Препорачај што да јадам денес

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Јас денес обарив морков, компир, брокулии грашок, испоховаф телешки шницли а во водата каде барев зеленчукот (заедно со тро зеленчук) направив убава супа.Една шопска за салатичка, малце ракија, пиво ...
 
Нешто вкусно за пред ТВ додека гледаш филм..... :)
Ќе купите од оние лепчињата-кругчиња ( како погача се), ќе ги пресечете на пола...
ќе изрендате кашкавал и салама и ќе ги стоплите на оган, готово ќе биде кога кашкавалот ќе се стопи....
смесата додека е топла ќе ја ставите во чепчињата, додајте кечап..... за пиење можете пиво или чоколадно млеко... добар филм..... и уживанција ;)
 
Ај дека јас го имам оваа јадење .. Спанаќ во рерна со јајца на око одгоре...
 
Летни палачинки:
Најпрво ќе купиш или ќе направиш палачинки, ама гледај така малце поголеми, а потоа и филот
Солени:
Ќе изрендаш салама, кисели краставички, маслинки, ќе пропржиш малце печурки и ќе почекаш да се исцеди зејтинот од нив, ќе свариш 2 јајца и компири и ќе ги исечкаш на коцки... сето ова ќе го ставиш оладено во еден сад и ќе додадеш мајонез и павлака..... ќе мешаш... ќе ставиш во палачинката и ќе ја завиткаш :)
А потоа, што вика Алачка ........ Мхмхмхмхм :)
 
Чаден лосос
Smoked-Salmon-Crostini-Recipe.jpg
 
Чаден лосос
Лосос ми е омилена риба дефинитивно, ама ова чадениов треба да се забрани. Да се разбереме нема повкусна риба од печен лосос или од рибља чорба со лосос. Ама ова чадениов го има најлошиот вкус што постои и згора на се го продаваат по цена од ѓаол и пол.
 
Не ми прави лиги тука, ти се молам :)

Еве си го направив :P користев ладно чаден норвешки лосос.
IMG_20130610_234222.jpg
IMG_20130610_234701.jpg
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 23:59 ---
Се топи у уста... :love:
 
Ми се допаѓа... да дојдам како гостин да пробам :)

Отиде друже за две минути го снема :pos: , за нареден пат ќе те викам ќе се договориме, ти го носиш лосос а ја се останато :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom