Тишина предавници низаедни, Србо/Четничко/Бугарско/Грчко/Албанск0/Еврејски/НАТО платеници. Срам ве било.
Македонија е земја со слобода на говор и секој кој ке каже спротивно ке лежи во затвор.:pos2:
Се зезам. Ах, далеку сме ние од демократија. Во најдобар случај сме некаде во средина на феудализам. Ве молам не мислете дека вреѓам али мислев на оваа тема (демократско општество и слобода на говор) и еве што мислам, ако грешам ве молам поправете ме.
За демократијата кај нас:
Не може да има демократија се додека нема внатрепартиска демократија во политичките партии во МК. Сега за сега се однесуваат како мафии, има еден Капо ди тути капи (прец. на партија) и обични капи или поручници (извршен одбор, најнедемократска институција на свет) сите други се војници и прават се што ке им се каже.
Вакви се сите партии кај нас, без исклучок, и за жал нема изглед да се промени тоа. Како ке кажат шефовите, така и ке биде, никој не смее да гласа контра оти одма ке биде наречен предавник, ке му ја каменуваат куќата и ке мора да си оди од партија (или да оформи нова).
За споредба ако ви текнува 2003 кога Британија и Америка тргаа во војна против Ирак од партијата на Тони Блер рамно 80 пратеника беа против тоа и дури поднесоа предлог да се изгласа недоверба на влада и да се смени Блер. Секако не успејаа али никој не им замери, си останаа во партија и парламент и никому ништо. Луѓето ги застапувале интересите на своите избирачи како што мислеле дека треба, али никој не морал да мења партија или основа своја. Али ако те бираат преку листа ти си должен на партијата што те стаила таму а не на овците што те гласале.
За феудализмот кај нас. Јас сега ке ги набројам некои од карактеристиките на феудализам кои се општоприсутни кај нас и во другите Балкански земји (и на Кавказ со кој имаме сличности):
Во секој град има еден Гроф, Лорд, или како и да го викаме феудалецот, во Кратово Ѕинго, во Кочани беше оној Ванчо деликатес а сега е типот со печатницата (ги молам Кочанците да помогнат со името ако смеат
) и така натака.
Освен државната/кралската војска секој лорд има своји вооружени сили или репресивни органи, манифестирани како агенции за обезбедување/рекетари.
На лордовите и нивните шерифи закон не им може ништо а они ако се накурчат можат да тепаат и млатат без проблем.
Никој во лордовството не може да прдне без амин на гореспоменатите а не пак нешто повеке да направи.
Феудалците користеејки ги своите позиции се трудат што поголем број зделки да ги завршат во 4 очи и да ги избегнат органите на државата (како даночно) кои и не ги бркаат нешто многу зошто се нели лордови.
Меѓусебната поврзаност и зависност на сите феудалци од било која партија е толкава што кога еден од нив и ке биде откриен како прави нешто матно, обично на суд се влече, влече и на крај заборава а он си оди слободен.
Се прави обид слободните селани да се банкротираат и за да излезат демек од долг да се стават на располаѓање на феудалците кои ке ги земат под „заштита“ и да станат закрепостени селани. ОВа како што можам да видам кај нас оди на следниов начин: кога ке пропаднат земјоделците, а моментално пропаѓаат, ке ја продадат својата земја освен куќите со дворовите, и таа земја ке ја купи еден од нашите феудалци а селаните како работници во фабрика ке одат секое сабајле на својата бивша земја да работат за феудалецот за минимална плата.
Ете, затоа јас мислам дека живааме во феудализам и дур не се деси нешто како буржоаска револуција ке си го кркаме и трпиме.
Од се срце се надевам дека грешам и дека за месец/два ке се преродиме и невработеноста ке ја снема а злоупотребите ке се намалат, ке профункционира судството и слично. Али............20 години сме во транзиција со по двапати сменети мафиите на власт а не се сменило ништо така да........