Викторија Нуланд нека ти одговори за Европа
Заканата од Русија повеќе би ги направила зависни од УСА, додај на тоа дека американците нема да толерират Европа која не можат да ја контролират, особено ЕУ армија независна од Нато. Европа веќе има заедничка армија преку Нато, под контрола на Америка. Пак да повториме мисијата на Нато:
Nato was created to keep the Russians out, the Americans in, and the Germans down.
Се додека постои Нато нема да има ЕУ армија. Но интересно е што Германија овие денови ја користи ситуацијата да се ремилитаризира и се очекува да има најмоќна армија во Европа за неколку години. Ќе бидат втората најголема воена сила во Нато и со оглед на тоа дека УСА прави пивот кон Азиа секако дека ќе пробат да создадат ЕУ армија контролирана од Германија. И онака скоро цела Европа е политички и економски зависна од нив, зошто да не ги направи и воено зависни? Расцеп на ЕвроАтлантикот во Европа и Атлантик секако би било добредојдено од Русија и Кина, но тешко дека американците ќе дозволат да се стигне до тој степен. Иако си го бараат со барањата за поголем дефензивен буџет на европјаните. Но ако гледаме реално на крај не мислам дека ќе има четири блока. Помина возот за тоа веќе кога орелот и пилињата ја истуркаа мечката под крилјата на змејот. Ќе останат само два, Западот и Истокот, доминирани од орелот и змејот.
Ми се пријаде пилешко пишувајќи го ова.