Не ни е дојдено до тоа што наместо елка со дрвени лампиони има конус со блицови....целата финта е што сме
ПРЕЗАСИТЕНИ веќе видено е тоа....ај голем т**** Нова Година плоштадот накитен петардите огнометите се' е веќе видено. Проблемот што нема предновогодишна еуфорија е што се' ни е дозволено и допуштено. Барем од муабети со луѓе така постари од мене, Нова Година било нешто најубаво, тогаш само смееле до 3 саат да бидат излезени ЕЕЕЕЈ!!! А сега што? Секој викенд славиме Нова Година, секој викенд журки, секој викенд иста песна оулоу ноун ес де-жа-ву.
Размилсував нешто околу духот за Нова Година и некако трансформацијата на мојата генерација беше вака
5/6 одделение-Си купив 500 петарди пиратки ама профи
да во тие години е најбитно што повеќе петарди ќе испукаш за вечерта али уште пофраер си доколку пукнеш 10 петарди во рака
7/8 одделение-Ај да правиме журка и да купиме шампањ
Гледање како прават постарите генерации журки по дома очајно се молат родителите да дозволат славење на Нова Година со друштво од одделение, а скришно да купат шампањ и да го помирисаат само. Тато купува детски шампањ а децата шпиунски вадат алкохолен и автоматски спаѓаат во најфраерски клас во школо
1/2 средно
Тука очајно се пробува да се организира Нова Година, месеци унапред се бараат станови, куќи, шупи и кафичи во кои наводно ќе има 40 луѓе, а уствари за парите се пуни и со 200. Главната ствар е што се слави
прва втора трета и кај најјаките
ЧЕТВРТА вечер. Изреката на вечерта е „Мора да муваме нешто„
3 средно
Е тука веќе следи една кулминација од славењето, сваќаш дека ако праиш журка дома ќе ти ја напраат куќата куршлуз, ако правиш по кафичи дека од плаќањето оштета ќе немаш ќар туку ќе бидеш зијан, па решаваш да отидеш на некоја журка. Идеш, се заебуваш викаш дај водка ти даваат ракија за чистење прозори. Бараш пиво-нема, виното станува оцет а коњакот е само мраз

...класично „учукување„ за на журка. „Добрриот„ диџеј прави кул миксичи од Зашто Ме У Образ Љубиш и Insomnia ама тоа не е толку важно колку реченицата на вечерта „Мора да легнам нешто„
4 средно
Враќајки си спомени од тоа како си поминал у 3та година му се лоши од самата помисла да даде пари на некој рандом дечко и одлучува да си помине убав викенд со друштвото (претежно парови) во викендичка малце подалеку од Скопје. Не многу напната ситуација 5 на 5

и културна журка......Новогодишен дух дигнат до даска....Главна реченица „Следната година исто вака„
Е сега идеме вака
У времето ја кога почињав да славам со друштво 5то одделение немаше дискотеки и тоа седење негде со музика до 3 или 4 саатот беше премија, топла вода за нас....после тоа 7 и 8 некако почнавме да се мењаме пробувавме да скубнеме некој петок накај дискотека, ама пак беше закон да пробаш шампањ или да запалиш цигара од што си мангуп. Е веќе од прва натака све беше на сила, значи кој повеќе ќе издржи да седи, кој повеќе ќе испие а нема да заспие и слично...значи натпреварувачка нова година затоа што тоа у дискотека неможеш да го правиш....После 3та веќе све ти е видено, познато ти е и седење до 5 саат сабајле, и пиење до токсикологија и уште милион работи....и духот полека го „снемува„.
Го ставам снемувањето во наводници затоа што духот неможе да го снема, духот може само да се промени:wink: