. и така секогаш оставаме да ни прават групен бондажен секс.

Мислам дека оценката на Сардаукар е прилично зрела и 100% точна. Понекогаш треба да се жртвува и доброто име за подобро битие.

Како и да земеме, Американците можеби изгледаат послаби после ова, но реално тие се многу искомплексирани и повредената репутација очекувам да ја повратат со некоја скрајна лудост, како што рече Сардаукар.
Земено објективно, тие не претрпеа никакви загуби, а ова е само една епизода од тоа што следува во наредниве години.
Се согласувам.

Моето мислење за американските потези.
Замисли си дека некој е добро обезбеден во својата тврдина (Русија). За да го извлечеш надвор и со тоа внатре да го растресиш ќе му правиш штета по околината.
Англискиот лорд Марлборо во воениот поход кон Австрија наишол на добро утврдено место. Видел дека е тешко освоиво и наредил војската да почне да пали, да убива, се да уништува по селата и целиот околен регион. Австријците не можеле тоа да го поднесат. Им значело, се работело за нивни блиски. Излегле на дуел и изгубиле.
Сега Америка ќе почне насекаде низ цел свет да удира по сите руски интереси и секој и најмал сојузник ќе биде малтретиран. Каде и да биде криза ќе делува без да има место за меѓународно преразмислување. Ќе одат на лице место и ќе делуваат без прашање за да не дадат простор за блок. Русија нема да биде во можност да парира (како што парираше во Сирија). Но секогаш ќе има можност за изненаден блицкриг (како пресвртницата со Крим).
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.246
Поени од реакции
13.750
@Stefan Дај не го отварај истите дискусии пак, прочитај минатите страници што се дебатирало.
Ок Сад се ултрапобедници, те свативме од твоите ставови.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Кога беа нафтените шокови се бараше алтернатива за нафтата, сега се бара поисплатлива алтернатива на гасот. Нема, едноставно нема поефтина алтернатива од тоа. Секакви глупости се пишат по медиумиве, ќе имало ембарго на Рускиот гас, па не е само Германија, источна европа 100% зависи од гасот, ќе цркнат од ладно и ќе умрат за јадење. Приказни за мали деца се пишат на интернетов. Јасно е дека за било какви договори за да има некакви последици за Русија, нема да има консензус, никогаш немало.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom