Предлог за брак, помош

Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
Има и доста други варијанти али чим си одлучил убаво да си поминеш во Дубаи,ваљда ќе прифати невестата :)
Може ли да ги поделиш тие варијанти вака за секој случај? :)
 
T

Tetro

Гостин
Не беше муабетов да се фалам кај ке одам и што како. Ми искочи таа опција Дубаи, па ми дојдоа некои идеи. Затоа прашав, знам многу луге сакаат Шпанија, Италија ово оно...
Не секоја жена која можеш да ја купиш со пари е среќна жена. За да се решиш да ја побараш за заеднички соживот треба да бидеш сигурен во тој чекор. Прашањето постави го кога ќе си сигурен во себе, но тоа не зависи од координатите на мапата и од надморската висина на која се наоѓате.

Среќно.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
137
Поени од реакции
15
а да се фрлите од авион заедно и дур паѓате да ја запросиш и да и речеш ако каже “не“ нема да го отвориш падобранот xD
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
а да се фрлите од авион заедно и дур паѓате да ја запросиш и да и речеш ако каже “не“ нема да го отвориш падобранот xD
Таман ќе им се погоди она "Додека смртта не не раздели" :ROFLMAO:
 
Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
кај и да ја побараш битно е што ќе и кажеш... немој да и речеш одма ќе се омажиш за мене? тоа и дава простор да ти каже не и да се вратиш како наврнат глушец... Ќе почнеш првин да и збориш (незнам како сте се запознале а у), па иде делот зашто сакам да бидам со тебе (дрн дрн) и на крај битното ПРАШАЊЕ!
мислам дека најсоодветно време ти е приквечер или вечер за таква висина, замисли го градот како свети.... мада мене тоа и не ми е толку романтично колку што ми е плажа некоја или не знам брод еве ти шо викаш....
шо и да напраиш чекаме да раскажеш, така да знаеш!
Со Среќа!!!!
 
П

Пепси_

Гостин
Било каде само да биде изненадувачко и да си има некоја специфичност да не биде рандом запросување.
Е сеа ти Дубаи спомна,таму сигурно има интересни места како што кажа највисоката зграда дрн дрн....можеш и таму,можиш и на плажа со некоја романтична вечера и нешто сл..... и мавни си нешто жестоко оти верувам ќе ти треба да го кажеш тоа :) среќно....
 
Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
кај и да ја побараш битно е што ќе и кажеш... немој да и речеш одма ќе се омажиш за мене? тоа и дава простор да ти каже не и да се вратиш како наврнат глушец... Ќе почнеш првин да и збориш (незнам како сте се запознале а у), па иде делот зашто сакам да бидам со тебе (дрн дрн) и на крај битното ПРАШАЊЕ!
мислам дека најсоодветно време ти е приквечер или вечер за таква висина, замисли го градот како свети.... мада мене тоа и не ми е толку романтично колку што ми е плажа некоја или не знам брод еве ти шо викаш....
шо и да напраиш чекаме да раскажеш, така да знаеш!
Со Среќа!!!!
Фала на искрениов одговор, планот ми е во Дубаи има едно брод-че се вика Bateaux, и е многу убаво средено. Класа ипол. Исконтактирав со дечките, ми рекоа можно е тоа, ке ми дадат посебна маса, нешто у стил цвекиња и така. Тргнува во 19:30 и вози едно 2 саати низ Дубаи марина и слично. И како што викаш кога ке дојде бродчето до одредено, многу убаво осветлено место тука би било прашањето... па ке видиме...
Имав уште една идеа, со хеликоптер, додека кружи низ дубаи, над палмата, тогаш да прашам, само многу бучава има па ке биде изгледа Батеаух.
 
Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
Имав уште една идеа, со хеликоптер, додека кружи низ дубаи, над палмата, тогаш да прашам, само многу бучава има па ке биде изгледа Батеаух.
Не ми се свиѓа хилихоптер.... Мислам тоа само по себе си е атракција па некако ми губи од убавина запросувањето.... Ех... да те здружам малце со дечко ми да поприми од тебе :Dхахаххахаха
Ти разгледај го бротчето прво, немој на маса да ја прашуваш, многу е клише. Застани ја највисоко кај што можете или на палуба и дур си праите муабет попатно нека искочи демек...и те молам немој да забораваш дека ние знаеме коа сте напнати, затоа опушти се!
направи да го памти тој ден засекогаш!!!!
 
Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
.и те молам немој да забораваш дека ние знаеме коа сте напнати, затоа опушти се!
направи да го памти тој ден засекогаш!!!!
Ај вака бидејки тргнавме, што викаш за ова, има еден огромен воден парк, значи се и сешто има, на еден дел пливаат само делфини, кои се толку издресирани што дури се гушка со тебе... па мислев додека знаеш пливаме ово оно, доага делфинче и носи мала кутија, и ја дава на неа и тука прашањето... сум го видел ова, убаво изгледа...

или па уште една... има огромен аквариум во Дубаи, значи, риби вакви тавки и се остало у водениот свет... па у стил да се договорам со газдите, пред да дојдеме таму, да го ставам прстенот во кутија и да го сокријам доле
мегу каменчињата, и кога ке дојдеме таму, да и кажам да причека пред аквариумот, ја да гнурнам, и у стил барам нешто и да го извадам прстенот... да би изгледало како нешто вредно, што чекало долго време да излезе... у тој стил....
само без смеење :) ова се само идеи што ми проаѓаат онака низ глава....
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Дубаи е срање преку лето, ако ти е планот го правиш ова релативно брзо прескокни ја како дестинација, истото направи го некаде низ Европа барем ќе имаш и добар одмор. Ако веќе си решен да го тераш хедонистички и тоа да биде Дубаи тогаш оди во Атлантис,има организирани вечери со сите нишани за мераклии како тебе кој имаат пари за расфрлање. Аква-паркот е за фамилијарни луѓе за да си играат деца во него па не ми изгледа како некое решение за таков хепенинг.

Ако јас се прашувам никогаш не би пошол но ако појдам тоа ќе биде Париз во овај тајминг во годината, инаку сум за Пукет ако одам преку зима.
 
baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277

Се согласувам со тебе. Дубаи е срање, ништо посебно.
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Другар подобро чувај си ги парите и направи си кралска свадба доколку прифати ;)
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Мене лично не ми се допѓа Дубаи за запросување.
Зошто е важна локацијата а?
Нели е важна личноста?
Па после се што сме поминале (навистина многу работи) не ми изгледа интересно некој да ме запроси на 500-600 и више метри на некоја зграда.
Извини, само мое мислење.

Повеќе ќе го ценам дечко ми ако се потруди да зготви нешто, па така фино лепо си вечераме, па малку винце за опуштање, па си се префрламе на тросед за десерт, меѓувремено иде во позадина некоја убава тивка музика. Може и филмче да пуштиме. Па така гушнати и јас загледана во филмот да ми извади прстен и да си каже што има да си каже.

Ете мое мислење:)
 
Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
Вака :) фирмата кај што работам, за одмор ми додели гратис карта и виза за Дубаи за мене и една особа што јас сакам. Што значи јас си плакам само хотел за 6 дена околу 600 евра. и планот е и така одам натаму, со не многу голем трошок како што мислат лугево, и така сум таму, знам дека има убави места за посетување, за затоа помислив на таа идеја. Не дека ја лично се залетав за Дубаи, туку така се погоди, па си викам да искористам и одмор и прашањето :) На крај јас мислам дека ке го изберам тоа бродчето, со фина вечера, и додека одиме таму ваму со него, доага и прашањето и тако даље
 
Само пази го моментот.
Да не утнеш, па да те гледа бледо:cautious:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom