Излегување. Секогаш бирам излегување. Пред компјутер седам само затоа што немам попаметна работа кога сум дома, па го трошам времето на Кајгана и МСН. Во принцип мразам МСН и ми служи само за договарање или пополнување време. Порано можев на МСН да бидам 24 часа, ама сега ми е преку глава.
Повеќе ценам златен разговор во 4 очи, фино лепо ќе си се договорам со особата да си се видам, па фино лепо и кафе и муабет, а не преку компјутер ќе правам муабет. Плус ме мрзи да куцам.:kesa:
Никад не би избрала компјутер пред излегување. А бе глупости, ќе седам дома затворена кога можам надвор да шетам, на кафиња да одам, да се смеам, да се зезам.
Реалниот свет повеќе го сакам од виртуелниот дефинитивно, затоа и секогаш бирам излегување.