Предизвик за читање книги во 2014

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Полека, полека ја привршуваме темата за предизвик за читање книги во 2013 година, време е да отвориме нова тема, за 2014 година.

Минатата година прекинав со пишување на рецензии во мај некаде, незнам немав време инаку не го извршив предизвикот, прочитав околу 45-6 книги а требаше 50, жал ми е но во 2014 ветувам дека ќе биде.

Лани беа 30-40-50 книги, ама годинава сакам да ги направам малку повеќе, со дозвола од модераторите секако сакам да биде според следниот редослед:
Easy - 35 книги
Normal 45 книги
Hard Core 60 книги.

Правила нема да има т.е. мене не ми текнува да ниедно правило што би можел да го вметнам, тоа нека го средат модераторите.

После секоја прочитана книга пишувајте рецензија овде (немора после секоја) на следниот начин)

Име на книга - Автор - Број на страници
3-4 реченици
и за крај ваша оцена од 1 до 5 :)

Па ајде, нека ни е со среќа предизвикот, се надевам ќе има многу повеќе од минатата година и оваа се надевам ќе го исполнам. Бујрум пишете кој што ќе прифати од бодираните горе. Јас прв

Прифаќам hard core
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Има тема за Предизвици - за или против.

Конкретно, оваа година нема да си поставам предизвик. Тостерот што требаше да го добијам за прочитаните 35 книги сеуште не го добив. Да кажам тоа колку ноќни излегувања имав жртвувано поради читање... просто разочаран сум од управата.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Мислењата избришани. Ние што мрчевме за предизвиков си се искажавме во другата тема. Имате линк во постот на @Saladin.

Од друга страна темава некако прерасна во традиција од година во година и не сакаме диктаторски да им го уништуваме задоволството на луѓето што прифаќаат да читаат и да си водат евиденција на ваков начин.

Следните постови нека бидат од тој тип. Веќе знаат како тие што пишуваа тука во 2013.

Засега клуч. Ќе ја отворам во 2014-та.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Годинава нема да учествувам. Goodreads ми е поинтересен за оваа намена. Нормално дека ќе ги следам оние кои ќе учествуваат :)

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ја приватив hard core од 60 книги, но сега менувам и прифаќам изи од 35 книги.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
1. Артур Шопенхауер - Еристичка дијалектика (Дијалектички трикови, со квалитетни примери како и поглед врз дијалектиката од Шопенхауер.)
2. Фридрих Ниче - Ecce Homo (Екстензија и дополнителен осврт на самиот Ниче кон неговите минати дела)
3. Бертранд Расел - Освојување на среќата (Анализа на секојдневни аспекти на човековиот живот, фрлајќи scope на среќата како цел.)
4.John Stuart Mill - On Liberty (Обид на Mill да воспостави стандарди на врската помеѓу правата и авторитетите кои се одговорни за нив, како заштитници и угнетувачи)
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Прифаќам до 35 книги, можно е и да надминам.

1. Тоuching from a distance: Ian Curtis and Joy Division
Биографија на Deborah Curtis за бракот со лидерот на Joy Division, Ian Curtis, проблемите во бракот, однесувањето на нејзиниот сопруг, проблеми со здравјето, па се до самоубиството. Според неа е снимен и филмот Control во кој токму Deborah Curtis e продуцент.

Од вечерва почнувам со Агата Кристи имам 5-6 книги дома кои ми се читани кога имав 15-16 години, сега ќе ги препрочитам.
 
C

Celsius

Гостин
Прифаќам - 35 Easy
1.To The Light House - Virginia Woolf
Ремек дело на Вирџинија. Ова е прва книга што сум ја читал од неа и ме остави збунет и изгубен, исполнет и празен. Стилот и е нешто кое досега не сум го сретнал кај никој друг писател. Целата книга е за неколкуте дена во кои се спремаат за патувањето до светилникот. Не би откривал повеќе. Симболиката која ќе ја пронајдете низ маестралните реченици на виртуозов на зборот ќе ве остави со отворена уста. Книгата не е голема, но при секој обид да ја читате ќе се најдете во ситација каде после неколку реда го вперувате погледот некаде далеку, каде временски се изгубувате во обид да го пронајдете вистинското значење за вас.
-Че
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
13
Поени од реакции
13
Годинава нема да учествувам. Goodreads ми е поинтересен за оваа намена. Нормално дека ќе ги следам оние кои ќе учествуваат :)

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk

Кажи ми, ако сакаш:), профил име на Гудридс за да те додадам? Постојано барам пријатели со саглам ривјиуа зошто ми е смачено од високи рејтинзи што не држат вода и следствено на тоа губење време на книги кои не вредат да се прочитаат. Толку многу книги, толку малку време...:)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Кажи ми, ако сакаш:), профил име на Гудридс за да те додадам? Постојано барам пријатели со саглам ривјиуа зошто ми е смачено од високи рејтинзи што не држат вода и следствено на тоа губење време на книги кои не вредат да се прочитаат.
Ќе ти пишам ПП. Ама да знаеш, и јас не пишувам ривјуа, само ги бележам книгите кои сум ги прочитала, им ставам оценка и ги распоредувам по полици. А можеш да ги видиш и луѓето кои јас ги следам на гудридс, они оставаат добри ривјус.

Толку многу книги, толку малку време...:)
Ова ми е мото :D
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
За жал, не прифаќам :) Некако easy и не ми е баш easy со оглед на тоа што сакам и мн. други работи да правам покрај читањето, а автобусиве некако се преполни за да си најдеш катче за читање.
Сепак ќе ја пратам темата и ќе се обидам да бидам што поблиску до 35-ката.
Оваа година ја почнав со:
1. Основи на какодалогијата од Иван Станковиќ.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Океј, пошто никој не ми одговори, ќе се пријавам у Normal категоријата, па да се надевам оти ќе ја поминам бројката од 45. У тие 45 ќе бидат и графички новели. Е сега, графичките новели се поголеми од 400+ страни најчесто, шо значи оти у формат на книга тоа би биле околу 100 страни, а 100 страни се доволни за роман да биде, така да ваљда се доволни за да се вбројат тука. :)
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
146
Во 2013 требаше да прочитам повеќе од 30(мислам 45), а прочитав само 31(додека немам напишано пост за последните 6 што сум ги прочитала, а во конечниот список што го направиле со број на прочитани книги на членовите стои 24).
За 2014 го прифаќам easy со прочитани 35 книги, па ќе видиме колку ќе успеам да го реализирам.
Почнав со читање и досега ги имам прочитано овие:
1.Сестрата на Зигмунд Фројд - Гоце Смилевски (околу 300 и нешто страни, книгата не е моментално во мене за да го напишам точниот број).
Добра книга која опишува дел од животот на Фројд, но акцентот е ставен на случувањата на неговата сестра најмногу, а спомнати се и останатите негови сестри и братот. Опишано е и семејството кое Фројд го основал, а и каков бил животот на Евреите кои биле протерувани.
Оцена: 4
2.Седум години подоцна - Гијом Мисо (исто не знам за страните, околу 300 и таа имаше)
Приказна за тоа како двајца разведени родители ќе се зближат по една случка која ќе ја направи еден од нивните деца близнаци. Машкото е кај мајката, женското дете е кај таткото и се воспитувани на многу различен начин.
Која ли ќе биде случката која ќе ги натера двајцата разведени родители без размислување да се качат во авион и да патуваат за Париз?
Оцена: 4,5
Почнав да ја чита Пред да заспијам - Стивен Вотсон, ама на пола сум и ја оставив за подоцна одново ќе ја почнам.
Моментално ја читам Полиња со диви нарциси од Винка Саздова. После следи кратка рецензија и оцена.(сега за сега ми е интересна)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom