Предлог за серии и кратки рецензии

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Jonathan Creek

Феноменална серија. Има четири сезони и појма немам зошто не била многу популарна. Стара е серијата, од пред десетина години, нема некој квалитет што знам, али ептен е добра. Во првата сезона се обработуваа стриктно убиства, а понатаму почнаа и за исчезнувања и такви ствари.

Значи се работа за еден човек, Џонатан Крик, кој работи за еден илузионист/магионичар со тоа што му ги измислува точките. И живее во ветерница замислете. Тој има некој талент ала Херкул Поаро да гледа необично работи онаму каде ние смртниците не гледаме ништо. Тој се здружува со една писателка на мистерии и заедно почнуваат да ги решаваат најнеобичаените случаи што може да ги замислите. Додуша таа не решава ништо :) На пример, во една епизода убиецот се затворил во една гаража и откога ја отвориле вратата по 10тина минути, него го немало, а немало ни начин да излезе од таму. Потоа, како може една вредна слика да исчезне во рок од 15 секунди. Во една епизода новинаркава ќе купи шкаф и пред зграда ќе го отвори и во него ќе нема ништо, а кога ќе го отвори дома, од него ќе испадне мртвото тело на една жена. Па, еден музичар тврди дека му ставиле лисици и дека не мрднал од собата 24 часа, а група од 6-7 ученици тврдат дека виделе кога во собата влегува девојче кое подоцна исчезнало, за што музичаров се колне дека во собата не влегло никакво девојче.

За мене најинтересната епизода е Christman special изданието кога една жена ќе изврши самоубиство во 18 часот, дури нејзиниот сопруг ја гледа низ прозор и нема појма за нејзините намери. Таа на почетокот ќе прави муабет со еден скитник и ќе го избрка скитников и ќе се упуца со пушка. Кога сопругов ќе излезе таков успаничен, ќе сфати дека скитникот не оставил траги на снегот!! Има траги од него и од жена му, а од скитникот нема! Уште почудно е тоа што аутопсијата ќе утврди дека жената била мртва веќе во 12 часот од апчиња, и нема никакви шанси да била жива до 18 часот.

Серијава ќе им се допадне на сите оние кои го гледаат серијалот Херкул Поаро и таквите слични, али оваа е подобра :) Плус има по мала доза на хумор во секоја епизода.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
The Big bang theory заврши сезоната, Flash Forward исто, The Mentalist, "V" исто ...
дај предложете нешто, овие погоре некако не ми фаќаат око шо ги има предложено ..
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
The Big bang theory заврши сезоната, Flash Forward исто, The Mentalist, "V" исто ...
дај предложете нешто, овие погоре некако не ми фаќаат око шо ги има предложено ..
Незнам за кои мислиш, дека како препораки не ти се допаднале ама: Брејкинг Бед и Сикс Фит Андер се фар аут серии, далеку пред се што иде у моментов, веруј. За што се работи можеш да видиш на предходните страни.

П.С. Да не играш дота? :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Незнам за кои мислиш, дека како препораки не ти се допаднале ама: Брејкинг Бед и Сикс Фит Андер се фар аут серии, далеку пред се што иде у моментов, веруј. За што се работи можеш да видиш на предходните страни.

П.С. Да не играш дота? :)
хмм .. читнав нешто и на нет .. ќе симнам по некоја епизода ќе ги ѕирнам .. сакам некоја серија кога ќе седнам да ме запрепасти да не станам :)

ПС:
Дота маав порано :), а маав и WoW :) оти?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
хмм .. читнав нешто и на нет .. ќе симнам по некоја епизода ќе ги ѕирнам .. сакам некоја серија кога ќе седнам да ме запрепасти да не станам :)

ПС:
Дота маав порано :), а маав и WoW :) оти?
Епа прав избор ти се двете, нема утка.

П.С. Зашто те знам, сме играле :)
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101
Un Paso Adelante :) Серијата ја даваа на МТВ1 и е најверојатно единственото паметно нешто. Има 6 сезони со околу 15 еп во секоја :) Пробав да ја најдам на интернет никако неможам :(
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
Нешто поопуштено за преку лето.
Californication
Серијата се врти околу Hank Moody, писател кој пробва да си го среди животот. Јака е, гледајте ја - најдобрата рецензија евр. Едно клипче, колку да видите каков лик е Hank,
а можи да биди и многу паметен...

Hank Moody: Just the fact that people seem to be getting dumber and dumber. You know, I mean we have all this amazing technology and yet computers have turned into basically four figure wank machines. The internet was supposed to set us free, democratize us, but all it's really given us is Howard Dean's aborted candidacy and 24 hour a day access to kiddie porn. People... they don't write anymore, they blog. Instead of talking, they text, no punctuation, no grammar: LOL this and LMFAO that. You know, it just seems to me it's just a bunch of stupid people pseudo-communicating with a bunch of other stupid people at a proto-language that resembles more what cavemen used to speak than the King's English.
Radio show host: Yet you're part of the problem, I mean you're out there blogging with the best of them.
Hank Moody: Hence my self-loathing.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Препорачајтеми некоја забавна летна серија, знаете плажи, жени, пари, журки нешто како Округот Оринџ - во тој стил но да не е многу стара серија.
Благодарам!
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101
Препорачајтеми некоја забавна летна серија, знаете плажи, жени, пари, журки нешто како Округот Оринџ - во тој стил но да не е многу стара серија.
Благодарам!
90210 :) Не старата туку има сега нова :) Има до сега 2 сезони со по 22 епизоди :)
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Life on Mars (2006-2007)

Гледам нешто има недостаток на серии, поточно сезони па еве ви да препорачам и јас нешто. Ќе рецензирам една англиска кратка серија што ја изгледав пред месец дена, и се вика Life on Mars.
Има две сезони од по 8 епизоди, премиерно прикажани во 2006та и 2007ма година на BBC, од кои е и продуцирана.

Серијата кај нас беше прикажана од Канал 5 пред нецела година и така всушност јас ја забележав. Видов една сцена, и на прв поглед ми се виде интересно но ништо посебно. Тогаш не ја гледав. По незнам колку време ми светна за серијава да видам што чудо е, и одам на имдб гледам кратка и има висока оценка. Појде на симнување, а јас си реков ако не чини ќе ги прежалам потрошените ресурси (интернет, ДВДа, струја, време и др.) оти не се многу.

Пуштам прва епизода и гледам има некој крими-трилер почеток. Значи во серијата имаме криминалци, имаме полиција, и имаме неизвесност. Тоа сето се насетува уште од почетокот. Tака по кратко време ќе ве освежи песната , дел од одличниот саундтрак главно составен од рок песни од 1970тите. И потоа БАМ, надреализам, првиот пат во мала доза, колку да се насети за понатаму.

Што се раскажува во оваа серија? Главниот инспектор (DCI - Detective chief inspector) во една полициска станица, Сем Тајлер (глумен од Џон Сим), доживува несреќа и се „враќа“ назад во 1973 година. Тој таму, на некој начин е пак детектив, но овај пат за еден чин понизок, нешто како заменик главен инспектор. Неговата стара титула ја има друг цајкан (пазете велам цајкан, не полицаец) со име Џин Хант (глумен од Филип Гленистер).
Драмата почнува. Сем се чуди во каков свет пошол, 30 години назад, полицијата работи многу поинаку. Од една страна го имаме Сем, почитувач на законот и на модерната полициска етика, од друга страна го имаме Хант, човек кој мисли дека ниеден криминалец не заслужува да живее и е спремен да користи мерки против нив кои се косат со законите. Преку конфликтот на овие двајца се поставуваат различни морални прашања. Овие двајца на моменти и добро ќе ве насмеат. Ликовите се разработени.

Глумата на споредната улога, Филип Гленистер, е нешто за наградување.

Остана уште да кажам за сликата. За разлика од многу други серии овде многу е обрнато внимание на фотографијата и на декорацијата на сцената (photography, art direction). Да ги гледаш сцените без збук, без субтитл, годи на окото.

Досега најсеопфатна серија што сум ја гледал. Повеќежанровска, убава слика, rock('n'roll), напната атмсовфера кога треба, неизвесна приказна. Заслужена 10/10.

АaААAAAAA...a. - Песната во позадина е Immigrant Song од Led Zeppelin
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665

Добра серија. Не сум ги гледал сите епизоди, но како што спомна има интересно сценарио, солидна доза на хумор и арни актери. Сепак крајот (ако тоа беше крај на серијата што го дадоа на канал 5+) малку го банализираа. Иако и таков каков што беше е подобар од некои други серии. Хант е закон, а Тајлер малку ми идеше на нерви. :)
И да не го заборавиме главниот мозок во серијата
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Врати че се роде (Ќе се вратат штрковите).

Мене лично ми е омилена серија од овие балкански простори, одличната актерска екипа го креира ова безвременско дело. Инаку серијата е црна комедија ќе го насмее и ќе го растажи човек во една епизода тука нема мрдање.

Сцена Гучи од прва епизода :icon_lol::

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Добра серија. Не сум ги гледал сите епизоди, но како што спомна има интересно сценарио, солидна доза на хумор и арни актери. Сепак крајот (ако тоа беше крај на серијата што го дадоа на канал 5+) малку го банализираа. Иако и таков каков што беше е подобар од некои други серии. Хант е закон, а Тајлер малку ми идеше на нерви. :)
Добар е крајот можеби можеше поинаку. Крајот е
кога овај ќе се врати пак назад
. Наводно амриканскиот римејк имал поинаков крај.

И да не го заборавиме главниот мозок во серијата
Реј нагалено Рејмондо главен мозок? Имаше добри шеги да, ама главниот мозок е главниот лик.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Добар е крајот можеби можеше поинаку. Крајот е
кога овај ќе се врати пак назад
. Наводно амриканскиот римејк имал поинаков крај.

Реј нагалено Рејмондо главен мозок? Имаше добри шеги да, ама главниот мозок е главниот лик.
Мислев на „мозок“. Ако се сеќавам добро ликот (не сум гледал сепак се) не зрачеше со некоја посебна интелигенција. :)
Да, на тој крај мислев. Крај како и секој друг, но можеа да смислат и нешто подобро.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Мислев на „мозок“. Ако се сеќавам добро ликот (не сум гледал сепак се) не зрачеше со некоја посебна интелигенција. :)
Хехе, тогаш не треба да го заборавиме и Крис

Тоа е добро во серијава, што буквално сите ликови, макар се појавиле само за 5 минути, оставаат впечаток кај гледачот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom