liberij
ТЕРИРЕМ
- Член од
- 3 април 2012
- Мислења
- 2.037
- Поени од реакции
- 1.018
Умре за целокупното создание и сите луѓе што сакаат, а за оние што не сакаат, тогаш кога ќе посакаат.Повторно разделуваш иако зборуваш за некакво соединување.
Исус, умре само за вас - во црквата или умре за сите?
Ти посочив дека оној кој не собира е против Исус.
Според тоа црквата не му е невеста.
Матеј 16
18. А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.
Матеј 25
31. А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,
32. и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите;
33. и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.
Црквата во Библијата има повеќе називи, Царство Божјо, Царство Небесно..., меѓу кои и Невеста.
Тоа е символика како израз, со која Бог се служи во Откровението, Црквата буквално како Тело Христово, целокупното создание го собира, буквално без остаток на ниеден атом...
Овде Апостолот објаснува за оние кои не го прифатиле Христос како Креатор и Исполнител на Законот во СЗ.Читај....
14. Ако приврзаниците на Законот се наследници, верата е обессилена, и ветувањето уништено;
15. оти Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престапување.
20. А Законот се додаде, за да се умножи престапувањето. Каде што, пак, се умножува гревот, благодатта се јавува во голема изобилност
Читаш ли зошто е даден законот-библијата,да се умножува гревот,за оние кој ќе излезат од него бидат во изобилност.Исто така, приврзаниците на законот-библијата не се наследници,бидејќи верата ја немаат и ветувањето(за негово второ доаѓање-да разбереш подобро) го уништуваат.
Уште еден класичен пример, кога некој толкува самоглаво без консултација со Црквата, буквално се лута, прескокнува, вади од контекст и што ли не... Не си свесен колку не си свесен за штетите од индивидуализмот.
Убаво те прашав.Ти не знаеш како да веруваш во Исус!?
Што подразбираш да веруваш во Исус, како го изразуваш тоа?
Што има врска тоа со моето знаење, верување?!
Едноставно одговори го прашањето, ако не од вера од хуманост, емпатија, култура кон другите.