Трн мислам дека поентата беше, дека во ред е тоа што се апсат и е притворуваат и судат тие што најверојатно вршеле дејности како мито, корупција, шверц, криминал, затајување данок,кои негативно се одразуваат на развојот на државата, но дека малку премногу е осфорсирано по медиумите, не дека не е во ред целата акција, само не мора толку да го величаат по медиумите, и да добива размер на спектакал, туку тоа да биде сосем нормална работа, со што за народот би го восприемил како нормално да ако некој направи некое вакво дејствие да биде санкциониран, нормално информацијата треба да допре до народот кој и што ама да се прават спектакли околу тоа мислам дека е непотребно.
Дарс, нема потреба да се става на кантар тоа што е тој научник или колку и да допринел за развојот на науката, ако направил престап и примил мито, со доказ за тоа, без разлика колку апсурдно тоа на некому да му звучи чим ќе се докаже вината на суд тој ќе си ја отплати казната, што парично , што со лежење во затвор. Пример за тоа ти е Германија, Хелмут Кол кој беше премиер на Германија кога се спои, а тој најмногу допринесе да се спои източна и западна, беше откриен дека направил некоја финансиска малверзација и пак си лежеше затвор за тоа, иако има во германија и статуа негова во чест на неговиот допринос за спојување на Германија.