Препорачај што да јадам денес

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
LetMeSea и AnFem..имам предлог... да се собереме па да си направиме едно вакво лососко мезе... не ќе е лошо... :)
 
A

AnFem

Гостин
LetMeSea и AnFem..имам предлог... да се собереме па да си направиме едно вакво лососко мезе... не ќе е лошо... :)
Може. Знаеш ама ќе лизга мезево со ракииче?

Така е, по можност со свежа тетоважа под мишка :sneaky:
До тогаш три ќе направам, ќе го истетовирам и тоа вентилаторот. ;)

Да не бидам оф топик, денес правев пире измешано со морски плодови и филе од лосос, сето тоа потпечено.
 
A

AnFem

Гостин
Мераци, камо слика???
Тапа ми е мобилниот али еве..

110613-0102.jpg


Еве ти и гратис колач со јаболка, кога веќе сликав... :)

110613-0102(001).jpg



AnFem, кога ќе се договориме некој ден ние тројца доаѓаш ли?
Ќе ме частел лосос :)
Скржав е, нема да те части, те лаже колку да ме донесеш. Мене ли тие финти? :icon_lol:
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.721
Поени од реакции
11.559
Кој не пробал сега, нека проба туна сендвич. Delicious.
Рецепти и начин на подготовка има милион на јутуб. :)
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Направете си домашен хот-дог со полимарк сосови (читај:кечап, сенф, мајонез). Домашен помфрит и количина виршли колку сакате. Одличен избор за ова време. Многу поинакво од лепешките од сендвичарите.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
dorucek bel leb i najevtina pasteta
rucek bel leb i najevtin mesen narezok
vecera bel leb i najevtini virsli
zdrava hrana...
pienje voda od cesma.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Зелени цели благи пиперки наполнети со урда, а потоа испржени во масло со малку лук :)
За пиење вода со неколку коцки мраз и убав селски леб..... милина :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Ај да ја размрдаме темата, некогаш станува досадно што да се готви, а полесно е кога имаш "сервирана" идеја.

Ова е многу едноставен рецепт, а мене ми е преубав.
За орентација состојките ќе ги ставам иако е произволен.

1 кг компири
200 гр сирење
Маслиново масло
Мајоран, босилок, сол и бибер
Пола филџан вода

Ги мешате компирите со зачините, ја ставате водата и покривате со фолија. Печете пола саат на 220, ја тргате фолијата и уште 30 минути печете. Го ставате сирењето ( дробете со раце за да биде посочно ) и оставате така неколку минути да омекне. И тоа е тоа.

image.jpeg

image.jpeg
 

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.318
Пита од готови лиснати кори со сирење и копар.. Денес ке правам, слики покасно :D
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Брзи тортиљи со месо и зеленчук

За тортилите:

400-450 брашно
200 топла вода
2 лажици зејтин
Сол

Се меси меко тесто и се дели на 6-8 топчиња во зависност колкави сакате да се.
Се остава 15 минути и на загреана тава печете по 2 минути од секоја страна.
Ги покривате со фолија.

За месото:
300 гр свинско ( може и телешко )
2 големи лажици сенф
200 мл вода
Сол и бибер

Исецканито месо кратко го пропржувате, го додавате сенфот и водата, намалувате на тивко и со капак динстате барем еден саат.
Кога ќе испари водата, пропржувате сосема малку за да фати боја.

За зеленчукот:
По желба: црвена зелена пиперка, кромид, морков ...
Ставате во загреана вок тава и мешате неколку минутки.
image.jpeg

Ставате на тортилата месо и зеленчук и виткате.
Тоа е се.



image.jpeg image.jpeg
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Телешки џигер со помфрит

500гр џигер
250 мл млеко
1 лимон ( или лажичка оцет)

За прелив:
2 лажици оцет
2 чешниња лук
Магдонос

Го миете многу убаво џигерот и го ставате во длабок сад со вода и лимонот да одстои еден саат. Го миете пак многу убаво и го ставате еден саат во млекото да одстои за да биде мек и сочен. Го цедите убаво од млекото.
Наросувате сол и пржете на грил тава, може и на обична како замена.

На крај го ставате преливот.

image.jpeg
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.670
Поени од реакции
14.551
Каде во Скопје има највкусни вафли? По можност да не се со овошни глупости :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom