Srcee
Unforgettable
- Член од
- 29 април 2008
- Мислења
- 5.275
- Поени од реакции
- 3.496
Jonathan Creek
Феноменална серија. Има четири сезони и појма немам зошто не била многу популарна. Стара е серијата, од пред десетина години, нема некој квалитет што знам, али ептен е добра. Во првата сезона се обработуваа стриктно убиства, а понатаму почнаа и за исчезнувања и такви ствари.
Значи се работа за еден човек, Џонатан Крик, кој работи за еден илузионист/магионичар со тоа што му ги измислува точките. И живее во ветерница замислете. Тој има некој талент ала Херкул Поаро да гледа необично работи онаму каде ние смртниците не гледаме ништо. Тој се здружува со една писателка на мистерии и заедно почнуваат да ги решаваат најнеобичаените случаи што може да ги замислите. Додуша таа не решава ништо На пример, во една епизода убиецот се затворил во една гаража и откога ја отвориле вратата по 10тина минути, него го немало, а немало ни начин да излезе од таму. Потоа, како може една вредна слика да исчезне во рок од 15 секунди. Во една епизода новинаркава ќе купи шкаф и пред зграда ќе го отвори и во него ќе нема ништо, а кога ќе го отвори дома, од него ќе испадне мртвото тело на една жена. Па, еден музичар тврди дека му ставиле лисици и дека не мрднал од собата 24 часа, а група од 6-7 ученици тврдат дека виделе кога во собата влегува девојче кое подоцна исчезнало, за што музичаров се колне дека во собата не влегло никакво девојче.
За мене најинтересната епизода е Christman special изданието кога една жена ќе изврши самоубиство во 18 часот, дури нејзиниот сопруг ја гледа низ прозор и нема појма за нејзините намери. Таа на почетокот ќе прави муабет со еден скитник и ќе го избрка скитников и ќе се упуца со пушка. Кога сопругов ќе излезе таков успаничен, ќе сфати дека скитникот не оставил траги на снегот!! Има траги од него и од жена му, а од скитникот нема! Уште почудно е тоа што аутопсијата ќе утврди дека жената била мртва веќе во 12 часот од апчиња, и нема никакви шанси да била жива до 18 часот.
Серијава ќе им се допадне на сите оние кои го гледаат серијалот Херкул Поаро и таквите слични, али оваа е подобра Плус има по мала доза на хумор во секоја епизода.