Превисоките цени

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Препорачај местенце за јадење у Чаршија?
Не ја посетувам многу често (осим капан-ан), али барем тие неколку пати што сум бил, сум си поминал феноменално..
Ако немаш јадено десетка во турист исто како да не си бил во Чаршија :)
 
S

StormRage

Гостин
кај се вакви цените ? ова е преефтино ? ке си купам карта до охрид ке идам ке се проведам и ке се вратам за поефтини пари него да искочам у скопје :)
ти дојди охрид после барај ме :) од охрид е на 22 км. и пат од охрид најефтино ти е 60 денари :)
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Irish snug pub е ефтино исто, 40 денари еспресо 50 макијато, а за јадењето да не праам муабет..:)
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Ул.Македонија до поранешно Cosmic тука кај игралиштето..:)
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Препорачај местенце за јадење у Чаршија?
Не ја посетувам многу често (осим капан-ан), али барем тие неколку пати што сум бил, сум си поминал феноменално..
Зависи што сакаш да јадеш. Ќебапите се главно речиси секаде убави, пробај во „Пчела“ карши „Илинден“, а доколку сакаш уште поевтино да поминеш тогаш седни на „Лах-Маџун“ во „Галерија 7“, еден Лах-Маџун и чаша ајран (матеница) ќе те чини околу 80 денари. Донер-кебаб има на неколку места и тој е околу 70ден. и е со солиден квалитет. Ако сакаш нешто пософистицирани јадења тогаш во „Спиноф“ можеш да добиеш на пр. одлично рижото, порција салата, 1-2ж`ти со салатата и Амстел со јадењето за околу 400 ден. за кое сметам дека е прилично ок цена.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
za onie koi sto odat vo Ohrid, ne dobro, tuku odlicno jadenje/cena samo "KAJ CICO" do policijata.....nema podobro..eh Prilepska skara, nema podobro, da kasne covek, da porasne.. :) CICO-zakon.. :)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Irish snug pub е ефтино исто, 40 денари еспресо 50 макијато, а за јадењето да не праам муабет..:)
Супер местенце, пријатно, мирно за муабетче таман.
Пиво кригла е 80 со 100 чинам, а пилешки прсти ги плаќам 180.

Локација? о_о

Поглед кон спомен куќа на Мајка Тереза имаш :)
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Не сум 100% сигурен, али мислам дека во Македонска Каменица жестоките пијалаци се по 30 денари, а сечени 40. Пиво беше 50 или 60.
Во склоп на муабетот. Ај пишете кај има најевтини цени на пијалаци во Скопјево? Од јас што имам приметено, во Cool & Continent во ГТЦ жесток пијалак е 80, што и не е нешто посебно скапо. Негде поевтино дури и од ова?
никогаш не биле толку, жестоките се 50 а сечени 60,пиво 60
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.920
Поени од реакции
925
Во Калдрма не сум бил, треба да се помине. :)

Океј, кафичот се вика Белисимо (таму каде што ќе биде и хуманитарната забава на Гратис Гушкање). Еспресо големо е 50, макијато ако не се лажам 60. Ги има оние пакетчиња кафе+сок за 80/90/100 денари (зависи шо кафе пиеш). Точено Скопско 0.5 е 110 денари. Јас прв пат кога отидов се изненадив од цените. Затоа ако идете на ул. Македонија ви го препорачувам Белисимо. :)
е многу ефтино :D

кај што идам јас у кавадарци у експрес кафе (попознат како шанкот) пивото е 80-0.33, наравно... коњакот е 70, т'га за југ 120 мислам... друго немам пиено, али скапичко е...

а кај што идам у тоа кафе барчето пред искачање, коњакот е 30 денари, дуплиот 60, пивото 0.5 е 50... и тн :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Збажди :)
ти џенем фати :) враништа бре пријателе ефтино до крај :) него исто и охрид пивниците се ефтини :)
Ooo Враништа.Коњак/Водка 50!Пелинковац 40 денари!И после да не можам не до Охрид,туку до Струга да не можам да се вратам :D Во Охрид ефтина кригла (0,4) имаш во Аквариус (70-80 ден. Даб),а другите се од 100 нагоре.Во Ајриш Паб Даблин 0,5 е 130.

za onie koi sto odat vo Ohrid, ne dobro, tuku odlicno jadenje/cena samo "KAJ CICO" do policijata.....nema podobro..eh Prilepska skara, nema podobro, da kasne covek, da porasne.. :) CICO-zakon.. :)
Сега и не е баш нешто.Ама во времето ко почнаа беше стварно добра.Една огромна замерка до нив - ако нарачаш за дома да ти донесат ,често пати нарачката им е нецелосна или погрешна!(n)
Добра и ефтина скара во Охрид во Панорама и Фонтана.
 
S

StormRage

Гостин
Ooo Враништа.Коњак/Водка 50!Пелинковац 40 денари!И после да не можам не до Охрид,туку до Струга да не можам да се вратам :D Во Охрид ефтина кригла (0,4) имаш во Аквариус (70-80 ден. Даб),а другите се од 100 нагоре.Во Ајриш Паб Даблин 0,5 е 130.
.
коњак водка брат 40 :) пелинковац е 50, текила е 50, виски е 80 :) убајни :D ама музика срање зато...
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Црна Гора евро 1/2л точено пиво во кафич на плажа, евро вотка/текила/коњак/домашна..јас сакам или пиво или домашна, виски и не ни гледав колку е, останатите ете ги запомнав..Охриѓани ќе треба малку да се замислат оти им е празно се годинава..од се срце би сакал да им се подобри посетата, ама ќе треба самите нешто да сторат со цените..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom