Првата менструација е големо случување во животот на децојчињата кои тогаш преоѓаат во млади девојки ( ваљда така би требало да биде.. ама за кого како) .. Некои ја чекаат со нетрпение, некои не баш и толку ( тука спаѓам јас).. Некои се прилично информирани, некои слабо. За некого е тоа биг диал за некого шок...
како ја доживеавте или преживеавте првата менструација?
Паа интересно беше. Не се бедирав или нешто. Се случи на 20.02.2004, баш знам дека имаше Златна бубамара на телевизија, и ја идам до веце, и кога се избришав имаше малце кафеавко на хартијата. И малце се зачудив, не знаев дека само така ќе ми дојде. И ја викнав вујна ми, ми покажа како се монтира улошка, и така. Малце ми беше голема работа. Мислам, не се возбудив или нешто, ама се сметав за повозрасна
Ми беше срам да и кажам на сестра ми (која патем, е 3,5 години помала од мене). На почетокот ми траеше по 7-8 дена, а сега по 4-5. И исто, различно е од тогаш до сега тоа што тогаш не ме болеше стомак, а пред неколку години почна да ме боли. И така, не знам што повеќе да кажам..
А, да. И беше месец дена пред да напунам 13 години.