Da vo korist se. Kako gi koristat kako ziv stit ne znam. Prisilno ili? Ocigledno Rusite sakaat gradovite da gi osvojat pa mora da vlezat. Dane ocekuvas Ukrainskata vojska bez borba da im gi dade? Posebno koga za sekoj napagjac gradskata vojna e gadna.
Брат Игор, ги користат како жив штит така што не им дозволуваат да се евакуираат, пукаат на секој што ќе проба да се евакуира, се позиционираат во цивилни згради, каде има цивили, на крововите на цивилните згради имаат поставено техника, ПВО, тенкови, оклопни возила, ги поставуваат на 2 метра од цивилни згради и дејствуваат од таму, а во зградите има цивили. Се ова што го збориме, не го збориме од инат или за да тераме пропаганда. Се ова го имаш на Телеграм. Еден тон видеа снимени од самите украински војници во школи, градинки, во станови. Еден тон видеа од цивили кои ја снимаат цела воена техника поставена во непосресна близина, на некој метар од цивилните згради. Од тука и делуваат со што ги прават овие објекти легитимна цел. Имаш видеа од руски дронови кои ги следат. Има веќе стотици видеа од евакуираните цивили од Мариупол, кои кажуваат дека Азов не им дозволувал да се евакуираат, дека пукале во цивилите кои пробувале да го направат тоа. Ај ќе речеш русите лажат, ама пред некоја страна постирав линк од грците кои се евакуирани од Мариупол и сега се во Атина. Они истото го кажуваат. Иначе во Мариупол и околината има грчко малцинство. Имаш видеа од Харков или Мариупол, мислам првиот град беше, каде станарите, неколку жени се расправаат со украинските војници на сред улица, затоа што школото кое е во непосредна близина го претвориле во воен објект. Иначе, по меѓународното право, користењето на цивилното население како жив штит е воено злосторство. Во студија од пред неколку години, од неколку невладини заедно со ОН (не сум сигурен кој све беа), финансирани од Сорос и УСАИД, беше нагласено дека украинската војска, поточно АЗОВ, покрај другите воени злосторства во Домбас, го користеле цивилното население како жив штит. Што значи не е нешто ново за нив, туку тоа им е редовна пракса.
Нормално е да се бранат, не е ништо спорно тоа. Затоа и русите инсистираа да се евакуира цивилното население. За русите е предност цивилите да се евакуираат, за украинците е предност цивилите да останат во градот.
Земи ги за пример србите кога ги бомбардираше НАТО. Они артилерија, ПВО, немаа поставено во близина на цивилни згради, куќи, внатре во градовите, од проста причина што е неизбежно да има жртви ако ги гранатираат тие позиции, а очекувано е секаде од каде се дејствува и да бидат нападнати.