Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    733

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Што му објаснувате бе на овој Дарданиа, чисто сумњам дека репликите ги чита. Ко магаре е залетан, Македонија ќе изгубела, поише од ова може ли да се изгуби? Да си туѓинец у своја држава на сметка на БОРЦИТЕ ЗА ЧОВЕКОВИ права на кои им беше давано оружје од пријателските САД.

Косово може, сите го признаа, Крим не може пошто двојни стандарди нели?

Мириса на страв во твоите постови Дарданиа и ми се свиѓа тоа :)[/quote]


Uste koga se vkluci na temava go citam , uste po prviot post go osetiv deka prvoto so mu doslo na pamet e toa " Bondstil " e prazen I sega naebavme ... Od se na svetot samo toa pleme zapadno i severozapadno od nas ne go razbiram , im sluguvaat na zionistite a vikat deka se muslimani .
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Е зошто де? Најубаво му е. Глупаци, изгинаа за џабе.

Точно е. Беа поддржани од САД. Многу нормално. Како се осмелуваат Американците да си ги гледаат интересите?

Овде се гледа твојата идеологија и непознавање како работи светот. Да тврдиш дека Русија не поддржува сепаратизам и нестабилност во про-западни држави покажува религиозна приврзаност кон Русија. СИТЕ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ГО ПРАВАТ ТОА. СИТЕ.
Грците ги подбуцнуваат Курдите во Турција и Албанците во Македонија, Турците ги помагаат помаците во Бугарија, така работи светот другар. Или ти мислиш Свети Путин не би паднал толку ниско?

Ти бараш морал во постапките на Русија. Нема да го најдеш.

Одговорот на последниот цитат ти е одговор на твоето непознавање, а не на непознавањето на горенаведениот член. Апсурдно е да ја споредуваш Руската со Американската надворешна политика. Нормално е тоа дека секоја држава сака да се случи катастрофа на западот односно истокот, но начинот на кој се спроведува истата е различен. За САД јавно се знае дека потпомагаат милитанти во Русија, и ги потпомагаат државите кој ќе влезат во конфликт со Русија. И Русија можеби помага на други држави но не во тие мери. Останатото ти го напиша другиот член, и да повторам, нормално е да сакаш да се расцепи односно да остане целосен некој, но начинот на спроведување во САД и во Русија е премногу различен.
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779

Pocelo je , osekam deka u skoro vreme ke treba da se odi za St.Petersburg na poklonenie na idniot pravoslaven Tsar ! Ajde brakja Rusi spremni sme od sekade na svetov da izgineme za Boga I Carja !
 
M

Mario Gómez

Гостин
Меркел проговори, можи единствена од европјаниве што има одлични релации со Путин. Се закануваат на сериозни финансиски мерки, замрзнување средства на рускиве милијардери и нивните фирми во европа што имале влијание на кризата во Украина, додека у исто време 6.000 германски фирми имаат филијали или погони у Русија, и у исто време 1/3 од енергијата ја црпат од Русија. Бабини деветини според мене. Русите имаат кај да пласираат гас и нафта, ехее кој не сака гас и нафта, а Германија од кој ќе зема. :icon_lol:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.218
Секој човек на светот треба да има некој пред кој ќе одговара.Мора да има баланс а ако некој има апсолутна моќ без разлика дали тоа е Русија или Сад е лошо за малите земји како нашата.
Колку глуп треба да не сватиш дека доколку има една апсолутна светска сила може од курташак да не врати 5 века назад и место сеа да куцаме на компјутер да седиме со калаш во пештера и да чекаме некој дрон да не стопи.
Ова со Украина е очајнички обид за одбрана коа веќе ја напикаа во ќоше.Ако се одвиваат вака настаните русија ќе ја избришат од политичката сцена е после тоа можеме само да кажеме god bless america.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Е зошто де? Најубаво му е. Глупаци, изгинаа за џабе.

Точно е. Беа поддржани од САД. Многу нормално. Како се осмелуваат Американците да си ги гледаат интересите?
.
Што се случи бе камарад? :) Филоамерикано комбатанто лузеро мучос логикаментос.

Те решија по брза постапка, затоа што немаш појма што пишуваш.

Во иднина барем прочитај нешто на темата на која пишуваш или ќе треба да отвориме една Џуниор тема со истиот наслов па ќе си правите пуздер со непостоечки информации, ти и обесправените браќа под мишка.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
^^Што не е јасно? Како што реков сите држави подржуваат сепаратизам, каде што им одговара.
Но, сепаратизмот треба да постои за некој да го помогне.
Американците го помогнаа веќе постоечкиот сепаратизам во Чеченија, Русите го помогнаа постоечкиот сепаратизам во Грузија.

И без навреди, би те замолил.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Албанец отворено да каже дека треба да се подржува Украина поради тоа што тие ни давале оружје во 2001 може да значи:
а. Страв
б. Лицемерието на Албанците нема граници
в, Страв
г. петочен налог од оџата за пропаганда во склоп на општата пропагандна офанзива на САД
д. Страв
ѓ. Све наведено
Не, јас не мислам дека е страв од Русија. Туку страв од турбуленции. Бидејќи нели, како што кажа Дарди на темава „западот е праведен“ и не им даде се. Косово не е членка на ООН, Албанците во Македонија добиваат критики затоа што сакаат да бојкотираат претседателски избори. Од истиот запад.

Знае Дарди дека во моментов употребната вредност на Србија, Српска и Македонија е поголема од употребната вредност на Албанците на Балканов. И дека доколку и Русија почне да извезува конфликти и прави кризи во одбрана, тогаш само прашање на време е кога истите САД ќе ги пуштат Албанците низ вода. Затоа и Косово на своја рака почна да прави армија. Затоа и не го прифатија хемиското оружје од Сирија.
Се работи за страв, а не за искрено сојузништво. Го правиме тоа што го правиме затоа што не можеме самите да се бориме против нив.

Јас би рекол дека преовладуваат анти-американски ставови, а не русофилски. Сепак, најдобро ќе биде да се воздржувате од етикетирања и да дискутирате преку конкретни аргументи.
Сосема ми е јасно тоа. Балканот нема (јас сум на став дека сеуште нема) алтернатива на САД. Доколку Русија успее да влезе со воени бази во Србија, иако убеден сум дека Америте нема да го дозволат тоа, тогаш веќе ќе можеме да разговараме за алтернатива на САД.

Од искуство во разговарање со Дарди, не вреди да му се објаснува разликата помеѓу русофилски и анти-американски. Пробував да извадам нешто повеќе од тоа што го мачи.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Што не е јасно? Како што реков сите држави подржуваат сепаратизам, што им одговара. И без навреди, би те замолил.
Досега демонстрираше јасна дволичност и незнаење на темава.
Јас би те замолил без драматизирање да се соочиш со недостигот на аргументи, не очекуваме твоја согласност, но после вакви постови учтиво би било да не тераш инает и да прејдеш на следна тема. Проба, не ти оди, ти отворив специјална тема за историската позадина, наместо таму ти продолжуваш овде да не храниш со нереални историски небулози.
Особено што ми паѓа во очи на темава е држењето за раце со “обесправените“, сепак твој избор.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Секој човек на светот треба да има некој пред кој ќе одговара.Мора да има баланс а ако некој има апсолутна моќ без разлика дали тоа е Русија или Сад е лошо за малите земји како нашата.
Колку глуп треба да не сватиш дека доколку има една апсолутна светска сила може од курташак да не врати 5 века назад и место сеа да куцаме на компјутер да седиме со калаш во пештера и да чекаме некој дрон да не стопи.
Ова со Украина е очајнички обид за одбрана коа веќе ја напикаа во ќоше.Ако се одвиваат вака настаните русија ќе ја избришат од политичката сцена е после тоа можеме само да кажеме god bless america.
Русија нема толкав потенцијал и сила да биде противтежа на САД.Русија и со таков џокер во ракавот како гасот и нафтата е во многу поподредена положба.Дури и ЕУ ако прекине да биде збир на аспурдно политички коректни старечки пички кои се плашат и од најмали турбуленции може да и мава по некоја заушка на Русија.
Кина е земјата која што ќе ги предизвикува Американците....тоа е џинот што се буди.
Како што САД пред 50-100 години беше подзаспаниот џин кој дур европјаните се колеа меѓу себе влезе од никаде и се промовираше како сила број 1 во светот,исто така лесно може такво нешто да се случи и со Кина.

Додуше може и да дојде до мултиполарност ако Европа се оттргне малце од Америка и се зближи со Русија.Заедно Европа (како континент - не ЕУ) и те како има потенцијал да жари и пали по светот и јас искрено навивам за некоја таква опција.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Додуше може и да дојде до мултиполарност ако Европа се оттргне малце од Америка и се зближи со Русија.Заедно Европа (како континент - не ЕУ) и те како има потенцијал да жари и пали по светот и јас искрено навивам за некоја таква опција.
Мислам дека целта на Германија и Русија е да бидат некој вид на Југославија во таков свет во кој Кина и САД би се бореле за превласт. Организацијата што ќе ја водат да биде јазикот на вагата и да може да се пазарат со двете страни. Ама досега имаа еден голем проблем помеѓу нив во Полска, сега имаат два.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Мислам дека целта на Германија и Русија е да бидат некој вид на Југославија во таков свет во кој Кина и САД би се бореле за превласт. Организацијата што ќе ја водат да биде јазикот на вагата и да може да се пазарат со двете страни. Ама досега имаа еден голем проблем помеѓу нив во Полска, сега имаат два.
Да,делува така....
Да дојде ЕУ на ниво на држава нешто налик на САД и да има партнерски односи со Русија тогаш може и да бидат навистина трета страна што ќе тера свој интерес.
Дур е Европа расцепкана на мали државички кои секоја влече на своја страна ништо повеќе од нови неврзани не може да биде.Штета пред се поради потенцијалот (популациски,воен,технолошки, природни богатства итн.) кој го има пределот од Камчатка до Атлантикот.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Додека О.К е во Европска Унија и дозволува една Грција да ги дупи у здрав памет старата к**ва нема да стане ништо повеќе од што е сега.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
^^Што не е јасно? Како што реков сите држави подржуваат сепаратизам, каде што им одговара. Но, сепаратизмот треба да постои за некој да го помогне. Американците го помагаат веќе постоечкиот сепаратизам во Чеченија, Русите го помогнаа постоечкиот сепаратизам во Грузија.
Не си воопшто објективен. Зборуваш како да е сосема нормално и етички прифатливо директно започнување на кризи во територии кои се или дел од Руската Федерација или кризи во држави кои граничат со РФ.

Иницирање и помагање на војни и тероризам во самата Русија, или на нејзините граници... што е тоа ако не почнување на директен судир кој во најмала рака ја враќа студената војна назад??

Ваквите директни мешања не се едноставно гледање на своите интереси, тоа е почнување војна!

Пак да се вратам на твојата необјективност. Ти дадоа неколку примери, ама еве ти неколку примери и од мене.

Кога Русија би требало да и врати на САД со еднаков реципроцитет на подметнувањата што им ги прават Америте, еве што би требало да се случи:

- Русија да го подржи финансиски и воено движењето за отцепување и сепарација на Тексас. (тајно се разбира, и со целосно одрекување како што тоа го прави САД). Да ги обучува Тексашаните и да праќа во Тексас платеници кои ќе се борат на страната на Тексас и ќе прават проблеми за да се иницираат протести против федералната власт.
Ако гледаш само CNN дефинитивно не си слушнал за борбата на Тексас за отцепување. Повели малку материјал за читање, колку за почеток:
http://texnat.org/
http://en.wikipedia.org/wiki/Texas_secession_movements
http://www.huffingtonpost.com/tag/texas-secession

- Понатаму, Русија да го подржи финансиски и воено движењето за отцепување и сепарација на Хаити. Таму нема движење во зародиш, како во Тексас, не не значи дека такво не може да се подбуцне и развие. Хаити биле независно кралство пред да бидат окупирани и анектирани од САД.

- Русија да почне да подбуцнува и да разгорува антиамериканско расположение во Мексико и Канада, но и во цела латинска Америка и во цел свет.
Во Канада тоа е скоро невозможно, но во Мексико кое сега е со големи проблеми со криминалот и војната меѓу нарко-картелите (дап, сето тоа со американски мешања), и тоа како е можно инсталирање на антиамериканска влада.

Фактот дека Русија не прави вакви работи, додека Америка и тоа како е влезена или пробува да влезе во СИТЕ соседни држави на Русија... тоа би требало да ти каже кој во светот ги прави проблемите со војните и страдањата на човечката раса. Русија делува изнудено, ова треба да му јасно на било кој објективен набљудувач.
Затоа јас сум антиамерикански настроен во денешниов свет, не затоа што многу ја „сакам„ Русија (или скраја да е, Кина).


P.S. Зошто SparroW не одговараш на аргументирани мислења, туку вообичаено љубиш ги чепкаш понаивните форумџии кога ќе истресат некоја зелена? :) Во право е @Bratot и другите што спомнуваат дека треба една јуниор тема да се учите малку на факти, објективност и основи на геополитика. Потоа кој заслужува да му се даде влезница за сениор дискусијата. Вака како што е сега, дискусијава е многу наивна и со глупи непотребни препукувања. Не се проблем спротиставните ставови, туку ниското ниво на дискусија и познавање на фактите за состојбата во светот денес.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.218
Многу ги преценувате кинезите,не е економијата клучна секогаш..Нивното влијание нигде не сме го виделе на дело,додека русиве и успеваат да им заебат некој сметки на западот.А може немаат потенцијал за да бидат на исто ниво али нема ни потреба за тоа,доволно е да влеат страв само дека една таква војна ќе биде непредвидлива.
Од ЕУ сама по себе фактор не очекувајте да биде,луѓето живеат таков лагоден живот што нема теорија да земат пушка и да се борат(бар поголемиот број).Што фактор ќе биде таа држава без воено способно население.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom