Полска ќе инвестира во сопствените извори за енергија, до 2020та ќе инвестираат 12 милјарди евра, со што ќе се ослободат од руската зависност.
Истовремено полскиот премиер повика и Германија да пронајде алтернатива.
Тек тогаш ќе биде интересно, Русија ќе падне економски, и ќе има спротивен ефект, репресираните покраини и републики ќе бaраат отцепување... Во Русија има над 20 милиони муслимани.
Како Полска ќе го смени гасот како енергенс со друг енергенс за 12 милијарди евра? Да имаше такво решение, прво Америка, Кина и Германија ќе најдеа супституција за природниот гас.
Реалноста е дека нема алтернатива за рускиот природен гас во Европа, а потребата за гас само ќе расте, бидејќи европјаните ги затвараат нуклеарните централи од еколошки причини.
Русија има најголеми резерви на природен гас во светот, а кој ги држи енергенсите, тој има моќ.
Најголемиот корисник на гас во светот е Кина на која и` недостига природен гас, зошто количините гас што ги добива преку гасоводите од Туркменистан и Мијанмар се мали и недоволни. Кина користи огромни количини на течен природен гас кој е поскап.
Русија треба да отпочне да испорачува дури од 2018 година природен гас на Кина и тоа по 3,78 билиони кубни стапки дневно, а моменталната дневна конзумација е околу 16 билиони кубни стапки. Претпоставката е дека од 2020 г. потрошувачката на гас во Кина ќе се дуплира.
Од друга страна Јапонија и Јужна Кореја се заинтересирани за рускиот гас, како најблизок извор на овој енергенс.
Мислам дека треба да почнеш да читаш светски финансиски медиуми, па да ти стане јасно која е Русија.
Јапонија изјави дека сака добри односи со Русија пред некој ден. И Норвешка изјави дека сака добри односи со Русија, а знаеме дека Русија и дава на Норвешка да експлатира гас на нејзина територија.
Кина и Јапонија се најголемите финансиери на Америка, а овие земји во иднина ќе имаат уште попријателски односи со Русија.
Одличната економска иднина на Русија е зациментирана и моќта на оваа словенска држава само ќе расте.
Републиките од Руската федерација како би можеле да се одвојат од Русија, кога во повеќето од нив Русите се мнозински народ??? Kako Русија просперира, така кон неа се приближуваат и други соседни држави како Ерменија, па дури и Грузија со која пред 6 години беа во војна
[DOUBLEPOST=1394660868][/DOUBLEPOST]
ЕУ: ...И АКО ВЕДНАШ НЕ СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД КРИМ, ЌЕ ГИ ПРЕКИНЕМЕ РАЗГОВОРИТЕ ЗА БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ СО ЕУ!!!
Леле, многу страшни санкции ќе и вовеле на Русија
Ако и оваа санкција не помогнала, слушнав дека ќе вовел западот уште пострашна санкција: да не им се дозволи на Кримските власти да патуваат на запад .