Умре за целокупното создание и сите луѓе што сакаат, а за оние што не сакаат, тогаш кога ќе посакаат.
Матеј 16
18. А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.
Матеј 25
31. А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,
32. и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите;
33. и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.
Црквата во Библијата има повеќе називи, Царство Божјо, Царство Небесно..., меѓу кои и Невеста.
Тоа е символика како израз, со која Бог се служи во Откровението, Црквата буквално како Тело Христово, целокупното создание го собира, буквално без остаток на ниеден атом...
Како тоа те цитирам..
Умре за целокупното создание и сите луѓе што сакаат, а за оние што не сакаат, тогаш кога ќе посакаат.
Како на пазар да си, ајде умира Исус за кого сака,повелете - посакајте и тој ќе умре!

Повторно разделуваш!Пак си против Исус,наместо да собираш!
Нешто со симболите имаш промашено, велиш
Црквата во Библијата има повеќе називи, Царство Божјо, Царство Небесно..., меѓу кои и Невеста.
Храм- или црква во библијата не кажува дека е вечна,додека за царството божјо или царсството небесно се вели дека е вечно.Затоа и не можеш црквата - храмот да го поистоветиш со царството божјо.
Еве прочитај...после описот за градот кој слегува од небото стокмен како невеста..Јован што гледа!
22.
Храм, пак, не видов во него, бидејќи
Господ Бод Седржителот и Агнецот се неговиот храм.
23. И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлила, а светлината му е Агнецот.
И во тој град нема светила (сонце и месечина), според кој се мери времето.
Додека вашата црква според календар обележува разни празници и разноразни светци , но тоа во градот кој слегува од небото го нема.Значи споредбата не одговара со законот/библијата.
За стадото и поделбата на овци и кози!
Овците го следат својот пастир само по неговиот глас и тие се кротки не бунтовни додека козите се тврдоглави и бодат со своите рогови.
Еве ти кажи и одреди си место, го слушаш пастирот само по глас како што го слушна Јован крстител и поверува во него без да го видиш или наоружан си со рогови, инат и тврдоглавост?
Овде Апостолот објаснува за оние кои не го прифатиле Христос како Креатор и Исполнител на Законот во СЗ.
Уште еден класичен пример, кога некој толкува самоглаво без консултација со Црквата, буквално се лута, прескокнува, вади од контекст и што ли не... Не си свесен колку не си свесен за штетите од индивидуализмот.
Не вика така Павле, туку конкретно кажува за оние кој се приврзаници на законот / библијата дека не се наследници, бидејќи ако беа ќе го уништат ветувањето (неговото второ доаѓање).
Ова Исус со поинакви зборови го кажа, стоите на вратата ниту вие влегувате ниту други пуштате да поминат!
Убаво те прашав.
Што подразбираш да веруваш во Исус, како го изразуваш тоа?
Што има врска тоа со моето знаење, верување?!
Едноставно одговори го прашањето, ако не од вера од хуманост, емпатија, култура кон другите.
Дали предходно прочита дека верата е одлика на оние кој се водат по духот?
Но,да не се збуниш уште повеќе ќе дообјаснам!
Во својот живот човек треба низ настаните да води помеѓу умот и срцето, да чекори по средината.
Тоа е тесна патека колку за човечка нога, следејќи само еден закон..љуби го ближниот како самиот себе!
Од таа дуалност помеѓу емоциите(срцето) и умот (разумот) човек доколку истрае по патот ќе ги соедини во едно,е тоа едно е духот.Тогаш се појавува верата.
Но,бидејќи многумина трчаат ,а само еден ја добива наградата, на останатите оние по тело им преостанува како овци да чекаат за да слушнат гласот од својот паатир кој ќе ги поведе низ мирни предели, а другите кој не се овци, кој својата вера ќе ја поистоветат со борба, бодење и инатење местото им е во огненото езеро.
Значи три опции имаш , да трачаш помеѓу срцето и умот, да чекаш како овца или да се бодеш докажувајќи некаква вера!
Од она што го читаме од тебе ти си оној третиот.
Ниту слушаш,ниту си кроток како овца, ниту по средина чекориш,постојано разделуваш, само бодеш и мудруваш и со таа мудрост сакаш да војуваш во име на некаква црква која не е вечна и нема место во градот кој слегува од небото со второто доаѓање на Исус!
