Прв лет на Airbus A350

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Замена за А330 или директен конкурент на 787?
Mногу почнаа да бидат ‘слични‘ еден со еден.Едно време Боинг и Ербас се разликуваа по опашката и неколку ситници.Сега ова со крилата и трупот ептен сличен на 787.
A кокпитот со централните прозорци спуштени надолу и на двата како Су-100-95, влезен во серија пред нив.Инаку прв руски произведен во соработка со западни фирми.
SU100-95

А350-900
Screenshot_2.png
 
Член од
11 април 2013
Мислења
14
Поени од реакции
4
За замена на А330 можеби но А330 сеуште е во производство.Додека за конкурент на 787 еве ти и една слика чисто за споредба.

Овде не е вклучен А340 бидејќи веќе не е во производство.
Што се однесува на рускиот авион, тој е narrow-body short range така што не ни може да се споредува со Ербасот, но ако веќе правиме споредба на дизајнот сите авиони изгледаат слично. Сето тоа се должи на аеродинамичноста. Не се согласувам дека претставува копија на нечиј дизајн бидејќи сите знаеме дека една сериозна компанија како Ербас не би копирала нечиј дизајн. Сето тоа можеби се поклопува бидејки физиката е иста и во Русија и во Франција и во Америка. Сигурно е вложено многу истражување и е испоставено дека тоа е најдобар дизајн за да се искористи максимално потенцијалот на авионот. И во крилата се сосем различни 787 има raked wingtips што во никој случај не се исти како тие на А350. Таков дизајн користи само Боинг.
А Боинг и Ербас отсекогаш се разликувале и тоа драстично не по неколку ситници. Боинг за 737 користи винглетс додека Ербас за А320 и истите се во поголема верзија и на А380 користи сосем различни вингтипс. Дури годинава Ербас се претстави со шарклетс за А320 слични на 737 но сепак немаат никаква заедничка точка. Истото се однесува и на 767 во споредба со А330, се разликуваат во многу сегменти исто така и во крилата како што пишував претходно. Ербас се претстави со ист кокпит за А300,А310,А330,А340, сите овие модели немаат ама барем ништо слично со моделите кои им претставуваат конкуренција од Боинг. Истото се однесува и на Боинг и тие имаат скоро слични дизајни на кокпит, тоа им е како трејдмарк. Сепак крајно време е за нови дизајни и бидејќи скоро сите излегоа со некој нов модел мораа и од Ербас да го направат истото. :)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Развојот на новата ѕвезда на Ербасовото небо чинеше над 10 милијарди евра. Ербасот А350 денеска (14.06) го апсолвираше успешно својот прв лет.
Стартот на создавањето на Ербасот А350 беше означен во 2006 година. Новиот престижен објект на Ербас е резултат на мултинационална тимска работа. Околу 2000 авиодизајнери работеа на развојот на штедлив, лесен и технолошки развиен авион, кој во три различни верзии ќе може да пренесува од 250 до 400 патници и треба да биде пуштен во сообраќај од 2014 година. Над 30 авиокомпании и лизинг-фирми досега нарачаа 613 летала во сите три верзии.
Катар Ервејз е прв муштерија и најверојатно ќе го преземе првиот од 80-те нарачани авиони во летото 2014-та. Се проценува дека досега во логистички исклучително комплексниот проект се инвестирани 10 милијарди евра.
Според анализите на пазарот, во наредните 20 години во сообраќај ќе има над 6000 вакви авиони. Ербас се надева на удел на пазарот од над 50% и негува оправдани надежи дека ќе ги остави зад себе вечните конкуренти од Сиетл.
Фотомонтажа - Ербас А350 и Боинг Дримлајнер
Новите хај-тек авиони на Ербас ќе чинат меѓу 250 и 330 милиони американски долари и тие ќе трошат шест проценти гориво помалку од конкурентот „Дримлајнер“ на Боинг.
Дигитален мок-ап
Во Ербас се избегнува зборот „револуционерен“, но А350, мерено според актуелната состојба на техниката, ќе биде најмодерниот авион на долги релации во светот, кој речиси половина се состои од композитни материјали. Покрај тоа, тој има и нови мотори, подобрена аеродинамика и голем комфор во кабините.
Илјадници соработници од речиси 90 фирми ширум светот работат на новиот авион, од кој во моментов се градат пет тест-летала. Со помош на таканаречен „дигитален мок-ап“, односно дигитален модел кој ги документира сите детали во конструкцијата и тест-фазата на А350, сите учесници во создавањето на авионот и транспортерите можат да видат онлајн каде треба уште да се работи - кои кабли недостигаат, дали акумулаторите се прегреани, или дали се нарачани точно онолку делови колку што се неопходни. Тоа е од помош за да се избегнат, односно согледаат проблеми слични на оние што ги имаше „Дримлајнерот“.
Ербас кај моделот А350, поучен од проблемите со акумулаторите на Боинговиот „Дримлајнер“, се откажа од вградување на контроверзните литиумско-јонски акумулатори и ќе стартува со вообичаени акумулатори.
Досега во логистички исклучително комплексниот проект A350 се инвестирани 10 милијарди евра
Штедлив и удобен
Што се однесува до комфорот на патниците, Боинговиот „Дримлајнер“ и А350 се разликуваат само минимално. Попријатен воздух во кабините, значително пошироки седишта и светла кои ќе се прилагодуваат на фазите ден-ноќ, како и поголеми прозорци, се стандард во двата модела на авиони за долги релации. Кога А350 есента 2014-та ќе почне да сообраќа редовно, од конкурентот во Сиетл во сообраќај ќе има веќе сто „Дримлајнери“, доколку, се разбира, претходно се стави крај на серијата проблеми со кои се соочува Боинг. Тогаш ќе се види кој од двата најмодерни џетови за долги релации го има оптималниот „микс“ од штедливост, безбедност и комфор. Натпреварот почна!

0,,2201327_4,00.jpg 0,,16602216_401,00.jpg 0,,16879733_303,00.jpg
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
Добро авионче ,треба да си купам едно такво чисто така у дворо да го гледам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom