Прашање за Христијанството III

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Повторно разделуваш иако зборуваш за некакво соединување.
Исус, умре само за вас - во црквата или умре за сите?
Ти посочив дека оној кој не собира е против Исус.
Според тоа црквата не му е невеста.
Умре за целокупното создание и сите луѓе што сакаат, а за оние што не сакаат, тогаш кога ќе посакаат.
Матеј 16
18. А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.

Матеј 25
31. А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,
32. и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите;
33. и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.

Црквата во Библијата има повеќе називи, Царство Божјо, Царство Небесно..., меѓу кои и Невеста.
Тоа е символика како израз, со која Бог се служи во Откровението, Црквата буквално како Тело Христово, целокупното создание го собира, буквално без остаток на ниеден атом...

Читај....
14. Ако приврзаниците на Законот се наследници, верата е обессилена, и ветувањето уништено;
15. оти Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престапување.

20. А Законот се додаде, за да се умножи престапувањето. Каде што, пак, се умножува гревот, благодатта се јавува во голема изобилност

Читаш ли зошто е даден законот-библијата,да се умножува гревот,за оние кој ќе излезат од него бидат во изобилност.Исто така, приврзаниците на законот-библијата не се наследници,бидејќи верата ја немаат и ветувањето(за негово второ доаѓање-да разбереш подобро) го уништуваат.
Овде Апостолот објаснува за оние кои не го прифатиле Христос како Креатор и Исполнител на Законот во СЗ.
Уште еден класичен пример, кога некој толкува самоглаво без консултација со Црквата, буквално се лута, прескокнува, вади од контекст и што ли не... Не си свесен колку не си свесен за штетите од индивидуализмот.

Ти не знаеш како да веруваш во Исус!?
Убаво те прашав.
Што подразбираш да веруваш во Исус, како го изразуваш тоа?
Што има врска тоа со моето знаење, верување?!
Едноставно одговори го прашањето, ако не од вера од хуманост, емпатија, култура кон другите.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.507
Поени од реакции
1.071
Умре за целокупното создание и сите луѓе што сакаат, а за оние што не сакаат, тогаш кога ќе посакаат.
Матеј 16
18. А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.

Матеј 25
31. А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,
32. и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите;
33. и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.

Црквата во Библијата има повеќе називи, Царство Божјо, Царство Небесно..., меѓу кои и Невеста.
Тоа е символика како израз, со која Бог се служи во Откровението, Црквата буквално како Тело Христово, целокупното создание го собира, буквално без остаток на ниеден атом...
Како тоа те цитирам..Умре за целокупното создание и сите луѓе што сакаат, а за оние што не сакаат, тогаш кога ќе посакаат.
Како на пазар да си, ајде умира Исус за кого сака,повелете - посакајте и тој ќе умре! :(
Повторно разделуваш!Пак си против Исус,наместо да собираш!

Нешто со симболите имаш промашено, велиш Црквата во Библијата има повеќе називи, Царство Божјо, Царство Небесно..., меѓу кои и Невеста.

Храм- или црква во библијата не кажува дека е вечна,додека за царството божјо или царсството небесно се вели дека е вечно.Затоа и не можеш црквата - храмот да го поистоветиш со царството божјо.
Еве прочитај...после описот за градот кој слегува од небото стокмен како невеста..Јован што гледа!

22. Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бод Седржителот и Агнецот се неговиот храм.
23. И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлила, а светлината му е Агнецот.

И во тој град нема светила (сонце и месечина), според кој се мери времето.
Додека вашата црква според календар обележува разни празници и разноразни светци , но тоа во градот кој слегува од небото го нема.Значи споредбата не одговара со законот/библијата.

За стадото и поделбата на овци и кози!
Овците го следат својот пастир само по неговиот глас и тие се кротки не бунтовни додека козите се тврдоглави и бодат со своите рогови.
Еве ти кажи и одреди си место, го слушаш пастирот само по глас како што го слушна Јован крстител и поверува во него без да го видиш или наоружан си со рогови, инат и тврдоглавост?
Овде Апостолот објаснува за оние кои не го прифатиле Христос како Креатор и Исполнител на Законот во СЗ.
Уште еден класичен пример, кога некој толкува самоглаво без консултација со Црквата, буквално се лута, прескокнува, вади од контекст и што ли не... Не си свесен колку не си свесен за штетите од индивидуализмот.
Не вика така Павле, туку конкретно кажува за оние кој се приврзаници на законот / библијата дека не се наследници, бидејќи ако беа ќе го уништат ветувањето (неговото второ доаѓање).
Ова Исус со поинакви зборови го кажа, стоите на вратата ниту вие влегувате ниту други пуштате да поминат!
Убаво те прашав.
Што подразбираш да веруваш во Исус, како го изразуваш тоа?
Што има врска тоа со моето знаење, верување?!
Едноставно одговори го прашањето, ако не од вера од хуманост, емпатија, култура кон другите.
Дали предходно прочита дека верата е одлика на оние кој се водат по духот?

Но,да не се збуниш уште повеќе ќе дообјаснам!
Во својот живот човек треба низ настаните да води помеѓу умот и срцето, да чекори по средината.
Тоа е тесна патека колку за човечка нога, следејќи само еден закон..љуби го ближниот како самиот себе!
Од таа дуалност помеѓу емоциите(срцето) и умот (разумот) човек доколку истрае по патот ќе ги соедини во едно,е тоа едно е духот.Тогаш се појавува верата.
Но,бидејќи многумина трчаат ,а само еден ја добива наградата, на останатите оние по тело им преостанува како овци да чекаат за да слушнат гласот од својот паатир кој ќе ги поведе низ мирни предели, а другите кој не се овци, кој својата вера ќе ја поистоветат со борба, бодење и инатење местото им е во огненото езеро.

Значи три опции имаш , да трачаш помеѓу срцето и умот, да чекаш како овца или да се бодеш докажувајќи некаква вера!
Од она што го читаме од тебе ти си оној третиот.
Ниту слушаш,ниту си кроток како овца, ниту по средина чекориш,постојано разделуваш, само бодеш и мудруваш и со таа мудрост сакаш да војуваш во име на некаква црква која не е вечна и нема место во градот кој слегува од небото со второто доаѓање на Исус!:(
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Како тоа те цитирам..Умре за целокупното создание и сите луѓе што сакаат, а за оние што не сакаат, тогаш кога ќе посакаат.
Како на пазар да си, ајде умира Исус за кого сака,повелете - посакајте и тој ќе умре! :(
Веќе ти одговорив Библиски, и преведено и протолкувано.
„Пазарскиот диоптер“, “на нивоу“, незнам од кај ти потекнува, имаш граматички спин, Исусовото дело од сотириолошки аспект е дефиниран во аорист граматичка форма, а од антрополошки аспект е во имперфект форма. Слабо “Англискиот“ (Граматиката, Догматиката дамбетер), а ?

Повторно разделуваш!Пак си против Исус,наместо да собираш!
Во случајов ти си Фарес(ако воопшто разбираш што значи тоа?).

Храм- или црква во библијата не кажува дека е вечна,додека за царството божјо или царсството небесно се вели дека е вечно.Затоа и не можеш црквата - храмот да го поистоветиш со царството божјо.
Називот „Црква“, во теологијата има амбивалентен, сугуб карактер..., ова е елементарно непознавање, срамота е овде да едуцирам за вакви работи...

За стадото и поделбата на овци и кози!
Овците го следат својот пастир само по неговиот глас и тие се кротки не бунтовни додека козите се тврдоглави и бодат со своите рогови.
Еве ти кажи и одреди си место, го слушаш пастирот само по глас како што го слушна Јован крстител и поверува во него без да го видиш или наоружан си со рогови, инат и тврдоглавост?
Соу уот? Ти си Алф, па?

Не вика така Павле, туку конкретно кажува за оние кој се приврзаници на законот / библијата дека не се наследници, бидејќи ако беа ќе го уништат ветувањето (неговото второ доаѓање).
Ова Исус со поинакви зборови го кажа, стоите на вратата ниту вие влегувате ниту други пуштате да поминат!
Вакви “нарации“ има колку што има читачи-индивидуалци(“стручњаци“), кои не кореспондираат ниту со времто ниту просторот, ниту Библиски, ниту историски..., не вреди да се објаснува, „без врска“ е дискурсот.

Од таа дуалност помеѓу емоциите(срцето) и умот (разумот) човек доколку истрае по патот ќе ги соедини во едно,е тоа едно е духот.Тогаш се појавува верата.
Но,бидејќи многумина трчаат ,а само еден ја добива наградата, на останатите оние по тело им преостанува како овци да чекаат за да слушнат гласот од својот паатир кој ќе ги поведе низ мирни предели, а другите кој не се овци, кој својата вера ќе ја поистоветат со борба, бодење и инатење местото им е во огненото езеро.
Значи три опции имаш , да трачаш помеѓу срцето и умот, да чекаш како овца или да се бодеш докажувајќи некаква вера!
Од она што го читаме од тебе ти си оној третиот.
Овој “антрополошки дескрипт“ нема блага врска со духовниот онтолошки слој на човекот...
Фалично го опишуваш и психолошкиот слој..., еве, да ти дадам размисла-задачка, каде и на кој начин би го вклопил волевиот, психолошки хемизам во “твојата“ психолошка стратификција за човекот, да ја корелира спекулативната дуалност, која самиот си ја задаваш како аскетски репер?

Фала ти што ме фрлаш у пекол, сва среќа Божјата милост не зависи од твојата емпатија, инфернализам..., би немало место во геената, но јас напротив, воопшто не те мразам, напротив, младешки си ми симпатичен, ме секира малку трагичноста(кога некој од пазар сака да рипне одма у пилотско седиште...), но со растење, зреење низ годините, ќе си дојдат на место работите. (y)

Во таа насока, еве, сепак ќе се обидам и да ти помагам...:)

Размислувај за твојата теологија и насока, став преку овие Евангелски стихови, ме интересира дали можеш да ми протолкуваш, по твое, ако?
(Јован 6)
27. Работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за живот вечен и која ќе ви ја даде Синот Човечки, зашто врз Него сложил печат Бог Отец.”
28. А тие Му рекоа: „Што да правиме, за да извршуваме дела Божји?”
29. Исус им одговори и рече: „Делото Божјо е ова: да поверувате во Оној, Кого Го испрати Он.”
30. А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш?
31. Татковците наши јадеа мана во пустината, како што е напишано: »Леб од небото им даде да јадат.«“
32. Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не Мојсеј ви даде леб од небото, а Мојот Отец ви дава вистински леб од небото.
33. Зашто лебот Божји е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.”
34. Тогаш тие Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб!”
35. А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; +кој доаѓа при Мене, нема да огладни, и, кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни.
36. Но ви реков – дека вие и Ме видовте и пак не верувате.
37. Сè што Ми дава Отецот, ќе дојде при Мене; а кој доаѓа при Мене, нема да го испадам надвор;
38. оти слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати.
39. А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сè што Ми дал да не погубам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден.
40. Волјата на Оној што Ме прати е: секој што ќе Го види Синот и поверува во Него да има живот вечен, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.”
41. Се разгневија против Него Јудејците, дека рече: „Јас сум лебот што слезе од небото”,
42. и зборуваа: „Зар не е Овој Исус, Јосифовиот син, Чиј татко и мајка ги познаваме? Како тогаш Он вели: »Слегов од небото.«“
43. Им одговори Исус и рече: „Не гневете се помеѓу себе.
44. Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме прати; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
45. Кај Пророците е напишано: »И ќе бидат сите од Бога научени.« Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа при Мене.
46. Но тоа не значи дека некој Го видел Бога, освен Оној, Кој е од Бога; само Он Го видел Отецот.
47. Вистина, вистина ви велам: Кој верува во Мене има живот вечен.
48. Јас сум лебот на животот.
49. Татковците ваши јадеа мана во пустината и умреа;
50. а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре.
51. Јас сум живиот леб што слезе од небото; кој јаде од овој леб, ќе живее вечно; а лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.”
52. Јудејците пак почнаа да се препираат помеѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?”
53. А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе.
54. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
55. Зашто Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв – вистинско питие.
56. Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.
57. Како што Ме прати живиот Отец, и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене.
58. Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее довека.”
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.507
Поени од реакции
1.071
liberij , посочив конкретни цитати од библијата и гледав колку може да не бидат духовно длабоки со што би биле поблиску до твоето разбирање.Прочита и сам дека законт постои за да се намножи гревот,а тоа е така бидејќи самите текстови се наменети да создадат длабок јаз помеѓу доброто и лошото.
Не случајно те упатив кон огненото езеро да го извадиш Исус од бездната , за да после се качиш на небото и го симнеш од таму.:)

Сите под законот се грешни и самата библија го потврдува тоа!
Прифати си го гревот или што би рекле едни тука - промашувањето и покај се.
За да Исус рече... ја најдов мојата загубена овца.

Правдата не доѓа преку библијата-законот,туку само преку верата , имај го тоа на ум!

12. А Законот не е од верата, туку зборува: „Кој ќе ги исполни овие работи, тој ќе биде жив преку нив”

а за да бидеш жив,треба....
19. преку Законот умрев за Законот, и, за да живеам за Бога, се распнав со Христа;
20. и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји
А откако умреш ти си над законот.
Не се согласуваш со тоа што го читаш?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Да прашам (бидејќи се начна муабетов од други теми):

Што го прави еден човек христијанин?
Само Библијата и да верува во нејзе и она што е запишано да го смета за реалност и да живее по тие принципи, или мора исто така да е крстен во било која христијанска црква, да е дел од самата црква...?

Не знаев каде да барам одговори за ова... значи муабетот дека сите се христијани не е одговор, бидејќи истото го зборуваат и муслиманите, сите се муслимани.
Јас ете не сум ниту христијанин ниту муслиман и тоа е доволен доказ дека не сите се христијани или муслимани :)
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651

...Христијанин или Муслиман како човечка универзална вистина Хепта,а не како убедување ;)
...што би значело,целото човештво како продукт од Бог или Алах
...тоа што ти не се осеќаш како таков е една сосема друга приказна :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Воопшто не е ова одговор на прашањето што го поставив во однос на христијанството и што го прави човек христијанин.

Дали верувањето во Христос, дали тоа што е крстен (ако не е крстен дали е христијанин), дали да е дел од некоја црква...?
ОВа твоето е романтизам - и нема ништо со тоа што јас прашувам, си го промашил прашањето. Читај повнимателно.

П.С. Јас не се потпирам на тоа што чувстувам кога се работи за религиите. Не знаев дека христијанин е чувство :)

П.ПС. Ако е чувство, не може да си христијанин по наследство, како што зборуваат :) Мисли пред да ми одговориш целиот во поетичен занес ;)
 
Последно уредено:

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.134

Ќе пробам да ти одговорам кратко во мој стил пошто не сум љубител на реферати во кои многу се зборува а ништо не се каже...
Да,да и да!Проблемот е што под капата на христијанството многу луѓе/народи се лажно претставуваат а злото шиба од нив како тазе ископана бушотина од која извира сирова нафта...:coffee:
 
Ако за се е да одговорот (иако сомнително да е така) - тогаш нели испаѓа дека сите се зло едни кон други и се негираат меѓу себе непотребно заради некоја хиерархија и припадност, дури и земска политика е вмешано во целата оваа работа?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Воопшто не е ова одговор на прашањето што го поставив во однос на христијанството и што го прави човек христијанин.

Дали верувањето во Христос, дали тоа што е крстен (ако не е крстен дали е христијанин), дали да е дел од некоја црква...?
ОВа твоето е романтизам - и нема ништо со тоа што јас прашувам, си го промашил прашањето. Читај повнимателно.

П.С. Јас не се потпирам на тоа што чувстувам кога се работи за религиите. Не знаев дека христијанин е чувство :)

П.ПС. Ако е чувство, не може да си христијанин по наследство, како што зборуваат :) Мисли пред да ми одговориш целиот во поетичен занес ;)
Ти ли не го знаеш одговорот на прашањето што го постави??
Дај Хепта, немој да не зезаш:pos:..па ти знаеш и на ѓаволот дупката каде е , а не пак како човек станува христијанин или муслиман:D
Предавање можеш да држиш за сите религии и сатанистички здруженија.
Еве лично, јас за мене ќе ти кажам...Јас сум Христијанка, православна, затоа што, пред се, моите родители ме крстеле во Св.Димитрија и со самиот тој чин ми ја " наметнале" таа вера.
Верувам во Бога затоа што јас така мислам, тоа е мое убедување, како творец на целиот свет и ...на жалост, не ги почитувам доследно сите 10 божји заповеди....па, ако треба, ќе горам у пеколот.
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.134
Ако за се е да одговорот (иако сомнително да е така) - тогаш нели испаѓа дека сите се зло едни кон други и се негираат меѓу себе непотребно заради некоја хиерархија и припадност, дури и земска политика е вмешано во целата оваа работа?
Премногу е вмешана политиката,оние кои ја љубат вистината за жал се малцинство во целата прича...
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.294
Зборуваат тие теоретичарите на заговор дека превртениот пентаграм е знак на ѓаволот. Се прашувам зошто овој знак стои на влезот на католичка црква?

Некој да ми каже за значењето на овој знак?
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
Воопшто не е ова одговор на прашањето што го поставив во однос на христијанството и што го прави човек христијанин.

Дали верувањето во Христос, дали тоа што е крстен (ако не е крстен дали е христијанин), дали да е дел од некоја црква...?
ОВа твоето е романтизам - и нема ништо со тоа што јас прашувам, си го промашил прашањето. Читај повнимателно.

П.С. Јас не се потпирам на тоа што чувстувам кога се работи за религиите. Не знаев дека христијанин е чувство :)

П.ПС. Ако е чувство, не може да си христијанин по наследство, како што зборуваат :) Мисли пред да ми одговориш целиот во поетичен занес ;)
...можеби и е романтизам тоа што јас го искоментирав,секој ги абсолвира работите на поинаков начин
...не е романтизам прашањето за вистината и би те замолил да го одговориш без да ти дообјаснувам
...btw,сите овие дискусии што ги правиме овде се базираат на нашето појмување на вистината
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
...можеби и е романтизам тоа што јас го искоментирав,секој ги абсолвира работите на поинаков начин
...не е романтизам прашањето за вистината и би те замолил да го одговориш без да ти дообјаснувам
...btw,сите овие дискусии што ги правиме овде се базираат на нашето појмување на вистината
Не знам за кое прашање во темава се работи што си го поставил за некаква вистина...
Дообјасни.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Зборуваат тие теоретичарите на заговор дека превртениот пентаграм е знак на ѓаволот. Се прашувам зошто овој знак стои на влезот на католичка црква?

Некој да ми каже за значењето на овој знак?
Хепта те игнорира со одговор, а може два тома објаснување да ти даде...ама и ти си рчкало;)
превртен пентаграм симболизира Божјо преображение, а некој велат дека тоа е Витлеемската звезда, која трите мудреци ги одвела до Витлем, каде што се родил Исус.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom