- Член од
- 7 јануари 2011
- Мислења
- 57
- Поени од реакции
- 10
Виолета Аковска и Никола Жежов во 2004 година ја издадоа својата книга Предавствата и атентатите во Македонската Историја.
Книгата е обемна и исполнета со податоци и факти низ постоењето на македонската нација.
Ќе се обидам низ цитати да пресликам дел од ова истражување низ историјата
--- надополнето ---
Наоѓајќи се во центарот на гордиевиот балкански јазол, Македонците биле најсилно на ударот на освојувачките апетитити на соседите, кои во својот наплив на национално будење во ХIХ-от век, присвојувале голем дел од македонската култура, традиција и обичаи, пропагирајќи го своето право над Македонија, над Македонците или на нивни делови. И во тие бесконечни игри на соседите. Се случуваа невидени и нечуени делби на град од град, село од село, семејство од семејство, брат од брат, човек од човек. Агресивните разноразни пропаганди,
цркви и политики им оставаа многу малку простор на луѓето да се осознаат како Македонци. Затоа, во голем дел, подложни на влијанија, почнале да се мразат како гркомани и гркофоби, бугарофили и бугарофоби, србофили и србофоби... И не само да се мразат, туку и меѓусебно да се убиваат за туѓи политички цели и интереси. Колку ли силни мажи биле убиени за во Македонецот да се убие
македонското? Колку ли Македонци станале предавници и ефтино ја продале својата национална чест и иднината на своите поколенија?
--- надополнето ---
"Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата
на своите синови - изроди како македонскиот"
Гоце Делчев
"...Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција,
јазик и вера серазделува на разни спротивни страни, една од друга
потуѓа..."
"Балкански гласник", бр. 1, јули 1902.
--- надополнето ---
Филип II паднал како жртва на атентатат на неговиот двор, токму на вториот
ден од свадбата на неговата ќерка Клеопатра со братот на Олимпијада,
Александар Епирски.
Свадбата на Клеопатра била прославена во македонската престолнина Ајга
(Еге), со особен сјај и помпезност. Кралот Филип II ги повикал од Хелада
своите пријатели и познаници и пријателите на своите пријатели сакајќи да ги
прослави сите дотогашни победи. Очигледна била неговата желба пред што
поголем број угледни гости да ја покаже својата благонаклоност спрема
Хелените и со соодветни почести да добие докази за нивната преданост. Гозбата
траела цел ден. Филип го овенчале со златен венец, не само поединци, туку и
држави, меѓу кои и Атињаните. Биле организирани блескави игри и музички
натпревари. За следниот ден биле предвидени гимнастички натпревари, а уште
од вечерта масите нагрнале кон театарот. Утрото тргнала свечената процесија
во која, според Диодор, биле носени статуите на дванаесетте олимписки
божества, изработени со големо умеење и богато украсени. Со нив, како
тринаесетта, била носена и величествена статуа на Филип II на престол. Филип
се појавил кога театарот бил полн. За да покаже пред Хелените дека е умерен во
својата популарност, тој им наредил на своите телохранители да го следат од
подалеку. Во моментот кога, заедно со сина си Александар, свечено влегувал во
преполнетиот театар, додека сите и се восхитувале на неговата моќ, одненадеж,
со келтски меч во рацете, скокнал младиот Македонец Павсаниј (Паузаниј), и
му задал смртоносен удар16. Убиецот бил фатен и убиен од Филиповите
телохранители Пердика и Леонат. Така овој весел настан бил претворен во
трагичен чин. Бил убиен човекот кој во своето 24-годишно владеење ја создал
најголемата сила што некогаш во антиката ја имало на Балканскиот Полуостров
и отворил пат за уште пошироки дострели на неговиот наследник Александар
III Македонски. Затоа, со право, Теопомп забележал дека Филип II бил
"најголемиот маж што го имала Европа" до тоа време.
Мотивите за ова убиство остануваат нерасчистени, и покрај некои толкувања и
искази на старите историографи; дали Павсаниј го сторил од лични побуди, или
организатор е некој друг, останува загатка, зашто причина за убиство имале
повеќемина од домашните, но и однадвор.
--- надополнето ---
Затоа, атентатот
против Филип II во Ајга не можеме да го земеме само како личен акт на
Павсаниј и неговите браќа, туку во него активно учествувале незадо-волните
аристократи од Горна Македонија, антимакедонската партија на Атина, а исто
така и Персија. Во тој правец се приклонуваме кон тврдењето на Аријан дека
заговорот против Филип II не бил лична одмазда на Павсаниј, туку на одредени
сили заинтересирани за убиството на македонскиот цар.
Младиот Македонец Павсаниј, чие име можеби никогаш немало да го запомни
историјата, влегол во долгата листа на атентатори кои ќе ги испишат страниците
на македонската историја, од древните Македонци до современата македонска
нација.