Џабе се расправате, се се тоа теории, а на крај којзнае и дали е возможно патување во минатото.
Јас засега верувам дека постои патување во иднината.
Кој знае за теријата на релативноста, знае дека во систем што се движи со брзини блиски со брзината на светлината, времето успорува. Така да ако некој патува низ вселената со такви брзини извесен период, тогаш на Земјата ќе поминат многу години (колку време ќе помине на Земјата зависи од тоа со која брзина се движи патникот и колку време патува, си има равенка за пресметка на ова), па кога патникот би се вратил на Земјата, ќе биде слично како да патувал во иднината.
Ова со успорувањето на времето е признаено за точно од денешната наука, а теоријата на релативноста се знае, ја создал чичко Ајнштајн.