Предвремени избори!

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Meне па друго не ми е јасно. Ги слушав сега како цмиздрат дека Груевски сакал тоталитаризам, сталинизам, апсолутно мнозинство во парламентот и дека со тоа ќе ја уништел демократијата. Па нели народот ги дава мандатите на пратениците? Не ги дава Груевски. Народот ќе одлучи на кого ќе му даде мандат на изборите. Народот го прави составот на парламентот, не го прави Груевски. Ако се во право, не треба да се грижат, народот ќе им ја даде довербата на нив, а не на Груевски, така функционира демократијата.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Едно нешто не ми е јасно...

Ако Груевски е стварно Пиноче, Хитлер, кукавица, предавник - и ако сигурно ќе потоне на избори...

ЗОШТО СДС се против избори? Сакаат да го спасат Груевски?

Само во Македонија.

Yup... thats my point too :cug:



Народот ќе одлучи на кого ќе му даде мандат на изборите. Народот го прави составот на парламентот, не го прави Груевски. Ако се во право, не треба да се грижат, народот ќе им ја даде довербата на нив, а не на Груевски, така функционира демократијата.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.507
Поени од реакции
2.642
А бе легнаа да спијат овие ли се заборавија ке има ли уште шоу да гледаме или завршија?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
А бе легнаа да спијат овие ли се заборавија ке има ли уште шоу да гледаме или завршија?
Гледал,не гледал,исто ти се фаќа секако по изборите е небитно кој ќе се престрои во парламентот каде ќе се сменат евентуално само фотељите од кои некои пратеници стекнаа “хемороиди“.Би било добро барем според најавите на Рен кој е голем лажго и манипулант да се укине моронскиот визен режим кон Македонија па и онака истите пратеници веќе ќе нема за кого да ги носат своите “храбри“ одлуки.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
циркусов продолжи...:vozbud:
ако нив не им се спиет...мене ми се спиет... ај :salut:
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Наспроти простотилакот кој го манифестираат партиските членови на СДС, еве нешто што би ја вратило дискусијата во колосек, а меѓу останатото, е многу добра и објективна анализа на ситуацијата.

ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА се изјаснија за предвремени избори. СДСМ не е за предвремени избори, туку за експертска Влада. Тито и Андов не се за предвремени избори, но не се изјаснуваат како понатаму, односно дали се за експертска Влада. Памет(?), сега(?!), мислам.. сите ја сакаме Македонија, ама сакањето има цена, а мене ми се чини дека сите сакаат лесно да профитиираат.

Да, во ред е, можно е да преговараме со Грција и во услови на распуштен парламент. Легитимитетот го има Црвенковски, но евентуалното “решение” ќе мора да се верификува во парламент, веројатно во новиот состав. Скептичен сум дека спорот ќе се реши брзо, иако е можно Буш да ги повика преговарачите во Белата Куќа со подготвено решение на кое ќе мора да се стави потпис, но, нејсе. Ако решението е на наша штета, и рефрендумот е опција.

Да, исто така е потребно и цврсто парламентарно мнозинство, но, Груевски е премногу самоуверен на таа тема во последните 5 6 месеци од кога размислува за предвремени избори.

Тито Петковски е за компромис со Грција како и порано, но не се изјаснува што значи тоа, на пример, да даде некој конкретен предлог. Одамна е јасно дека не му се допаѓаат односите во Владата и неговиот третман од страна на Груевски. Еленовски оди во аут или во ВМРО.

Андов го губи тлото под нозе и е се погласен противник на Груевски, и не знам по кој пат прави салто мортале.

Тачи излезе од Владата со своја математика пред еден месец, но, кога виде дека во новото парламентарно мнозинство ќе биде губитник се врати назад, со услов во форма на неколку закони и признавање на Косово.

СДСМ сака експертска Влада, што во превод би било дека сака да влезе на мала врата во власта, за потоа мирно да прави избори и евентуално да работи на сопствениот рејтинг во наредните 6 или 8 месеци, а под велот да се работи за покана за членство во ЕУ и решавање на спорот со Грција. Во тој случај, Премиер би бил некој/а фигура, можно е од МАНУ или некој сличен фосил, не знам(!), што всушност и не е битно, бидејки таа варијанта очигледно е дека отпаѓа.

ЛДП на пример, како придружник на СДСМ, со своите бирократски работници е секојдневно присутна во јавноста, иако нивниот рејтинг е практично на некое нулто ниво. Колкав им е рејтингот, реално е тешко да се процени, но, ОК(!), ако имаат гласачи нека бидат гласни.

Трајанов е матен човек, кој има тотално нејасна визија, всушност ќе одам понатаму да напишам дека ја нема таа интелигенција, нема едноставна чистина на мисла, ми личи на демагог.

Лажна е дилемата дека ако има избори, ќе се одложи поканата за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тука не паѓајте на пропаганда. Исто како што беше лажна дилемата, НАТО или името. Испадна ни едно ни друго. Грција е впрочем појака во ЕУ, а вчера добивме уште еден ладен туш.

Оттука, заклучокот е прилично едноставен: Груевски им порачува на сите дека не е наивен, напротив, излегува дека е итра лисица. Всушност, тој не е за компромис со Грција, а од друга страна сака стабилно мнозинство за да ја зајакне таа своја позиција и да ја разбие блокадата која му ја наметнува СДСМ во законодавниот дом, а исто така сака и да расчисти со малите играчи. Груевски и порачува на секоја партија да излезе поединачно на избори, а што директно имплицира нивно политичко уништување.

Костовски во овој момент е изземен од сите овие процеси, но доколку Груевски добие како што прогнозираат во ВМРО, на Костовски од старт ќе му биде порачано да си оди, во спротивно ќе се расчистуваат сметки и со него.

ДУИ се на чисто дека сакаат да влезат во идната Влада, и затоа тука треба претпазливо особено што треба да се искористи џокерот, признавање на Косово. Но, коалиција ДУИ ВМРО е тотално промашена работа, која може да не донесе во ќор сокак. Така, ако Груевски не искреира мнозинство за формирање Влада, мандатот ќе мора да и се даде на партијата која има втора по големина парламентарна група, а тука ќе настапи Шекеринска. Но, тоа е веќе калкулација.

Избори ќе има, а според тоа како стојат работите бројот на сателитските партии драматично ќе се намали. За жал, во овој момент тие имаат голема улога во парламентот, па биле апологети на СДСМ или ВМРО. Логиката е да се прекине со состојбата во која, малите партии од по двајца-тројца држат прес конференции и малтретираат околу со нивното апологетство.

Морам да го споменам и Витанов, кој рипна против Груевски, иако Социјалистите и Ѕинго се на страната на ВМРО. Ѕинго, на пример треба да се повлече во пензија. Оровчанец исто, сметам дека треба да се повлече од политиката. Еве, можам да проценам дека за жал, нив ќе ги снема од политичката сцена. Андов, вечниот лисец, треба да оди во пензија, бидејки неговото глупирање со менување на боите веќе драматично нервира. Тука негде е и Лиле Поповска, која го поддржува Груевски, но за која, не ми е јасно како ќе се интегрира со ВМРО, дали преку коалиција пред изборите или на друг начин, бидејки јасно е дека Груевски ќе оди на анихилација на помалите играчи, за директно да се судри со СДСМ од кого, овие “помалите” ќе побараат заштита и евентуално некој пратенички мандат повеќе. Во таа смисла топката е префрлена кај СДСМ, да процени колку од помалите се способни да повлечат глас повеќе и да бидат дел од широката коалиција на чело со СДСМ. Но, коалиции ќе направи и Груевски и тоа во последен момент, со некои од помалите, а сметам дека нема да им понуди ништо посебно. ДОМ-от на Лиле и нејзината тврдоглавост ќе ја натераат да оди сама на избори, за да го зачува “интегритетот”. ВМРО-НП е веќе историја, но останува да се види како некои од одметниците ќе се интегрираат во матичното јато.

За името.
Има повеќе политичари кои се во состојба да прифатат, т.е. да има компромис, но, тоа апсолутно не значи да се продаде кожичката за џабе. Постојано се зборува за компромис, а никој не кажува шо значи тоа. Од друга страна, се знае дека компромис значи додавка која не ни одговара, и плус некаковси пакет, кој сега ќе има нова димензија, позитивна за нас, поради поддршката од Буш. Груевски игра тврдо по прашањето на името, без попустливост. Тука добива поддршка од Поповска, Трајанов, Ѕинго. Ќе има нова ситуација, која ќе се обелодени наскоро, а се насетува дека тоа ќе значи преговори само за името на наш предлог, без никаков пакет, во спротивно ќе ја тужиме Грција.

Зошто да има нови избори, а зошто да нема?
Ќе се сложам дека парламентот е дојден во стадиум на чиста блокада, повеќе од една година. Единствено решение за таквите блокади е да се застане пред гласачите. Такви дилеми имало на разни фронтови во разни земји низ историјата. Впрочем, две спротивставени до коска страни можат да расчистат или во директен дуел, на пример во граѓанска војна или по цивилизирано на избори. Доколку нема избори, решението е експертска Влада, што практично е не одржливо решение, а и оди во прилог на Шекеринска. Тоа би била Влада која би можела да падне во секој момент. Впрочем, таквото решение ќе биде конфузно и лажно, така што, изборите т.е. победата на Груевски ќе имплицира нов концепт за преговорите со Грција и “одлучност” за спроведување на ЕУ агендата. Но, тука ќе има и опструкции. Единствена карика што мора да се направи е т.н. бајпас уште пред да се оди на избори т.е. правење коалиција пред избори, а тоа значи користење на џокерот т.е. признавање на Косово, што очекувам а и е веројатно да се случи пред изборите.

Според односот на силите ВМРО би имале околу 50 до 53 пратеници, СДСМ не повеќе од 27 до 30, ДУИ околу 15, ДПА не повеќе од 12. Останатото до 120, околу 10 до 15 мандати би се поделиле на НСДП, ЛП, ДОМ, ЛДП, Србите, Турците, Ромите.. Владата ќе се формира еден месец после изборите, што значи почеток на јули. Така, фини три месеца од тука каде што сме.

Значи на крај што е добро, а што не?
Ова се изнудени избори, но апсолутно нема потреба да имаме дилеми што е сега битно. Впрочем, битните работи одамна се пропуштени.

Преговори со Грција, но не по секоја цена, ова е контекст од ќутењето на Груевевски после Букурешт. Но, Грција е за одложување на преговорите, иако барем јавно се залага за брзо решение. Тие би почекале да видат што ќе се случи во САД наесен. Со Грција ќе имаме проблеми во наредните десет до петнаесет години, така што, од фашистичката реторика која ја наметнаа Караманлис и Бакојани во последните три четири месеца јасно е дека ништо не можеме да очекуваме. Се е тоа една фина лага замотана во едно фино клопче. ...

Лошо е што повторно Европа не лаже и ни ветува. Од ЕУ не можеме да очекуваме ништо. Како и да е, сите закони за ЕУ можат да бидат изгласани за еден до два месеци, а за спроведување на такво нешто можат да се нафатат и деца од по петнаесет години, но, во ред е да си играме ЕУ големи лажговци, а не “мали деца”. Ајде доста со лаги! Всушност, ЕУ е една шупачка структура.
Убаво напишано, нема што.

Ама нема ни одговор на текстов, како што нема (и неможе да има) на поставените прашања од страна на Братот.

Да се паметни као што не се, СДСМ ќе се самораспуштат, ќе поминат низ катарза, и ќе се вратат на сцената. Вакви као што се сега, немаат шанса!
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Mislam deka po izborite nisto posebno nema da se desi, samo ke se smenatod 10 do 15 novi pratenici, povtorno ke ima opozicija koja najverovatno pak nema da bide po keif na vlasta, zasto opozicijata mnogu zborela nebare, vo drugite zemji opozicijata kutela i zborela samo po potreba na vlasta.
Samo problemoy ke go ima RM koja vo ocite na svetot po neznam koj pat ke ostane nezrela drzava, sega koga site bukvalno site baraat od nas da odime napred da pritisneme i da gi resime site otvoreni prasanja, nie sega resivme da glumime konstruktivna pozicija, i destruktivna opozicija.
Makedonskiot narod mozda e vo zabluda, ali globalno ko ke napravi presek, koga ke go proveri svojot novcanik, definitivno mislam deka ke znae so ke pravi na ovie izbori, samo toa e irelevantno, zasto gruevski sekako e pobednik, bidejki ja protna negovata igra pisuvana od kularite na negovi bliski sosedi i braka, za koja receszent se javuvaat negovite bivsi mentori: Georgievski, Dimitrov, Naumov, Pretsedatelot na Sobranieto, koi spored mene ne se makedonci bugarski nastroeni, tie se Bugari.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Samo problemoy ke go ima RM koja vo ocite na svetot po neznam koj pat ke ostane nezrela drzava, sega koga site bukvalno site baraat od nas da odime napred da pritisneme i da gi resime site otvoreni prasanja, nie sega resivme da glumime konstruktivna pozicija, i destruktivna opozicija.
Што сте решиле да глумите е ваш проблем. А ако сакаш да имаш углед во очите на светот, начинот е еден и само еден. Да се однесуваш како човек со углед и со име достојно за респект, а не како црв кој дозволува да биде газен од секого.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
СДС само во едно не ми се јасни. Толку ли не се слушаат сами себе кога се контрадикторни. Ем викаат као Груевски бил против Нато и несака таму да се приклучиме, ем ваму викаат дека тој се договорил за името и ќе го продаде името-нешто не ми штима тука.
 
Член од
10 април 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
Мене ме интересира само една работа. Цела вечер, цела недела, цел месец слушам пораки од опозицијата за тоа како ние треба да ги одржуваме преговорите со нашиот јужен сосед. Ама за какви преговори зборуваат кога Грција не направи ни еден чекор во тие преговори. Што подразбира Шекеринска под терминот продолжување на преговорите. Цело време викаат(урлаат) дека решението е на повидок и дека прашаење е на недели, ако не и денови. Како мисли госпоѓата Шекеринска да го реши проблемот за неколку дена, кога самиот проблем постои со години, а Грција нема абер да направи никаква одстапка. Најверојатно ни има смислено толку добро име што грциве кога ќе го слушнат ќе паднат на дупе. Е сега тука има еден мал проблем. Ние граѓаните на Р.М.(се надевам барем мнозинството) на пример не сакаме никакво менување. Значи кое фајде од формирање на експертска влада. Е тука е финтата, фајде ке видат само членовите на опозицијата(Шекерка). Значи дај конечно нека прекинат да трубат дека со предвремени избори Македонија ќе западне во незнам си каква криза и ќе ни се случат незнам си какви црни сценарија. Црните сценарија не се случуваат сами по себе. нека оладат малце и нека почнат да се спремаат за предизборна кампања, а им треба големо спремање ако сакаат да добијат некое место во парламент. И искрено се надевам дека ќе водат фер кампања во која нема да бидат пласирани невистини и ниски удари слични на оние што ги слушавме во парламентот.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
.........i sto bidna...ke ima izbori ili ne??????...... :)
 
Член од
10 април 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
Седницата е закажана е закажана за во 11 часот. Значи во текот на денов ќе знајме.
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Сега на А1 слушам дека изгласале ЗА.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom