Друже, не му се мисли толку. Ако ме послушаш мене како корисник на кој досега низ рака му прошле (да не претерам ама) сигурно над 100 телефони, за можностите кои ги има и цената која можеш да си ја дозволиш, земај си ја 6630-ката. Или, ете гледам денес во оглас на telefoni.com.mk 6680-ка, 110 евра и бара, значи ќе ти ја даде за 100.
Изборот е тој, добиваш симбианец со добар дисплеј, со пристојна камера, со слот за картица, се што ќе посакаш. До 100 евра, изборот "најдоброто за моите пари" се сведува на тоа.
На крај краева и доколку го купиш и не ти се допаѓа, нема да изгубиш ништо, тие два модела се барани, ќе го шитнеш одма и ќе си ги вратиш парите.