Американски генерал и останати кои се впрегнати во пропаганда - сешто зборуваат. Им веруваш или сакаш да е навистина така?
Ќе испадне Русија да почнат сите со камења да ја маваат од НАТО државите, готово - ќе падне и ќе исчезне. Ако толку е слаба Русија, што не ја нападнат?
Се плашат од нуклеарна војна? Еми што трупаа сите таков вид на оружје? За да се користи или не?
После пребарувањето по нет да видам штета или освојување од страна на Русија, јас гледам само видеа како Украина победува на сите фронтови, уште малку и војната ќе заврши што Русија ќе мора да плаќа на Украина! Нема никакво видео од руски напади и освојувања, сите вести се како Русија губи, а вестите се од прозападни весници кои се впрегнати со државите од НАТО.
На сите страни про-западни вести како нема никаде напредување, крај... а Зеленски упорно бара состаноци и да се прекине со нападите, не сака веќе во НАТО.
Уште малку ќе посака и да не сака во ЕУ, ама изгледа треба уште 2-3 недели Украинците да победуваат на фронтовите... по муабетите на CNN и останатите „генерали“.
Не верувам јас на западна пропаганда и медиуми (на весници и останати глупости) - најмалку на американски генерали кои толкуваат колку војска има некоја држава и што со нејзе... бујрум нападни ја таа толку слаба војска и држава, или најлесно е прес, па ќе се шири по нетот... и народот ќе прифаќа дека е токму така и ќе гине по ровови бесцелно, со надеж дека се помоќни од другиот...
Што не ја нападнат ако е толку малку и „се е завршено, Русија оперира со макс сили“?
Бидејќи не е точно. Се е сказни. Висок аналитичар од Пентагон, висок аналитичар од CNN, па имаш мајор во пензија како толкува, па ете генерал... сите ја бодрат Украина (и се обидуваат и светот да го убедат) како Украинците ќе победат и како Русија ќе изчезне, толку - нема војска, нема план...